Фуснота
a Тоа што Јона потекнувал од галилејски град е многу интересен податок, со оглед на тоа што во една прилика фарисеите, зборувајќи за Исус, дрско рекле: „Истражи, па ќе видиш дека никаков пророк нема да дојде од Галилеја!“ (Јован 7:52). Многу преведувачи и истражувачи сметаат дека со таа претерана изјава фарисеите едноставно сакале да докажат дека ниту еден пророк не дошол ниту ќе дојде од неугледниот галилејски крај. Ако ваквото гледиште е точно, фарисеите ги игнорирале и историските записи и пророштвата (Иса. 9:1, 2).