Фуснота
a Иако Исус бил најголемиот Учител кој некогаш живеел на Земјата, поголемиот дел од луѓето во негово време се спрепнале поради него, односно не го прифатиле како Месија. Зошто? Во оваа статија ќе разгледаме четири причини. Исто така, ќе видиме зошто многумина денес се спрепнуваат поради она што го кажуваат и го прават вистинските следбеници на Исус. Што е уште поважно, ќе дознаеме како можеме да стекнеме силна вера во Исус која ќе ни помогне да не се спрепнеме, односно да не престанеме да го следиме. Оваа и следната статија особено ќе им користат на оние кои ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци, но се колебаат самите да станат Сведоци.