Фуснота
f Експериментите со мутациите секогаш покажуваа дека има сѐ помалку нови мутанти, и дека постојано се појавуваат веќе добиените мутанти. Од оваа појава, Лониг дошол до „законот на повторливи варијации“. Освен тоа, само помалку од 1 отсто од мутациите кај растенијата биле избрани за натамошно истражување, а помалку од 1 отсто од нив беа погодни за комерцијална употреба. Резултатите од одгледувањето со мутации кај животните беа уште полоши отколку кај растенијата, и овој метод беше сосема отфрлен.