Фуснота
a Во Библијата, изворните зборови кои се преведени со „откупнина“ ја пренесуваат мислата на цена, односно износ што се плаќа за да се купи нешто. На пример, хебрејскиот глагол кафар во основа значи „покрива“, и со него обично се укажува на покривање на гревовите (Псалм 65:3). А именката кофер се однесува на цената која се плаќа за да се ослободи некој (2. Мојсеева 21:30). Слично на тоа, грчкиот збор литрон, кој обично се преведува со „откупнина“, може да се преведе и како „цена за ослободување“ (Матеј 20:28). Грчките писатели го користеле овој израз кога зборувале за износот што се плаќал за да се ослободи некој воен заробеник или роб.