Песна 64
Вера како верата на Авраам
1. О, среќен ли е човекот
што разбрал Божја реч,
бидејќи сѐ Бог знае,
па и крајот однапред.
Со верните од дамнина,
за надеж утеха,
Тој драми пророчки ни дал
и за нив значења.
2. Замисли си го Авраам,
со Исак крај себе,
се качува на Морија
— на испит сега е.
Јехова бара од него
љубениот свој син
за жртва да го принесе
и волја изврши.
3. Го положил тој испитот
и со послушноста
за откупот дал претслика,
за Бог со Исуса.
Ќе добиеш ли живот ти
од тој дар прекрасен?
Да, ако си ко Авраам
со вера послушен.