Фуснота
c Претходниот правен пример што го кодификувал Мојсеј во поглед на начинот на плаќање при прекршување на Законот — „душа за душа, око за око, заб за заб“ — го одразувал главното начело кое го применил и самиот Бог во решавањето на прашањето за спасување на човекот (5. Мојсеева 19:21). Совршениот човек Адам, бил одговорен за осудата на човечката раса, затоа бил потребен друг совршен човек кој, како надомест за оваа штета, би го положил својот живот. На овој начин неговата смрт требало да биде совршена надомест за Адамовиот грев и неговите последици за човештвото. Само доаѓањето на ветеното ‚семе‘, чиј живот би бил понуден како законска откупнина, би можело потполно да постигне такво ослободување (1. Мојсеева 3:15, JP). За поцелосно разбирање на овој аспект на Семето во Божјата намера, види ги страниците 28-29, пасуси 17 до 20.