Фуснота
a Многу луѓе сѐ уште се обраќаат до шамани, врачеви или слични лекувачи. Шаман е „свештеник кој употребува магија за да лечи болести, да го претскаже непознатото и да управува со настаните“. Врачот, односно шаманот, можел да комбинира разни тревки со спиритистички постапки (привикувајќи мистериозни сили). Еден претпазлив, лојален христијанин треба да одбегнува вмешаност во спиритизам, дури и тогаш кога се чини дека тоа овозможува некакво лекување (2. Коринтјаните 2:11; Откровение 2:24; 21:8; 22:15).