ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Љубопитност за натприродното
    Разбудете се! 2017 | Бр. 2
    • Едно дете е запрепастено од она што го гледа на својот таблет

      ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НАТПРИРОДНОТО?

      Љубопитност за натприродното

      „Вампири, врколаци и зомбија — вашето време заврши. Сега се на ред истерувањето духови и опседнатоста од демони“ (Волстрит Џурнал).

      МЛАДИ и стари волшебници, заводливи вештерки и привлечни вампири — тоа се само некои од натприродните ликови со кои се преполни денешните книги, филмови и видеоигри. Зошто се толку популарни?a

      „Во последните неколку децении, драстично се зголеми бројот на луѓе што веруваат во духови — од секој десетти на секој трети Американец“, пишува професорот по социологија Клод Фишер. „Се смета дека бројот на млади Американци кои контактирале со гатач и кои веруваат во духови и во куќи опседнати со духови е двојно поголем во однос на постарите Американци.“

      Воопшто не е за изненадување тоа што повторно стануваат популарни приказните за лоши духови кои опседнуваат луѓе. „Благодарение на приказните за зомбија, врколаци и вампири кои беа актуелни изминатата деценија, приказните за луѓе опседнати од демони денес повторно заживеаја“, напишал Мајкл Калиа во Волстрит Џурнал.

      Според еден извештај, „во духови веруваат 25-50 отсто од луѓето низ целиот свет. Освен тоа, духовите се многу застапени во литературните дела на повеќето култури“. А според едно истражување спроведено во САД од страна на професорите по социологија Кристофер Бејдер и Карсон Менкен, „неверојатни 70-80 отсто од Американците цврсто веруваат во постоењето на барем еден вид натприродни појави“.

      Дали интересот за спиритизам и натприродни сили е само обична, безопасна забава?

      a Според еден речник, „натприродно“ е она што „не може да се објасни на природен начин, што е надвор од природните закони“ (Дигитален речник на македонскиот јазик).

  • Што ни открива Библијата за спиритизмот?
    Разбудете се! 2017 | Бр. 2
    • На својот телевизор, еден брачен пар гледа најави за филмови со спиритизам

      Иако забавната индустрија го прикажува спиритизмот во позитивно светло, мора да бидеме свесни за опасностите што се кријат зад него

      ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НАТПРИРОДНОТО?

      Што ни открива Библијата за спиритизмот?

      МНОГУ луѓе не веруваат во натприродни појави и спиритизам. Сметаат дека тоа се чисти измислици или плод на фантазијата на филмските сценаристи. Но, Библијата кажува нешто сосема друго. Таа отворено нѐ предупредува да немаме ништо со спиритизмот. На пример, во 5. Мојсеева 18:10-13 пишува: „Кај тебе нека не се најде... ни некој што гата, ни некој што се занимава со магија, ни некој што пророкува според предзнаци, ни маѓепсник, ни некој што фрла уроци, ни некој што повикува духови, ни некој што ја претскажува иднината, ни некој што ги прашува мртвите“. Зошто? Понатаму стои: „Секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова... Биди непорочен пред Јехова, својот Бог“.

      Зошто Библијата толку остро ги осудува сите облици на спиритизам?

      КОЈ СТОИ ЗАД СПИРИТИЗМОТ

      Библијата ни кажува дека долго пред да ја создаде Земјата, Бог создал милиони духовни суштества, односно ангели (Јов 38:4, 7; Откровение 5:11). Секој од тие ангели имал слободна волја — способност да избира меѓу доброто и лошото. Некои ангели избрале да се побунат против Бог и го напуштиле своето место на небото за да прават проблеми на Земјата. Како резултат на тоа, Земјата се наполнила со насилство (1. Мојсеева 6:2-5, 11; Јуда 6).

      Библијата вели дека тие злобни ангели имаат многу големо влијание, и успеале да заведат милиони луѓе (Откровение 12:9). Тие се свесни дека луѓето обично сакаат да знаат што ќе им донесе иднината и ја злоупотребуваат оваа природна човечка желба (1. Самоилова 28:5, 7; 1. Тимотеј 4:1).

      Понекогаш изгледа дека натприродните сили им помагаат на луѓето (2. Коринќаните 11:14). Сепак, целта на злобните ангели е да ги заслепат луѓето за да не ја сфатат вистината за Бог (2. Коринќаните 4:4).

      Значи, Библијата јасно кажува дека контактот со злите духовни сили не е нешто безопасно. Од таа причина, во врска со некои луѓе кои ја дознале вистината за овие сили и сакале да станат ученици на Исус, Библијата вели: „Мнозина од оние што се занимаваа со магија ги собраа своите книги и ги изгореа пред сите“, иако поради тоа претрпеле голема финансиска загуба (Дела 19:19).

      Една жена чита книга за натприродни работи

      „Тоа што сѐ повеќе тинејџерки веруваат во вештерки и во магии можеби е последица на зголеменото присуство на гламурозни, заводливи вештерки на телевизија, во филмовите и во книгите“ (Gallup Youth Survey 2014).

      Слично на тоа, и многумина денес решиле да расчистат со сѐ што е поврзано со спиритизам, вклучувајќи ја и забавата. На пример, кога Маријаa имала 12 години, изгледало дека може да предвиди идни настани или опасности. Таа им гледала на школските другари на тарот карти, и бидејќи нејзините предвидувања се исполнувале, многу го засакала спиритизмот.

      Марија мислела дека има дарба од Бог да им помага на луѓето. „Но, нешто ме мачеше“, вели таа. „Можев да им гледам на тарот карти на другите, но не можев да си ја предвидам мојата иднина. А толку сакав да знам што ќе ми се случи во животот.“

      Збунета од многуте неодговорени прашања, Марија му се молела на Бог. Подоцна стапила во контакт со Јеховините сведоци и почнала да ја проучува Библијата со нив. Од Библијата Марија дознала дека нејзината способност да ја предвидува иднината не доаѓа од Бог. Исто така, дознала дека сите што сакаат да бидат пријатели со Бог мора да се ослободат од сѐ што е поврзано со спиритизам (1. Коринќаните 10:21). Што направила Марија? Таа ги фрлила сите спиритистички предмети и книги. Сега Марија ги споделува со другите луѓе библиските вистини што ги научила.

      Кога Мајкл бил тинејџер, многу сакал да чита романи за ликови со натприродни способности. „Си замислував дека сум како суперхероите на моја возраст кои доживуваа авантури во измислени светови“, вели тој. Малку по малку, на Мајкл му станало најнормално да чита книги поврзани со магија и сатански ритуали. Тој вели: „Такви книги и филмови читав и гледав од чиста љубопитност“.

      Но, додека ја проучувал Библијата, Мајкл сфатил колку е важно да внимава што чита. „На еден лист напишав кои од работите што ги имам се поврзани со спиритизам и ги фрлив сите до една“, вели тој. „Научив една важна лекција. Во Библијата, во 1. Коринќаните 10:31, пишува: ‚Правете сѐ за Божја слава‘. Затоа, кога сакам да читам некоја книга, се прашувам: ‚Дали содржи нешто што Бог го мрази?‘ Ако да, не ја читам таа книга бидејќи не му носи слава на Бог.“

      Една жена ја разгледува интернет-страницата jw.org

      Библијата соодветно е споредена со светилка. Таа е единствената книга која ни помага да го видиме спиритизмот во вистинско светло (Псалм 119:105). Освен тоа, Библијата ни открива дека наскоро ќе живееме во свет во кој нема да постојат злите духовни сили. Тоа во голема мера ќе влијае врз човештвото. Во Псалм 37:10, 11 пишува: „Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“.

      a Имињата во оваа статија се сменети.

      Што е спиритизам?

      Многу луѓе се интересираат за астрологија, магија и окултизам, а тоа е тесно поврзано со спиритизмот. Во многу делови од светот, луѓето се обидуваат да стапат во контакт со злите духовни сили преку некој гледач или бајач. Многумина се занимаваат со гатање за да ја предвидат иднината. Се водат според ѕвездите, бараат предзнаци, користат кристална топка, гледаат на рака или дозволуваат некој ним да им гледа на рака.

      Во многу книги, списанија и филмови, спиритизмот е претставен како нешто безопасно и интересно. Некои експерти за комуникација сметаат дека начинот на кој натприродните сили се прикажуваат на телевизија и во филмовите извршил големо влијание врз верувањата на луѓето.

      Што навистина учи Библијата?

      Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 10 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци. Можеш бесплатно да ја преземеш така што ќе одиш на jw.org/mk.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели