Фуснота
a Иразот „бесмртна душа“ никаде не се појавува во Библијата. Зборот „бесмртност“ (грчки: атанаси́а) се појавува само три пати во Библијата и никогаш не е поврзан со душата (1. Коринтјаните 15:53, 54; 1. Тимотеј 6:16). Во публикацијата Reasoning from the Scriptures (Расудување на темел на Писмото), која е издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., на страници 275-282 (Пекол), 421-428 (Воскресение), 98-102 (Дух) и 106-110 (Душа) можете да најдете подетален преглед за тоа што се случува при смртта и за вистинската надеж за мртвите.
Дали некогаш сте се прашале? Библиските одговори
Следат некои од библиските стихови кои се наведени со прашањата на 13. страница:
1. „Го создаде Бог човекот според образот Свој, . . . машко и женско ги создаде. . . . Бог, . . . им рече: ‚Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа‘“ (1. Мојсеева 1:27, 28).
2. „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:16, 17).
3. „Платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).
4. „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ (1. Мојсеева 3:19).
5. Видете број 1.
6. „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, . . . И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4).
7. „Го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“ (1. Мојсеева 2:7). Зборот „душа“ е превод од хебрејскиот збор не́феш што значи „она што дише“. „Така е и напишано: ‚Првиот човек Адам стана жива душа‘.“ Забележете, „стана“, а не „му беше дадена“ (1. Коринтјаните 15:45).
8. „Мојот грев е секогаш пред мене. Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив“ (Псалм 50:3, 4).
9, 10. Нема потреба од библиски стихови.
11. „Како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“ (Римјаните 5:12).
12. Видете број 4.
13. „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат . . . во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5, 10). „Како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ќе умре“ (Језекиил 18:4).
14. „Изградија идолско светилиште на Тофет . . . за да ги изгоруваат во оган синовите свои и ќерките свои, што не сум го заповедал и кое ни на ум не Ми доаѓало“ (Јеремија 7:31).
15. Видете број 3.
16. „Кој умрел, тој се ослободил од гревот“ (Римјаните 6:7).
17. „Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако!“ (Римјаните 9:14).
18. „Оти Давид не отиде на небесата“ (Дела 2:34).
19. „Се надевам на Бога, оти ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат“ (Дела 24:15).
20. „Распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното — да се облече во бесмртно“. Ако бесмртноста ‚се облекува‘, тогаш таа не е вродена (1. Коринтјаните 15:53). „Видов: ете, Агнецот стои на гората Сион, и со Него сто и четириесет и четири илјади . . . Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Агнецот“ (Откровение 14:1, 4).