Фуснота
a Некои христијани кои работат во болница морале да го земат предвид овој фактор на авторитет. Можеби еден лекар има авторитет да препише лекарства или медицински процедури за пациентот. Дури и ако пациентот нема приговор, како би можел еден христијански лекар, кој има авторитет, да наложи трансфузија на крв или да изврши абортус, кога знае што вели Библијата за тие работи? За разлика од него, една медицинска сестра која работи во болница можеби нема таков авторитет. Додека таа ги извршува рутинските услуги, можеби некој лекар ќе побара од неа да направи некое испитување на крв за извесна цел или да се погрижи за некоја пациентка која дошла да абортира. Во склад со примерот кој е запишан во 4. Царства 5:17—19, таа би можела да заклучи дека со оглед на тоа што таа не е оној кој има авторитет да наложи трансфузија или да изврши абортус, би можела да изврши некои човечки услуги за пациентот. Секако, таа сепак ќе мора да ја земе во обѕир својата совест за ‚да живее пред Бог со најдобра совест‘ (Дела 23:1).