ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwfq статија 63
  • Дали Јеховините сведоци се против вакцинирање?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Јеховините сведоци се против вакцинирање?
  • Најчесто поставувани прашања
  • Сличен материјал
  • Дали Јеховините сведоци прифаќаат медицинска помош?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Вашиот избор на лекување — дали е важен?
    Разбудете се! 2001
  • Дали Јеховините сведоци одат на лекар?
    Најчесто поставувани прашања
  • Уште сега подготви се за итна медицинска интервенција
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
Најчесто поставувани прашања
ijwfq статија 63
Прибор за вакцинирање.

Дали Јеховините сведоци се против вакцинирање?

Не. Јеховините сведоци не се против вакцинирање. Ние сметаме дека тоа е лична одлука која треба да ја донесе секој поединечно. Многу Јеховини сведоци одлучија да се вакцинираат.

Ние сакаме квалитетна медицинска нега и го цениме големиот напредок во медицината со кој се намалува ризикот од сериозни болести. Благодарни сме за самопожртвуваноста и посветеноста на здравствените работници, особено во кризни времиња.

Јеховините сведоци соработуваат со службите на јавното здравство. На пример, од самиот почеток на пандемијата со коронавирусот (COVID-19), Јеховините сведоци преку својата интернет-страница, која е достапна на стотици јазици, редовно им даваат потсетувања на луѓето да се држат за мерките на претпазливост кои ги препорачуваат локалните власти. Во нив се нагласува колку е важно да се држи физичка дистанца и да се почитуваат упатствата во врска со јавните собири, карантинот, миењето на рацете и носењето заштитни маски, како и другите практични мерки што ги бараат или препорачуваат властите (Римјаните 13:1, 2).

Веќе со децении, во публикациите на Јеховините сведоци се истакнуваат следните библиски начела:

  • Одлуките поврзани со лекувањето се лична работа (Галатите 6:5).

    „[Ова списание] не се залага за некој посебен начин на лекување и не нуди медицински совети. Тоа само ги изнесува фактите и му препушта на читателот самиот да донесе одлука“ (Разбудете се! од 8 февруари 1987, англиско издание).

    „Дали вие и вашите деца ќе се вакцинирате е лична одлука која треба самите да ја донесете“ (Разбудете се! од 22 август 1965, англиско издание).

  • Ние бараме медицинска помош бидејќи многу го цениме животот (Дела 17:28).

    „Кога имаат здравствени проблеми, Јеховините сведоци бараат стручна медицинска помош. Тие го ценат животот и сакаат да направат сѐ што е можно во разумна мера и што е во склад со библиските начела за да живеат подолго“ (Стражарска кула од 1 јули 1975, англиско издание).

    „Јеховините сведоци немаат ништо против медицината и лекувањето. Тие сакаат да имаат добро здравје и долг живот. Всушност, некои Јеховини сведоци по професија се лекари, како што бил и Лука, христијанин од првиот век... Јеховините сведоци многу ги ценат трудот и посветеноста на медицинските лица. Исто така, благодарни им се на лекарите за она што го прават за болните“ (Стражарска кула од 1 февруари 2011).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели