Фуснота
a Во Христијанските грчки списи често се користи глаголот филе́о, кој значи „да чувствуваш наклоност кон некого, некој да ти биде мил, да сакаш некого (како близок пријател или брат)“. Еден облик од зборот сторги́, кој означува љубов меѓу членовите на семејството, се користи во 2. Тимотеј 3:3 за да се опише дека во последните денови многу ќе недостасува таква љубов. А зборот е́рос, односно романтична љубов меѓу маж и жена, не се користи во Христијанските грчки списи, иако ваквата љубов е спомната во Библијата (Изреки 5:15-20).