ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 44
  • Дали оралниот секс навистина е секс?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали оралниот секс навистина е секс?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што мислиш?
  • Што велат фактите?
  • Зошто е важно да ги знаеш фактите?
  • Како да го објаснам мојот став за сексот?
    Младите прашуваат
  • Разговарај со своите деца за сексот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Завети за апстиненција?
    Разбудете се! 2007
  • Што да правам ако некој ме наговара на секс?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 44
Силуета на едно момче и една девојка

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Дали оралниот секс навистина е секс?

Според американскиот центар за контрола и превенција на болести, околу половина од испитаниците од 15 до 19 години имале орален секс. „Ако разговараш со тинејџери за орален секс, тие ќе ти кажат дека тоа не е ништо страшно“, вели Шарлин Ејзам, автор на книгата Oral Sex Is the New Goodnight Kiss. Таа додава: „Всушност, тие не го ни сметаат тоа за секс“.

  • Што мислиш?

  • Што велат фактите?

  • Зошто е важно да ги знаеш фактите?

Што мислиш?

Одговори на следниве прашања со да или не.

  1. Дали една девојка може да забремени преку орален секс?

    1. А. Да

    2. Б. Не

  2. Дали оралниот секс носи здравствени ризици?

    1. А. Да

    2. Б. Не

  3. Дали оралниот секс навистина е секс?

    1. А. Да

    2. Б. Не

Што велат фактите?

Спореди ги твоите одговори со одговорите што се наведени подолу.

  1. Дали една девојка може да забремени преку орален секс?

    Одговор: Не. Токму од таа причина многумина доаѓаат до погрешен заклучок дека оралниот секс е безопасен.

  2. Дали оралниот секс носи здравствени ризици?

    Одговор: Да. Едно лице кое има орален секс може да се зарази со хепатитис (А или Б), генитални брадавици, гонореја, херпес, ХИВ и сифилис.

  3. Дали оралниот секс навистина е секс?

    Одговор: Да. Во секс спаѓа секоја постапка во која се вклучени половите органи на некое друго лице, како на пример сексуалниот однос, оралниот секс, аналниот секс и допирање на половите органи на друго лице за постигнување сексуално задоволство.

Зошто е важно да ги знаеш фактите?

Да разгледаме неколку библиски стихови кои може да се применат на оваа тема.

Библијата вели: „Божја волја е... да се воздржувате од блуд“ (1. Солуњаните 4:3).

Зборот кој од изворниот јазик е преведен со „блуд“ се однесува на сите видови сексуални активности меѓу лица кои не се во брак еден со друг — вклучувајќи ги сексуалниот однос, оралниот секс, аналниот секс и допирање на половите органи на друго лице за постигнување сексуално задоволство. Едно лице кое се впушта во блуд, односно во сексуален неморал, може да си нанесе сериозни последици. А најлошо од сѐ е тоа што ќе си го расипе пријателството со Бог.

Библијата вели: „Кој прави блуд, греши против своето сопствено тело“ (1. Коринќаните 6:18)

Оралниот секс може да им наштети на твоето физичко здравје и на твоето пријателство со Бог. А може да ти предизвика и емоционална болка. Во книгата Talking Sex With Your Kids пишува: „Каењето, чувството дека си искористен и повреден не се јавуваат само по вагиналниот секс. Сите негативни емоции кои можат да се појават кога едно лице ќе се впушти во овој облик на секс во погрешна ситуација може да се појават и кога ќе се впушти во кој и да било друг облик на секс во погрешна ситуација. Секс е секс“.

Библијата вели: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро“ (Исаија 48:17).

Дали сметаш дека Божјите мерила во врска со сексот се за твое добро или сметаш дека премногу те ограничуваат? За да одговориш на ова прашање, замисли си еден прометен пат на кој има знаци за ограничување на брзината, семафори и знак стоп. Дали гледаш на овие знаци како на заштита или како на ограничување? Што ќе се случи ако ти и другите возачи ги игнорирате?

Еден возач игнорира еден сообраќаен знак и вози во спротивна насока, од која наидува автомобил

Сообраќајните правила ја ограничуваат твојата слобода, но те штитат. Слично на тоа, Божјите мерила те ограничуваат, но те штитат

Слично е и со Божјите мерила. Ако ги игнорираш, сигурно ќе го пожнееш она што си го посеал (Галатите 6:7). „Колку повеќе одиш против своите верувања и вредности и се впушташ во активности за кои сметаш дека не се исправни, толку помала самопочит ќе имаш“, стои во книгата Sex Smart. Од друга страна, ако живееш според Божјите мерила, ќе покажеш дека си личност што има добри вредности и цврст карактер. Што е уште поважно, ќе зачуваш чиста совест (1. Петрово 3:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели