ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 140
  • Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата
  • Дали Јеховините сведоци веруваат дека само тие ќе се спасат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Што мораме да правиме за да бидеме спасени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали учењето „еднаш спасен, засекогаш спасен“ е во склад со Библијата?
    Одговор на библиски прашања
  • Спасение — што навистина значи тоа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 140
Исус е опкружен со луѓе од различни раси

Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?

Што вели Библијата

Исус станал Спасител за сите верни луѓе кога го дал својот живот како откупнина (Матеј 20:28). Затоа во Библијата за него се вели дека е „Спасител на светот“ (1. Јованово 4:14). Исто така, во неа пишува: „Во никој друг нема спасение, зашто нема друго име под небото дадено на луѓето преку кое можеме да се спасиме“ (Дела 4:12).

Исус умрел за секој што покажува вера во него (Јован 3:16; Евреите 2:9). Откако Бог го подигнал од мртвите, тој се вратил како духовно суштество на небото (Дела 3:15). Затоа, Исус „може во потполност да ги спаси оние што преку него му пристапуваат на Бог, бидејќи секогаш е жив за да се зазема за нив“ (Евреите 7:25).

Зошто е потребно Исус да се зазема за нас?

Сите ние сме грешни (Римјаните 3:23). Поради гревот постои јаз помеѓу нас и Бог, и поради гревот умираме (Римјаните 6:23). Но, Исус е „Застапник“ за оние што покажуваат вера во неговата откупна жртва (1. Јованово 2:1, Превод на МПЦ). Тој се зазема за нив така што го моли Бог да ги слушне нивните молитви и да им ги прости гревовите на темел на откупната жртва (Матеј 1:21; Римјаните 8:34). Бог ги услишува молбите на Исус затоа што се во склад со неговата волја. Тој го испратил Исус да дојде на Земјата за „светот да се спаси преку него“ (Јован 3:17).

Дали е доволно само да веруваме во Исус за да бидеме спасени?

Не. Иако мора да веруваме во Исус за да бидеме спасени, тоа не е доволно (Дела 16:30, 31). Библијата вели: „Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“ (Јаков 2:26). За да бидеме спасени, мора да ги правиме следниве работи:

  • Да учиме за Исус и за неговиот Татко, Јехова (Јован 17:3).

  • Да стекнеме цврста вера во нив (Јован 12:44; 14:1).

  • Да ја покажеме нашата вера така што ќе бидеме послушни на нивните заповеди (Лука 6:46; 1. Јованово 2:17). Според Матеј 7:21, Исус рекол дека нема да се спаси секој што го нарекува „Господару“, туку само „оној што ја врши волјата на [неговиот] Татко, кој е на небесата“.

  • Истрајно да покажуваме вера и во тешки околности. Ова јасно се гледа од зборовите на Исус: „Кој ќе истрае до крајот, тој ќе биде спасен“ (Матеј 24:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели