Фуснота
a Грчкиот збор преведен со „се натажи“ доаѓа од глагол (ембрима́омај) кој означува да се биде болно или длабоко потресен. Еден библичар наведува: „Овде единствено може да значи дека Исус го обзела таква длабока емоција што од Неговото срце била испуштена несакана воздишка“. Изразот „возмути“ доаѓа од грчкиот збор (тара́со) кој укажува на вознемиреност. Според еден лексикограф, тоа значи „да се предизвика внатрешен немир, . . . да биде погоден со голема болка или жалост“. Изразот „просолзи“ доаѓа од грчкиот глагол (дакри́о) кој значи „да се ронат солзи, тивко да се плаче“.