ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • hdu статија 30
  • Одржување на нашите сали за состаноци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одржување на нашите сали за состаноци
  • Како се користат вашите прилози
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како е организирано одржувањето?
  • Како се покриваат трошоците
  • Поголеми проекти за одржување
  • Одржување што му носи слава на Јехова
  • Како можеш да помогнеш?
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Се грижиме за нашите сали
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
Повеќе
Како се користат вашите прилози
hdu статија 30
Еден брат стои на скеле и ги чисти лисјата од олукот на една сала за состаноци.

КАКО СЕ КОРИСТАТ ВАШИТЕ ПРИЛОЗИ

Одржување на нашите сали за состаноци

1 АПРИЛ 2024

„Многу ја сакам нашата сала за состаноци“, вели Никол, една млада сестра во Колумбија. „Тоа е место каде што можам да бидам со моето духовно семејство.“ Дали и ти се чувствуваш на сличен начин?

Ширум светот, Јеховините сведоци се состануваат во околу 63.000 сали за состаноци. Тоа се удобни објекти во кои можеме да го обожаваме Бог. Но, тоа не е сѐ. Еден општ пионер од Колумбија по име Давид вели: „Нашата сала за состаноци ја прави пораката што ја проповедаме уште попривлечна. Многумина се изненадени кога ќе видат во колку добра состојба е нашата сала“. Тоа не е случајно. Ние вложуваме голем труд за да ги чистиме и одржуваме нашите сали за состаноци. Како го правиме тоа?

Како е организирано одржувањето?

Собранијата што користат некоја сала за состаноци се одговорни и за нејзиното одржување. Затоа, браќата и сестрите редовно ја чистат нивната сала. Исто така, тие преземаат превентивни мерки за да спречат можни оштетувања и вршат помали поправки.

За да им помогне на собранијата да ги одржуваат нивните сали за состаноци, Локалниот оддел за проектирање и изградба доделува браќа кои ќе служат како инструктори за одржување. Секој инструктор се грижи за околу шест до десет сали. Тој ги посетува и ги обучува објавителите во собранијата како да се грижат за нивната сала. На секои три години, тој прави проценка на секој објект за да види колку е безбеден и дали треба нешто да се поправи.

Еден инструктор за одржување разговара со браќа и сестри во една сала за состаноци.

Сите ние можеме да помогнеме околу грижата за нашите сали за состаноци

Нашите браќа и сестри се многу благодарни за обуката што ја добиваат од инструкторите за одржување. Индумади, една сестра од Индија, вели: „Обуката беше прекрасна. Уживав додека учев како да ја одржувам нашата сала во добра состојба“. Еванс, еден брат од Кенија, вели: „Научивме како да заштедиме многу пари така што ќе ги решаваме помалите проблеми пред да станат поголеми“.

Како се покриваат трошоците

Годишните трошоци за користење и одржување на една сала за состаноци можат да се движат од стотици до илјадници долари,a во зависност од тоа каде се наоѓа салата, колку долго се употребува и колку собранија ја користат. Како се покриваат овие трошоци?

Одржувањето на салите за состаноци се финансира со доброволни прилози. Александар, еден брат од Казахстан, објаснува: „Дел од парите се користи за интернет и за други сметки, како на пример за вода и струја. Друг дел од парите се користи за потрошен материјал, како на пример за хартија за бришење раце, ракавици, средства за чистење и средства за бојадисување“. Парите што ќе останат се донираат за меѓународното дело за да се помогне со поголеми и поскапи проекти за одржување низ светот.

Поголеми проекти за одржување

Ако се процени дека, поради некој специфичен проблем, трошоците за одржување на салата ќе бидат поголеми од вообичаените трошоци кои се потребни за два до три месеци, старешините ќе се консултираат со инструкторот за одржување. Ако Локалниот оддел за проектирање и изградба го одобри проектот, тој обично се финансира од прилозите за меѓународното дело. За време на 2023 службена година, имаше 8.793 такви проекти кои чинеа 76.6 милиони долари. Да разгледаме два такви проекта.

Во Ангола, една сала за состаноци — стара 15 години, имала неколку проблеми. Електричната инсталација требало да се замени, ѕидовите имале пукнатини, а соседите се пожалиле дека во нивните домови се слева вода од дождот. Локалниот оддел за проектирање и изградба организирал проект за да се решат овие проблеми. Проектот чинел 9.285 долари. Соседите биле благодарни и биле воодушевени од начинот на кој била завршена работата.

Реновирана сала за состаноци во Ангола

Во Полска, покривот на една сала за состаноци прокиснувал, а теписонот бил многу оштетен. Локалниот оддел за проектирање и изградба одобрил да се поправи покривот и на него да се стави хидроизолација, а теписонот да се замени. Проектот чинел 9.757 долари. Како резултат на тоа, во оваа сала нема да има потреба од поголеми поправки во наредните неколку години.

Слики: 1. Двајца браќа се во дигалка со корпа и го чистат покривот на една сала за состаноци. 2. Во истата сала за состаноци, браќа отстрануваат стар теписон.

Реновирање на сала за состаноци во Полска

Одржување што му носи слава на Јехова

Со тоа што ги одржуваме салите не само што заштедуваме пари, туку му носиме и слава на Јехова. Шон, еден брат од Тонга, вели: „Затоа што ги одржуваме нашите сали, можеме да го обожаваме Јехова во објекти кои се чисти, уредни и функционални. Со тоа даваме добро сведоштво за нашиот Бог Јехова. Со гордост ги каниме луѓето во нашата сала за состаноци“.

Како можеш да помогнеш?

Сите ние можеме да помогнеме околу чистењето и одржувањето на салите во кои го обожаваме Јехова. Еден инструктор за одржување во Австралија по име Марино вели: „Сите ние можеме да го дадеме нашиот дел така што ќе учествуваме во одржувањето на нашите сали за состаноци, што е голема чест. Со тоа многу придонесуваме да се заштедат прилозите и да се употребат онаму каде што навистина има потреба“.

Џоел, еден брат во Индија, ужива да помага околу одржувањето на салата за состаноци. Тој вели: „Тоа што работам со моите браќа ми помага да си замислам како ќе биде во новиот свет“. Никол, која беше спомната претходно, вели: „Неодамна, помагав во салата така што го бришев подот додека браќата поправаа една пукната цевка во тоалетот. Иако јас не го решив проблемот, помогнав да не дојде до некоја несреќа“.

Ако сакаш да помагаш околу одржувањето на салата за состаноци во твоето место, зборувај со старешините од твоето собрание. Освен тоа, со твоите прилози го поддржуваш одржувањето не само на твојата сала за состаноци, туку и на други сали низ целиот свет. Можеш да дадеш прилог така што ќе оставиш пари во кутиите за доброволни прилози во салата или преку donate.jw.org. Многу ја цениме твојата дарежливост!

Браќа и сестри темелно чистат една сала за состаноци додека еден друг брат поправа една столица.

Инструкторите за одржување ни помагаат да ги одржуваме нашите сали за состаноци во добра состојба

a Сите суми во долари спомнати во оваа статија се однесуваат на американски долари.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели