Фуснота
b Според еврејската Мишна, неколку години подоцна народот кренал бунт поради високите цени на гулабите што се продавале во храмот. Цената веднаш била намалена за 99 отсто! Кој имал најголема заработка од ваквата трговија? Некои историчари сметаат дека храмските пазари му припаѓале на домаќинството на првосвештеникот Ана и дека му носеле огромно богатство на тоа свештеничко семејство (Јован 18:13).