Фуснота
a Латинскиот кој е наследен од римските легиони, наречен римски, до тоа време се развил во два народни јазика на Франција: Во Јужна Франција се зборувал јазикот ок (познат и како окитански, односно провансалски), додека во Северна Франција се зборувал јазикот оил (ран облик на францускиот кој понекогаш е наречен старофранцуски). Овие два јазика се разликувале еден од друг по зборот што се користел за „да“. На југот тоа бил ок (од латинското hoc); на северот оил (од латинското hoc ille), кој станал современото француско oui.