ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 78
  • Дали Бог постои?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог постои?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Дали постои Бог? Зошто е важно да го дознаеме одговорот?
    Разбудете се! 2015
  • Единствен извор на возвишена мудрост
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Дали Библијата може да ми помогне ако не сум задоволен од животот?
    Одговор на библиски прашања
  • Творецот може да го осмисли твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 78
Сончеви зраци продираат низ облаци

Дали Бог постои?

Што вели Библијата:

Да. Библијата содржи голем број докази дека Бог постои. Таа нѐ советува да не веруваме слепо во религиозните учења, туку да го ,користиме својот разум‘ за да стекнеме вера во Бог (Римјаните 12:1; 1. Јованово 5:20). Да ги разгледаме следниве библиски докази кои потврдуваат дека постои Бог:

  • Редот кој владее во вселената и животот во неа укажуваат дека постои Творец. Библијата вели: „Секоја куќа некој ја изградил, а Бог е оној што изградил сѐ“ (Евреите 3:4). Иако оваа логична вистина е едноставна, многу образовани луѓе сметаат дека таа е силен доказ дека Бог постои.a

  • Освен што имаат физички потреби, луѓето имаат и вродена желба да ја разберат смислата и целта на својот живот. И Библијата го потврдува овој факт. Во неа пишува дека имаме „духовни потреби“, во кои спаѓа и желбата да го запознаеме Бог и да му служиме (Матеј 5:3; Откровение 4:11). Тоа што имаме духовни потреби е доказ дека постои Бог, односно грижлив Творец кој сака да ни помогне да ги задоволиме тие потреби (Матеј 4:4).

  • Пророштва кои биле запишани во Библијата векови однапред се исполниле до најситен детаљ. Точното исполнување на овие пророштва потврдува дека тие потекнуваат од натчовечки извор (2. Петрово 1:21).

  • Земјината топка гледана од вселената

    Писателите на Библијата имале далеку поголемо познавање од науката отколку нивните современици. На пример, во минатото многу луѓе мислеле дека Земјата ја држи некое животно. Спротивно на тоа, во Библијата пишува дека Бог „ја држи земјата обесена на ништо“ (Јов 26:7). Исто така, таа ни кажува дека Земјата има кружна форма (Исаија 40:22). Многумина сметаат дека е најлогично да заклучиме дека библиските писатели ги знаеле овие информации затоа што им ги открил Бог.

  • Во Библијата има одговори на голем број важни прашања. Некој што не може да најде соодветен одговор на тие прашања, лесно може да стане атеист. На пример, некои од тие прашања се: Ако Бог нѐ сака и има моќ, зошто постојат страдања и злоба? Зошто религијата, наместо добро, честопати има лошо влијание врз луѓето? (Тит 1:16).

a На пример, во врска со вселената, астрономот Ален Сендиџ рекол: „Мислам дека е речиси невозможно еден таков ред да настанал од хаос. Мора да постои некоја причина за таквата организираност. Иако за мене Бог е мистерија, тој е единственото објаснување за сѐ што постои“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели