БИДЕТЕ БУДНИ!
Како да бидеш среќен во несигурни времиња — што вели Библијата?
Во овие несигурни времиња, немаме контрола врз многу работи што ни се случуваат. Но нашата среќа честопати повеќе зависи од нашиот став отколку од нашите околности. Библијата ни кажува дека и покрај проблемите со кои се соочува, оној што има весело срце секогаш ужива во животот (Изреки 15:15). Што можеме да правиме за да бидеме посреќни? Еве како советите од Библијата можат да ни помогнат.
Справи се со загриженоста
Библијата вели: „Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (Изреки 12:25).
Библијата може да ти помогне да се справиш со претераната загриженост. За да дознаеш како, прочитај ја статијата „Што вели Библијата за загриженоста“.
Справи се со осаменоста
Библијата вели: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).
Во Библијата има совети кои можат да ти помогнат да се справиш со осаменоста така што ќе си ги зајакнуваш пријателствата. Прочитај ја статијата „Победи ја осаменоста со пријателства — како може да помогне Библијата“.
Развивај љубов кон Бог и кон другите
Библијата вели: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум... Сакај го својот ближен како себеси“a (Матеј 22:37-39).
Молитвата може да помогне нашата љубов кон Бог да расте. За да дознаеш повеќе, прочитај ја статијата „Дали Бог ги слуша нашите молитви?“
Покажуваме дека ги сакаме другите така што го применуваме она што се нарекува Златното правило. Дознај повеќе во статијата „Шта је златно правило?“
Би сакал ли да дознаеш нешто повеќе за тоа како Библијата може да ти помогне да бидеш среќен во овие несигурни времиња? Пробај го нашиот бесплатен интерактивен библиски курс.
a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).