Mary_Ukraine/stock.adobe.com
БИДЕТЕ БУДНИ!
Народот губи доверба во политичарите — што вели Библијата?
Во 2024 година ќе има рекорден број политички избори низ целиот свет. Сепак, многу луѓе губат доверба во политичарите.
Поголемиот број Американци кои биле анкетирани рекле дека „повеќето политичари се водени од себични причини“ наместо од желба да му служат на народотa (Pew Research Center, 19 септември 2023).
И многу од младите немаат доверба во политичарите.
„На тинејџерите честопати им е важно изнаоѓањето решенија за некои важни проблеми, но во анкетите тие велат дека политичарите не наоѓаат такви решенија“ (The New York Times, 29 јануари 2024).
„Според една анкета, младите повеќе им веруваат на јутјуберите отколку на политичарите“ (The Korea Times, 22 јануари 2024).
Можеме ли да веруваме дека политичарите ќе донесат подобра иднина? Во кого можеме да имаме доверба?
Внимавај во кого имаш доверба
Луѓето треба да внимаваат кому му веруваат. Библијата вели дека „лековерниот верува на секој збор, а паметниот внимава на своите чекори“ (Изреки 14:15).
За да најдеш корисни предлози за тоа како да процениш кои информации се точни, а кои не, прочитај ја статијата „Заштити се од дезинформации“.
Освен тоа, дури и најчесните и добронамерните политичари не можат да направат сѐ што би сакале. Затоа Библијата нѐ предупредува:
„Вашата вера да не биде во владетели, во смртници кои не можат да бидат спасители“ (Псалм 146:3, Радосна Вест).
Владетел во кого можеш да имаш доверба
Библијата вели дека Бог поставил водач кој е потполно способен и во кого можеме да имаме доверба: Исус Христос (Лука 1:32, 33). Исус е Цар на Божјето Царство, влада која владее од небото (Матеј 6:10).
Дознај зошто можеш да имаш доверба во Исус и како тој ќе ги реши проблемите со кои се соочуваме. Прочитај ги статиите „Кој е Царот на Божјето Царство?“ и „Што ќе постигне Божјето Царство?“
a Pew Research Center, “Americans’ Dismal Views of the Nation’s Politics”, септември 2023.