ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 92
  • Како да ја препознаеме вистинската религија?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја препознаеме вистинската религија?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Религија
    Разбудете се! 2014
  • Дали си ја пронашол вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Да се врши чистата религија заради преживување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Како да ја препознаеш вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 92
Човек на крстопат

Како да ја препознаеме вистинската религија?

Што вели Библијата:

Во врска со разликата помеѓу припадниците на вистинската религија и припадниците на останатите религии, Библијата вели: „По нивните плодови ќе ги препознаете. Зарем се бере грозје од трње или смокви од чичка?“ (Матеј 7:16). Како што лозницата и трнот се разликуваат по нивниот плод, така и вистинската религија се разликува од лажната по своите плодови, односно по следниве карактеристики:

  1. Вистинската религија се држи за вистината од Божјата Реч, Библијата. Таа не се темели на човечки учења (Јован 4:24; 17:17). Во оваа вистина спаѓаат учењето за душата и надежта за вечен живот во рај на Земјата (Псалм 37:29; Исаија 35:5, 6; Езекиел 18:4). Исто така, вистинската религија не се плаши да ги разоткрие лажните верски учења (Матеј 15:9; 23:27, 28).

  2. Вистинската религија им помага на луѓето да го запознаат Бог, меѓу другото, да го дознаат и неговото име, Јехова (Псалм 83:18; Исаија 42:8; Јован 17:3, 6). Таа не учи дека е невозможно да го запознаеме Бог или дека тој е премногу далечен. Напротив, поучува дека тој сака да бидеме блиски со него (Јаков 4:8).

  3. Вистинската религија учи дека Исус Христос е оној преку кого Бог ќе нѐ спаси (Дела 4:10, 12). Нејзините припадници ги држат заповедите на Исус и се трудат да го следат неговиот пример (Јован 13:15; 15:14).

  4. Вистинската религија учи дека единствена надеж за човештвото е Божјето Царство. Нејзините припадници им кажуваат и на другите за тоа Царство (Матеј 10:7; 24:14).

  5. Вистинската религија поттикнува на несебична љубов (Јован 13:35). Таа ги поучува луѓето да ги почитуваат сите етнички групи и меѓу нејзините припадници има луѓе од сите раси, култури, јазици и со најразлично потекло (Дела 10:34, 35). Од љубов, тие не учествуваат во војни (Михеј 4:3; 1. Јованово 3:11, 12).

  6. Во вистинската религија нема платено свештенство и нема звучни верски титули (Матеј 23:8-12; 1. Петрово 5:2, 3).

  7. Вистинската религија воопшто не се меша во политика (Јован 17:16; 18:36). Меѓутоа, нејзините припадници ги почитуваат и им се послушни на властите во земјата каде што живеат, во склад со библиската заповед: „Вратете му го цезаревото на цезарот [односно на световните власти], а Божјето на Бог“ (Марко 12:17; Римјаните 13:1, 2).

  8. Вистинската религија е начин на живот, а не само формалност или следење обичаи. Нејзините припадници се држат за високите библиски мерила во секој аспект од животот (Ефешаните 5:3-5; 1. Јованово 3:18). Сепак, тие не се крути, туку со радост му служат на „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11).

  9. Припадниците на вистинската религија ќе бидат малобројни во однос на другите религии (Матеј 7:13, 14). Тие честопати се презирани, исмејувани и прогонувани затоа што ја вршат Божјата волја (Матеј 5:10-12).

Вистинската религија не се одредува само по тоа дали ни се допаѓа

Опасно е да ја бираме религијата само по тоа дали ни се допаѓа или не. Библијата прорекла дека ќе дојде време кога луѓето „ќе си насоберат [верски] учители, кои ќе им го зборуваат она што им годи на ушите“ (2. Тимотеј 4:3). Од друга страна, Библијата нѐ поттикнува да живееме според „религијата која е чиста и неизвалкана пред нашиот Бог и Татко“, дури и ако таа религија не е омилена кај другите (Јаков 1:27, фуснота; Јован 15:18, 19).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели