Горе лево: Marek M. Berezowski/Anadolu Agency via Getty Images; долу лево: Halfpoint Images/Moment via Getty Images; во средина: Zhai Yujia/China News Service/VCG via Getty Images; горе десно: Ismail Sen/Anadolu Agency via Getty Images; долу десно: E+/taseffski/via Getty Images
БИДЕТЕ БУДНИ!
2023: Година на загриженост — што вели Библијата?
Во текот на 2023 година, настаните во светот беа непобитен доказ дека живееме во периодот што Библијата го нарекува „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). Да видиме како сето ова што се случува околу нас одговара на она што Библијата го прорекува за нашево време.
Библијата и светските настани
„Ќе чуете за војни на разни места“ (Матеј 24:6).
„Во сѐ повеќе делови од светот се разгоруваат насилни конфликти.“a
Види ги статиите „Кој ќе ги заштити цивилите?“ и „Глобалните трошоци за воени цели надминаа два билиони долари“.
„Ќе има земјотреси на разни места“ (Марко 13:8).
„Од почетокот на 2023, во светот имаше 13 земјотреси со јачина над седум степени, најголем број откако се води евиденција.“b
Види ја статијата „Разорни земјотреси ги погодија Турција и Сирија“.
„Ќе има стравотии“ (Лука 21:11).
„Заврши ерата на глобално затоплување; сега влеговме во ерата на глобално вриење“ (Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН).c
Види ја статијата „Глобален топлотен бран 2023“.
„Ќе има глад“ (Матеј 24:7).
„2023: Уште една година на неизвесност за оние што се борат да си го прехранат семејството.“d
Види ја статијата „Глобална криза со храна предизвикана од војна и од климатски промени“.
„Ќе настанат особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1).
„Секој осми човек во светот има проблеми со менталното здравје.“e
Види ја статијата „Проблемите со менталното здравје кај тинејџерите во голем пораст“.
Што може да очекуваме во 2024?
Никој не може со сигурност да каже што ќе ни донесе 2024 година. Но, настаните во светот укажуваат на тоа дека наскоро Божјето Царство, односно една небесна влада, ќе ги замени сите човечки влади и ќе им стави крај на сите страдања и грижи (Даниел 2:44; Откровение 21:4).
А дотогаш, кога ќе нѐ обземат грижи, може да бараме помош од Бог. Во Библијата пишува:
„Во денот кога ќе се исплашам, во тебе ќе имам доверба“ (Псалм 56:3).
Како ќе покажеме дека имаме доверба во Бог? Те поттикнуваме да дознаеш нешто повеќе во врска со ветувањата на Бог за една подобра иднина без страдања. Пробај го нашиот бесплатен интерактивен библиски курс за да видиш како библиските ветувања може да ти користат тебе и на твоето семејство.
a Foreign Affairs: „Светот во војна: Што стои зад сѐ повеќето насилни конфликти во светот?“ (Ема Билс и Питер Селисбури, 30 октомври 2023).
b Earthquake News: „2023 година: Бројот на разорни земјотреси се заканува да ги надмине сите рекорди“ (мај 2023).
c Обединети нации: „Воведни зборови на генералниот секретар на прес-конференцијата за климатската криза“ (27 јули 2023).
d Светска програма за храна: „Глобална криза со храна“.
e Светска здравствена организација: „Светски ден на менталното здравје“ (10 октомври 2023).