ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbv статија 9
  • Исаија 42:8: „Јас сум Господ“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исаија 42:8: „Јас сум Господ“
  • Објаснети библиски стихови
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Значењето на Исаија 42:8
  • Контекстот на Исаија 42:8
  • Исаија 42:8 во други преводи на Библијата
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
  • Колку имиња има Бог?
    Одговор на библиски прашања
  • Значењето и употребата на Божјето име
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали Бог има име?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Објаснети библиски стихови
ijwbv статија 9

ОБЈАСНЕТИ БИБЛИСКИ СТИХОВИ

Исаија 42:8: „Јас сум Господ“

„Јас сум Јехова. Тоа е моето име, и никому нема да му ја дадам својата слава, ниту на режаните ликови својата фалба“ (Исаија 42:8, Превод Нов свет).

„Јас сум Господ; тоа е Моето име; и нема да ја дадам славата Своја на друг, ниту честа Своја на излејаните идоли“ (Исаија 42:8, Превод на Санде Тодоровски).

Значењето на Исаија 42:8

Бог ни го кажува своето име, а ни кажува и дека нема да ја дели својата слава или својата чест со идоли.

Бог сам си го дал своето име, кое на македонски најчесто се преведува како „Јехова“a (2. Мојсеева 3:14, 15). Иако Божјето име се појавува речиси 7.000 пати во Стариот завет (списите напишани на хебрејски и на арамејски јазик), во многу преводи тоа е заменето со титулата Господ. Еден пример за тоа е Псалм 110:1, во кој пророчки се зборува и за Јехова и за Исус. Во Преводот на МПЦ читаме: „Му рече Господ [Јехова] на мојот Господ [Исус]“ (Дела 2:34-36). За да нема никаква забуна за двете личности за кои се користи зборот Господ, во Преводот Нов свет Божјето име се користи на соодветното место. Во овој превод стихот гласи вака: „Јехова му рече на мојот Господар: ’Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели за подножје на твоите нозе!‘“

Според голем број изучувачи, Божјето име значи „оној што предизвикува да стане“. Ова име може да го носи само вистинскиот Бог зашто единствено тој може да предизвика тој самиот или неговите творби да станат сѐ што е потребно за да се исполни неговата намера.

Како наш Творец и единствениот вистински Бог, Јехова заслужува да му бидеме оддадени само нему. Никој и ништо друго не заслужува да го обожаваме, а во тоа спаѓаат и идолите и режаните ликови (2. Мојсеева 20:2-6; 34:14; 1. Јованово 5:21).

Контекстот на Исаија 42:8

Во првите стихови од 42. поглавје од Исаија, Јехова прорекол што ќе направи неговиот „избраник“, неговиот слуга кој му е по волја. Бог рекол дека тој „ќе им донесе правда на народите“ (Исаија 42:1). Во врска со ова ветување, Бог го кажал следново: „Сега ви навестувам нешто ново. Пред да се збидне, јас ви го објавувам“ (Исаија 42:9). Пророштвото за избраникот се збиднало, односно се исполнило, векови подоцна кога Месијата, или Христос, пристигнал и ја извршил својата служба на Земјата (Матеј 3:16, 17; 12:15-21).

Исаија 42:8 во други преводи на Библијата

„Јас сум Јахве, тоа е Моето име, и нема да ја дадам славата Своја на друг, ниту честа Своја на идоли“ (Превод на МПЦ).

a Божјето име на хебрејски се состои од четири согласки кои на македонски обично се пишуваат ЈХВХ. Во некои преводи на македонски јазик, Божјето име е преведено како „Јахве“. За повеќе информации, види во поглавје 1, со наслов „Божјето име во хебрејските списи“, во брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч.

Прочитај го поглавје 42 од Исаија со фуснотите и паралелните стихови.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели