Песна 185
Воскресението — Божја подготовка полна со љубов
1. Ќе има воскресение,
Бог милост покажал.
Гаранција е од него
на Исус жртвата.
И првите воскреснати
се помазаните;
ќе владеат Милениум
бидејќи верни се.
2. И „облакот од Сведоци“
ќе биде воскреснат.
Им ветил Бог во својта Реч
пак живот, но без крај.
А „други овци“ денеска
и ако починат,
Бог рано ќе ги врати нив
за да го возвишат.
3. Во споменгробој кои се
ќе чујат Христов глас,
ко крадецот до Исуса,
ќе живеат во рај.
На крај од Милениумот
на испит секој е;
благослови ќе добие
кој до крај истрае.
4. О „други овци“ заедно
со помазаните
на тажните кажувајте:
Ќе станат мртвите!
И добри дела правете
— од Господ налог е.
Ни смртта дарот не може
да ви го одземе.