Фуснота
d Едно стандардно толкување од страна на јудаизмот денес гласи дека Јеремија само прорекол обновување, или реафирмација на Сојузот на Законот со Израел, како што се случило по нивното враќање од прогонството во Вавилон во 537 п. н. е. (1. Ездра 10:1-14). Но самото пророштво уште еднаш го негира таквото објаснување. Бог јасно изјавил дека тоа ќе биде ‚нов сојуз‘, а не само обновен сојуз. Понатаму, тој нагласил дека тој сојуз не е ист како сојузот што го склучил кога ги извел од египетското ропство. Некои велат дека бил „нов“ во таа смисла што сега требало верно да го чуваат истиот сојуз, но историјата покажала поинаку. Всушност, нивниот недостиг на вера довел до уништување на вториот храм (5. Мојсеева 18:19; 28:45-48).