ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 111
  • Што вели Библијата за нуклеарна војна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за нуклеарна војна?
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Библијата предвидува нуклеарна војна?
  • Дали Бог ќе дозволи нуклеарна војна?
  • Ќе опстане ли планетата Земја?
  • Како да се справиш со „нуклеарна анксиозност“?
  • Дали Армагедон е нуклеарна војна?
  • Кое е библиското решение за војните?
  • Нуклеарна војна — кој претставува закана?
    Разбудете се! 2004
  • Нуклеарната закана — воопшто не е завршена
    Разбудете се! 1999
  • Крај на нуклеарната закана?
    Разбудете се! 1999
  • Нуклеарна војна — дали сѐ уште се заканува?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разно
mrt статија 111
На Земјата се гледаат огнени нуклеарни облаци кои наликуваат на печурки, гледано од вселената.

Што вели Библијата за нуклеарна војна?

Светот се соочува со закана од нуклеарна војна бидејќи светските сили насобираат сѐ повеќе нуклеарно оружје. Луѓето со право се загрижени бидејќи колку повеќе нуклеарно оружје постои, толку поголема е опасноста од нуклеарна војна. Постои и стравот дека ако една земја употреби дури и нуклеарно оружје од мали размери, тоа ќе предизвика нуклеарна војна од огромни размери која ќе го уништи светот. Списанието Bulletin of the Atomic Scientists наведува дека ние живееме со „постојана опасност од нуклеарна војна“.

Можно ли е да започне нуклеарна војна? Ако да, дали нашата планета ќе опстане? И како да се справиме со загриженоста дека може да дојде до нуклеарна војна? Што вели Библијата?

Во оваа статија

  • Дали Библијата предвидува нуклеарна војна?

  • Дали Бог ќе дозволи нуклеарна војна?

  • Ќе опстане ли планетата Земја?

  • Како да се справиш со „нуклеарна анксиозност“?

  • Дали Армагедон е нуклеарна војна?

  • Кое е библиското решение за војните?

  • Дали библиската книга Откровение зборува за нуклеарна војна?

Дали Библијата предвидува нуклеарна војна?

Библијата конкретно не спомнува нуклеарна војна. Сепак, заканата од нуклеарна војна е последица на ставовите и настаните кои Библијата ги прорекла.

Да видиме како следниве библиски стихови се поврзани со она што се случува во светот денес:

Библиски стихови: Учениците го прашале Исус: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?“ Исус одговорил: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство“ (Матеј 24:3, 7).

Светски настани: Државите, вклучително и оние кои располагаат со нуклеарни капацитети, сѐ повеќе прибегнуваат кон вооружени конфликти.

„Во последниве години, светот станува сѐ понасилен; стапката на конфликти се зголемува“ (Проект за лоцирање на вооружени конфликти и податоци за настани [ACLED]).

Библиски стих: „Во времето на крајот, царот на југот ќе се препира со [царот на северот]“ (Даниел 11:40).

Светски настани: Спротивставени народи и нивните сојузници се препираат, односно се натпреваруваат за превласт, како што прорекла Библијата. Иако денешните најголеми нуклеарни сили директно не се напаѓаат една со друга, тие и понатаму ги зголемуваат капацитетите на своите нуклеарни оружја.

„Во последните десет години, сведоци сме на зголемен број конфликти меѓу државите, во што спаѓаат и случаи каде што главните сили поддржуваат спротивставени страни“ (Програма на Упсала за податоци за конфликти [UCDP]).

Библиски стихови: „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат... неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови“ (2. Тимотеј 3:1-3).

Светски настани: Како многу луѓе денес, и светските водачи честопати не се согласуваат еден со друг. И наместо на мирен начин да најдат решение за нивните разлики, некои се обидуваат да ги решат конфликтите со помош на закани или сила. Таквите постапки ја подгреваат заканата од нуклеарна војна.

„Ако не се изнајде практичен пристап за да се зајакне соработката, конфликтите ќе стануваат сѐ подеструктивни“ (С. Саран и Џ. Харман, Светски економски форум).

Дали Бог ќе дозволи нуклеарна војна?

Библијата не кажува. Но таа вели дека во наше време ќе има „стравотии“, односно застрашувачки настани (Лука 21:11). Еден пример за тоа е фрлањето на атомски бомби во текот на Втората светска војна. Библијата објаснува зошто Бог ги дозволува војните. За да дознаеш повеќе, гледај го видеоклипот Зошто Бог ги дозволува страдањата?

Ќе опстане ли планетата Земја?

Да. Дури и ако човекот повторно употреби нуклеарно оружје, Бог нема да дозволи ситуацијата да ескалира до степен на глобално уништување. Библијата ни открива дека нашата планета не само што нема да биде уништена туку и дека ќе им биде дом на луѓето засекогаш.

„Земјата останува засекогаш“ (Проповедник 1:4).

„Бог, оној што ја обликува и ја направи земјата... не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена“ (Исаија 45:18).

Некои мислат дека во иднина планетата Земја ќе биде населена од малку луѓе кои ќе се мачат да преживеат во опустошена земја, загадена од нуклеарен отпад. Меѓутоа, Библијата укажува на тоа дека секоја штета на Земјата предизвикана од војна, ќе биде потполно поправена.

„Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“ (Исаија 35:1).

Насмеани луѓе заедно работат во рајски услови на Земјата.

Бог сака да бидеме среќни и да живееме во прекрасни услови на Земјата

Нашиот Творец ја создал Земјата со неверојатна способност самата да се обновува. Освен тоа, Бог ќе ја употреби својата моќ за да ја обнови Земјата; таа засекогаш ќе служи како прекрасен дом за луѓето (Псалм 37:11, 29; Откровение 21:5).

Како да се справиш со „нуклеарна анксиозност“?

Некои луѓе можеби страдаат од „нуклеарна анксиозност“, што се дефинира како „страв од нуклеарна војна и од нејзините последици“. Библиските ветувања и совети можат да им помогнат на овие лица да ги намалат таквите стравови. Како?

Библијата кажува дека на Земјата и на оние што живеат на неа им претстои прекрасна иднина. Тоа што ќе дознаеме нешто повеќе за оваа надеж, која во Библијата е споредена со котва, може да ни ја намали загриженоста (Евреите 6:19). Исто така, можеме да ја намалиме анксиозноста така што ќе живееме од ден за ден и нема премногу да размислуваме што сѐ може да се случи во иднина. Како што рекол Исус, „на секој ден му е доволно неговото зло“ (Матеј 6:34).

Всушност, важно е секој да се грижи за своето ментално и емоционално здравје. Тоа може да го правиме така што нема непотребно да се изложуваме на информации кои во нас предизвикуваат загриженост, како на пример дискусии, предвидувања и мислења во врска со најновите нуклеарни случувања. Но тоа не значи дека не сме свесни за реалноста. Напротив, правиме сѐ што можеме за да не размислуваме премногу за настани врз кои немаме никаква контрола и кои можеби никогаш нема да се случат.

„Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (Изреки 12:25).

Барем некое време избегнувај лоши вести и концентрирај се на позитивните работи во твојот живот.

„Бог, кој дава надеж, нека ве исполни со секоја радост и мир затоа што верувате“ (Римјаните 15:13).

Слики: Еден човек гледа напред со доверба. 1. Зад него се гледаат сцени од војна: воен авион, нуклеарни ракети и огнен облак во форма на печурка. 2. Пред него се гледа исчистена земја со планини, зелени долини, река што тече и птици.

Библијата дава сигурна надеж за подобра иднина

Тоа што ќе дознаеш нешто повеќе за Божјите ветувања може да ти даде надеж, радост и внатрешен мир.

Дали Армагедон е нуклеарна војна?

Некои мислат дека Армагедон е глобална нуклеарна војна која ќе има катастрофални последици.

Но во Библијата, зборот „Армагедон“ се однесува на војна помеѓу Бог и „царевите од целиот свет“, односно човечките владиa (Откровение 16:14, 16). Во Армагедон нема да настрадаат невини луѓе, како што би било случај во една нуклеарна катастрофа. Наместо тоа, во Армагедон Бог ќе ги уништи само злобните, што ќе овозможи да настапи вистински мир и сигурност (Псалм 37:9, 10; Исаија 32:17, 18; Матеј 6:10).

Кое е библиското решение за војните?

„Ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“ (Псалм 46:9).

Јеховаb Бог ќе покаже дека има моќ над завојуваните народи така што ќе им стави крај на нивните конфликти и ќе го уништи нивното оружје. Тоа ќе го направи преку неговото Царство — небесна влада која ќе преземе власт над целата Земја (Даниел 2:44).

Под власта на Божјето Царство луѓето ќе научат да живеат во мир и единство. Бидејќи ќе има само една влада над целата Земја, повеќе нема да има меѓународни конфликти; луѓето повеќе нема да се учат да војуваат (Михеј 4:1-3). Еве како Библијата го опишува тоа време: „Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши“ (Михеј 4:4, Превод на д-р Д. Х. Константинов).

a Види ја статијата „Што е Армагедон?“

b Јехова е името на Бог (Псалм 83:18). Види ја статијата „Кој е Јехова?“

Дали библиската книга Откровение зборува за нуклеарна војна?

Некои сметаат дека книгата Откровение укажува на уништување предизвикано од нуклеарна катастрофа (Откровение 6:14; 8:7-12; 16:1-21). На пример, се спомнува оган кој се спушта од небото на Земјата (Откровение 13:11-13). Јеховините сведоци сфаќаат дека ова не се однесува на нуклеарна војна од светски размери туку на употребата на атомски бомби во текот на Втората светска војна.

Иако книгата Откровение укажува на овие настани, нејзината цел не е да ги опише овие застрашувачки настани во детали. Кога ја читаш книгата Откровение, имај го на ум следново:

  • Книгата користи многу знаци, односно симболи, кои не треба да се сфатат дословно (Откровение 1:1).

  • Книгата нема за цел да ги преплаши читателите. Напротив, нејзината порака им носи радост на оние што ја разбираат и применуваат (Откровение 1:3).

За повеќе информации, види ја статијата „Можеме ли да ја разбереме библиската книга Откровение?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели