Фуснота
b Во 1995, научниците го забележале чудното однесување на најоддалечената ѕвезда (SN 1995K) која била набљудувана додека експлодирала во својата галаксија. Како суперновите во соседните галаксии, оваа ѕвезда станала многу сјајна, но потоа почнала полека да избледнува, и тоа во тек на еден подолг временски период што воопшто бил откриен. Списанието New Scientist го вцртало тоа на еден графикон и објаснило: „Обликот на светлосната кривина . . . е растегнат во времето токму толку колку што се очекува кога галаксијата би се повлекувала од нас со брзина која е скоро половина од брзината на светлината“. Заклучокот? Тоа е „најдобриот доказ досега, според кој универзумот навистина се шири“.