ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Премостување една вековна бариера
    Разбудете се! 2016 | Бр. 3
    • Луѓе од различни раси и со различно потекло

      ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ИСТА ПОРАКА НА СТОТИЦИ ЈАЗИЦИ

      Премостување една вековна бариера

      ВО МОМЕНТОВ, низ светот се зборуваат околу 7.000 јазици! Тоа во голема мера ги отежнува патувањата, бизнисот, образованието и политичките односи. Но, овој проблем постоел и во старо време. На пример, пред околу 2.500 години, Персијците под власта на цар Ахасвер (веројатно Ксеркс I) требало да пренесат некои законски одредби низ целото царство од Индија до Етиопија, односно во „над сто дваесет и седум покраини, на секоја покраина со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик“.a

      Денес, ретко која организација, па дури и влада, би се осмелила на еден таков чекор. Сепак, организацијата на Јеховините сведоци успеала да го направи тоа. Тие издаваат списанија, аудио и видео материјали, како и многу книги меѓу кои и Библијата, на повеќе од 750 јазици. Тука спаѓаат и околу 80 знаковни јазици. Освен тоа, Јеховините сведоци издаваат и публикации на Брајово писмо на повеќе јазици, наменети за слепи лица.

      Но, од целата таа работа Јеховините сведоци не заработуваат ништо. Всушност, оние што преведуваат и другите што им помагаат сето тоа го прават доброволно. Зошто вложуваат толку многу за да преведуваат на толкав број јазици, и како го прават тоа?

      a Види во Библијата, во Естира 8:9.

  • Премостување на јазичната бариера — чекор по чекор до успехот
    Разбудете се! 2016 | Бр. 3
    • ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

      Премостување на јазичната бариера — чекор по чекор до успехот

      „Се вели дека не постои посложена задача од преведувањето“ (The Cambridge Encyclopedia of Language).

      ПРЕД да се преведат, публикациите на Јеховините сведоци најпрво внимателно се планираат, се прават потребните истражувања и се пишуваат. За време на овој процес, Одделот за пишување во главното седиште во Њујорк темелно проверува дали информациите се точни, дали текстот звучи убаво и дали е граматички исправен.a

      Потоа, Одделот за пишување го испраќа текстот до стотици преведувачки тимови низ целиот свет. Повеќето од нив живеат и работат онаму каде што се зборува јазикот на кој преведуваат. Најголемиот дел од преведувачите преведуваат на својот мајчин јазик. Тие мора добро да го познаваат јазикот на кој е напишан материјалот, како и јазикот на кој преведуваат.

      Членови на преведувачки тим додека работат

      ПРОЦЕСОТ НА ПРЕВЕДУВАЊЕ

      На сликата е прикажан процесот на преведување на списанието Разбудете се! на шпански јазик

      • Тим преведувачи во Шпанија го добиваат текстот на англиски од главното седиште на Јеховините сведоци во САД

      • Секој член на тимот внимателно го анализира текстот

      • Членовите на тимот се собираат и разговараат за текстот, а потоа почнуваат со преведувањето

      • Преведувачите проверуваат дали текстот звучи природно, дали е јасен и дали е смисловно и граматички точен

      • Кога завршува и последниот чекор, преведениот текст се праќа до печатниците и се дистрибуира

      • Читателите низ целиот свет можат да извлечат корист од библиските поуки на својот мајчин јазик

      Како обично се одвива преведувањето?

      Герент, кој преведува во Британија, објаснува: „Работам во тим од преведувачи, па затоа добрата соработка е многу важна. Ако нешто е тешко да се преведе, решението го бараме заедно. Притоа не го анализираме секој збор поединечно, туку групи од зборови. Внимателно размислуваме што точно значат и со која цел се напишани, и притоа постојано ги имаме на ум читателите за кои е наменета секоја статија“.

      Која е твојата цел како преведувач?

      „Нашата цел е читателот да нема чувство дека текстот е превод, туку дека бил напишан на неговиот јазик. За да го постигнеме тоа, се трудиме да користиме природни изрази. Така читателот ќе може да го задржи вниманието и ќе ужива додека чита, исто како да јаде нешто вкусно.“

      Која е предноста да се живее онаму каде што се зборува јазикот на кој се преведува?

      „Тоа што сме меѓу луѓе што го зборуваат јазикот на кој преведуваме е од голема помош. Овде во Велс, секојдневно сме изложени на велшкиот јазик. Освен тоа, од прва рака може да видиме дали изразите што ги користиме се природни, јасни и убави. Тоа ни помага точно да го пренесеме значењето на текстот што го преведуваме.“

      Како се одвива работата?

      „Секој проект се доделува на еден тим преведувачи. Најпрво, секој член на тимот го чита текстот за добро да се запознае со него и да увиди кои се неговите основни карактеристики и за која публика е наменет. Се прашуваме: ‚Зошто е напишана статијата? Која е нејзината тема и што треба да постигнеме? Што би требало да се научи од неа?‘ Овој чекор ни го проширува видикот и ни помага да дојдеме до повеќе идеи.

      Потоа разговараме за текстот за да видиме до какви заклучоци дошол секој од нас. Сакаме да бидеме сигурни дека добро сме го разбрале и дека ќе го преведеме во истиот стил на кој бил напишан. Целта ни е читателите да го доживеат преведениот текст онака како што имал намера писателот кога го пишувал на својот јазик.“

      Како соработуваат членовите на тимот?

      „Бидејќи целта ни е читателите брзо и лесно да го разберат текстот, секој преведен пасус го читаме неколку пати на глас.

      Најпрво, преведувачот го прави основниот превод. Тој преведува пасус по пасус, а останатите го гледаат текстот на своите екрани. Потоа проверуваме дали случајно е додадена или испуштена некоја мисла за време на преведувањето. Исто така, проверуваме дали преводот е природен и дали ги следи правописните и граматичките правила. Потоа, некој од нас го чита пасусот на глас. Ако некој дел потешко се чита, се прашуваме зошто. Откако ќе се преведе целата статија, еден од тимот ја чита на глас, додека другите прават белешки за она што сметаат дека треба да се поправи.“

      Тоа е прилично многу работа!

      „Така е. На крајот од денот сме уморни. Затоа следното утро, кога сме поодморени, текстот го читаме уште еднаш. По неколку седмици, Одделот за пишување ни ги праќа последните промени што биле направени во текстот на англиски јазик. Ги внесуваме промените и повторно го читаме целиот материјал за да бидеме сигурни дека звучи природно и убаво.“

      Како ви помага компјутерската технологија?

      „Кога станува збор за преведувањето, компјутерите не можат да ги заменат луѓето. Сепак, Јеховините сведоци развиле програми што ни ја олеснуваат работата. На пример, имаме речник во кој ставаме фрази и изрази што често ги користиме. Преку друга програма можеме да истражуваме низ целиот материјал што досега го превел нашиот тим и да видиме дали за некој потежок израз веќе било пронајдено убаво решение.“

      Како гледаш на твојата работа?

      „На текстот што го преведуваме гледаме како на подарок што треба да им го дадеме на читателите. Затоа сакаме да биде што е можно подобар. Многу ни значи тоа што знаеме дека една статија од нашите списанија или од нашата интернет-страница може да допре до срцето на некој читател и да му го смени животот на подобро.“

      Резултати со трајна вредност

      Низ целиот свет, стотици милиони луѓе извлекуваат корист од публикациите на Јеховините сведоци на својот мајчин јазик. Поуките во нивната литература, во филмовите, како и на нивната интернет-страница jw.org, се темелат на Библијата. Бог, чие име е Јехова, во оваа света книга кажал дека сака неговата порака да се пренесе до луѓето од „секој народ и племе и јазик и народност“ (Откровение 14:6).b

      a Текстот најпрво се пишува на англиски јазик.

      b На www.pr2711.com можеш да најдеш пишани, аудио и видео материјали на твојот и на стотици други јазици.

      JW.ORG

      Официјална интернет-страница на Јеховините сведоци

      Над 700 јазици

      Запознај го Бог и живеј засекогаш

      Брошура издадена од Јеховините сведоци

      Над 640 јазици

      Стражарска кула

      Списание издадено од Јеховините сведоци

      Над 250 јазици

      Разбудете се!

      Списание издадено од Јеховините сведоци

      Над 100 јазици

      Списанието Разбудете се! на различни јазици

      „Имам здравствени проблеми. Добивам лекарска помош, но ми помагаат и информациите за здравје што ги читам во Разбудете се! на мојот мајчин јазик, малгашки. Ова списание ми помогна и да научам да не избувнувам лесно. Освен тоа, во него најдов корисни совети во врска со исхраната и вежбањето.c Откако почнав да ги применувам, здравјето ми се подобрува“ (Ранајварисо, Мадагаскар).

      „Мојот ендокринолог користи статии од Разбудете се! на јазикот гуџарати за да ги советува другите околу здравјето. Неколку седмици откако во едно училиште зборуваше за злоупотребата на дрога и алкохол, некои ученици рекоа дека информациите од Разбудете се! ги поттикнале нивните татковци да трошат помалку пари на алкохол а повеќе на своите деца“ (Џенет, Индија).

      c Разбудете се! не се залага за некој посебен режим на исхрана или здравствена грижа. Секој треба внимателно да размисли за сите опции пред да донесе лична одлука во врска со исхраната и вежбањето.

      На jw.org, едно дете го гледа видеоклипот „Не е добро да се краде“

      Една мајка од Ангола го напиша следново за Разбудете се!: „Мојот осумгодишен син ги изгубил своите моливи, па затоа им ги зел моливите на некои од другарчињата. Откако на jw.org на португалски јазик го гледаше видеоклипот Не е добро да се краде, собра храброст да каже што направил. Ми рече да отидам со него на училиште за да им се извини на другарчињата и да им каже зошто им ги враќа моливите. Учителот ни дозволи да го покажеме видеоклипот пред целото одделение. На крајот, неколку деца рекоа дека никогаш повеќе нема да крадат“.

      Еден човек ја користи апликацијата JW Language

      Апликација за учење јазик

      Знак за апликацијата JW Language

      Во 2014 год., Јеховините сведоци ја објавија бесплатната електронска апликација JW Language која им помага да ги поучуваат другите за Библијата на следниве јазици: англиски, бенгалски, германски, индонезиски, италијански, јапонски, кинески, корејски, мјанмарски, португалски, руски, свахили, тагалог, таи, турски, француски, хинди и шпански.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели