ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w23 Ноември стр. 8-13
  • Како може нашата љубов кон другите да остане силна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како може нашата љубов кон другите да остане силна
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ САКАМЕ ЕДЕН СО ДРУГ?
  • КАКО ПОКАЖУВАМЕ ДЕКА СЕ САКАМЕ ЕДЕН СО ДРУГ?
  • КАКО МОЖЕ НАШАТА ЉУБОВ КОН ДРУГИТЕ И ПОНАТАМУ ДА БИДЕ СИЛНА?
  • ЗОШТО ЉУБОВТА НИ Е ОСОБЕНО ПОТРЕБНА ДЕНЕС
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • „Пред сѐ, имајте горлива љубов“
    Бдејте!
  • Не дозволувај твојата љубов да олади
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Бидете изградени со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
w23 Ноември стр. 8-13

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 47

Како може нашата љубов кон другите да остане силна

Да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта е од Бог (1. ЈОВ. 4:7)

ПЕСНА 109 Да се сакаме силно и од срце!

КРАТОК ПРЕГЛЕДa

1-2. а) Зошто апостол Павле можел да каже дека љубовта е најголема, односно најважна особина? б) Кои прашања ќе ги разгледаме?

КОГА апостол Павле зборувал за верата, надежта и љубовта, на крајот рекол дека „најголема од нив е љубовта“ (1. Кор. 13:13). Зошто Павле го кажал тоа? Во иднина, повеќе нема да биде потребно да имаме вера во Божјите ветувања за новиот свет, ниту пак надеж дека тие ветувања ќе се исполнат бидејќи тие веќе ќе бидат исполнети. Но, секогаш ќе треба да покажуваме љубов кон Јехова и кон луѓето. Всушност, нашата љубов кон нив ќе продолжи да расте во сета вечност.

2 Со оглед на тоа што љубовта секогаш ќе ни биде потребна, да разгледаме три прашања. Прво, зошто треба да се сакаме еден со друг? Второ, како покажуваме дека се сакаме еден со друг? Трето, како може нашата љубов кон другите и понатаму да биде силна?

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ САКАМЕ ЕДЕН СО ДРУГ?

3. Од кои причини треба да се сакаме еден со друг?

3 Зошто е важно да се сакаме еден со друг? Една од причините е затоа што со љубовта докажуваме дека сме вистински христијани. Исус им кажал на своите апостоли: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Исто така, љубовта ни помага да бидеме обединети. Павле напишал дека љубовта совршено нѐ поврзува (Кол. 3:14). Но, има уште една важна причина зошто треба да се сакаме еден со друг. Апостол Јован на своите браќа и сестри им напишал: „Оној што го сака Бог, треба да го сака и својот брат“ (1. Јов. 4:21). Кога покажуваме љубов еден кон друг, всушност, покажуваме љубов кон Бог.

4-5. Наведи пример за тоа како нашата љубов кон Бог е поврзана со нашата љубов кон браќата и сестрите.

4 На кој начин нашата љубов кон Бог е тесно поврзана со љубовта што ја покажуваме кон нашите браќа и сестри? Да го споредиме ова со врската што постои помеѓу нашето срце и другите делови од нашето тело. Кога еден лекар ни го проверува пулсот на раката за да види дали е слаб или силен, тоа му помага да добие некои информации за состојбата на нашето срце. Како можеме да го примениме начелото од овој пример кога станува збор за љубовта?

5 Кога ни го проверува пулсот, докторот може да открие колку ни е силно срцето. На сличен начин, ние можеме да откриеме колку ни е силна љубовта кон Бог со тоа што ќе провериме колку ни е силна љубовта кон другите. Ако забележиме дека нашата љубов кон браќата и сестрите некако ослабнала, тоа може да биде знак дека и нашата љубов кон Бог ослабнала. Но, ако постојано им покажуваме љубов на браќата и сестрите, тоа е знак дека нашата љубов кон Бог е силна.

6. Ако љубовта кон браќата и сестрите почнала да ни слабее, зошто тоа треба да нѐ загрижи? (1. Јов. 4:7-9, 11).

6 Ако љубовта кон браќата и сестрите почнала да ни слабее, тоа треба да нѐ загрижи. Зошто? Затоа што тоа покажува дека нашето пријателство со Јехова е во опасност. Апостол Јован јасно го кажал тоа со следниве зборови: „Кој не го сака својот брат, кого го гледа, не може да го сака Бог, кого не го гледа“ (1. Јов. 4:20). Која е поуката за нас? Ќе му угодиме на Јехова само ако „се сакаме еден со друг“. (Прочитај 1. Јованово 4:7-9, 11.)

КАКО ПОКАЖУВАМЕ ДЕКА СЕ САКАМЕ ЕДЕН СО ДРУГ?

7-8. Кои се некои начини на кои можеме да покажеме дека се сакаме еден со друг?

7 На повеќе места во Божјата Реч ја наоѓаме заповедта: „Сакајте се еден со друг“ (Јован 15:12, 17; Рим. 13:8; 1. Сол. 4:9; 1. Пет. 1:22; 1. Јов. 4:11). Но, љубовта извира од срцето, а ниту еден човек не може да види што имаме внатре во него. Тогаш, како другите можат да видат дека ги сакаме? Од нашите зборови и постапки.

8 Има разни начини на кои можеме да им покажеме на нашите браќа и сестри дека ги сакаме. Еве неколку примери: „Зборувајте ја вистината еден со друг!“ (Зах. 8:16). „Бидете во мир еден со друг“ (Мар. 9:50). „Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Рим. 12:10). „Примајте се еден со друг“ (Рим. 15:7). „Спремно простувајте си еден на друг“ (Кол. 3:13). „Носете ги бремињата еден на друг“ (Гал. 6:2). „Тешете се еден со друг“ (1. Сол. 4:18). „Изградувајте се еден со друг“ (1. Сол. 5:11). „Молете се еден за друг“ (Јак. 5:16).

Слики: 1. Една сестра се моли. 2. Таа внимателно слуша додека друга сестра ѝ кажува како се чувствува. 3. Преку видеоповик, таа разговара со една постара сестра која е болна. 4. Таа пишува картичка со цел да ја прати со подарок. 5. Таа ѝ донела оброк на една сестра што има повредена рака и јадат заедно.

Како можеме да му помогнеме на некој соверник што се наоѓа во тешка ситуација? (види во пасуси 7-9)

9. Зошто давањето утеха е важен начин на кој можеме да им покажеме на другите дека ги сакаме? (Види ја и сликата.)

9 Да разгледаме еден од начините на кој можеме да им покажеме на другите дека ги сакаме. Павле рекол: „Тешете се еден со друг“. Зошто давањето утеха е важен начин на кој можеме да им покажеме на другите дека ги сакаме? Според едно стручно дело, грчкиот збор што тука е преведен со „тешете се“, значи „да бидеме покрај некого за да го охрабриме кога тој се соочува со тежок проблем“. Значи, кога тешиме некој брат или некоја сестра, ние всушност им помагаме да соберат сила и да продолжат верно да му служат на Јехова. Секогаш кога сме му рамо за плачење на некој наш соверник ние, всушност, му покажуваме дека го сакаме (2. Кор. 7:6, 7, 13).

10. Каква врска постои помеѓу сочувството и утехата?

10 Сочувството и давањето утеха се тесно поврзани. На кој начин? Една сочувствителна личност е поттикната да ги теши другите и да прави нешто за да им го олесни страдањето. Значи, сочувството нѐ поттикнува да ги тешиме другите. Павле објаснил дека Јехова е поттикнат да ги теши луѓето поради сочувството што го има кон нив. Павле го опишал Јехова како „Таткото на милосрдноста и Богот на секоја утеха“ (2. Кор. 1:3). Тука Павле го користи зборот „милосрдност“ за да укаже на сочувството што Јехова го има кон другите. Освен тоа, Јехова е наречен Таткото, односно изворот на милосрдноста бидејќи сочувството потекнува од него. А тоа сочувство го поттикнува да „нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Кор. 1:4). Исто како што чистата изворска вода ги освежува оние што се жедни, така Јехова ги зајакнува и ги теши оние што се во мака. Како можеме по примерот на Јехова да имаме сочувство и да ги тешиме другите? Еден начин е така што ќе развиваме особини кои ќе ни помогнат да имаме сочувство и да ги тешиме другите. Кои се некои од тие особини?

11. Според Колошаните 3:12 и 1. Петрово 3:8, кои други особини мора да ги развиеме за да ја зачуваме љубовта која нѐ поттикнува да ги тешиме другите?

11 Што ќе ни помогне и понатаму да ја имаме љубовта што ни е потребна за да продолжиме од ден на ден да се тешиме еден со друг? Треба да развиваме особини како што се сомилост, братска љубов и љубезност. (Прочитај Колошаните 3:12; 1. Петрово 3:8.) Како ќе ни помогнат овие особини? Кога тие ќе станат дел од нашата личност, ќе имаме силна желба да ги тешиме оние што се во неволја. Ова е во склад со она што го кажал Исус: „Устата го зборува она со кое е полно срцето. Добриот човек од својата добра ризница изнесува добро“ (Мат. 12:34, 35). Еден важен начин на кој покажуваме љубов кон браќата и сестрите е така што ги тешиме.

КАКО МОЖЕ НАШАТА ЉУБОВ КОН ДРУГИТЕ И ПОНАТАМУ ДА БИДЕ СИЛНА?

12. а) Зошто треба да бидеме претпазливи? б) Кое прашање ќе го разгледаме сега?

12 Сите имаме желба „да се сакаме еден со друг“ (1. Јов. 4:7). Но, важно е да го имаме на ум предупредувањето што го дал Исус дека „кај мнозина љубовта ќе олади“ (Мат. 24:12). Исус не сакал да каже дека ова ќе се случи со повеќето негови ученици. Но, треба да бидеме претпазливи и да не дозволиме врз нас да влијае овој свет во кој луѓето сѐ помалку покажуваат љубов. Имајќи го ова на ум, да го разгледаме следново важно прашање: Што ќе ни помогне да дознаеме дали нашата љубов кон браќата и сестрите е силна?

13. Што може да ја стави на испит нашата љубов?

13 Еден начин на кој можеме да откриеме колку е силна нашата љубов е така што ќе се преиспитаме како реагираме во одредени ситуации во животот (2. Кор. 8:8). Апостол Петар спомнал една таква ситуација: „Пред сѐ, горливо сакајте се еден со друг, зашто љубовта покрива мноштво гревови“ (1. Пет. 4:8). Значи, слабостите и несовршеноста на другите можат да ја стават на испит нашата љубов.

14. Според 1. Петрово 4:8, каква љубов треба да имаме? Наведи пример.

14 Да ги разгледаме подетално зборовите на Петар. Првиот дел од стих 8 опишува каква љубов треба да имаме. Таму пишува: „Горливо сакајте се еден со друг“. Вториот дел од стихот објаснува на што нѐ поттикнува таквата горлива, односно силна љубов. Таа нѐ поттикнува да ги покриваме грешките на нашите браќа и сестри. Тоа може да го споредиме со следниов пример: Замисли си една маса на која има многу флеки и гребнатини. Можеме да земеме еден чаршаф и да го постелиме на масата за да покриеме — не само еден или два недостатока — туку многу нејзини недостатоци. Слично на тоа, ако имаме силна љубов кон нашите браќа и сестри ќе можеме да им покриеме — односно да им простиме — не само една или две слабости туку „мноштво гревови“.

15. Што ќе можеме да правиме ако нашата љубов кон браќата и сестрите е доволно силна? (Колошаните 3:13).

15 Нашата љубов кон соверниците треба да биде доволно силна за да можеме да им ги простиме слабостите — дури и кога тоа е многу тешко. (Прочитај Колошаните 3:13.) Кога им простуваме на другите, покажуваме дека нашата љубов е силна и дека сакаме да го радуваме Јехова. Што друго може да ни помогне да им ги простуваме грешките на другите и да не се вознемируваме брзо кога прават нешто што нѐ нервира?

На вметнатната сликичка е прикажан еден брат кој од својот телефон брише една од неколкуте фотографии од група браќа и сестри. Друга фотографија од таа група, стои врамена на полица.

Исто како што ги зачувуваме најубавите фотографии, а другите ги бришеме, ние ги цениме убавите спомени со нашите соверници, а одбиваме да се навраќаме на лошите спомени (види во пасуси 16-17)

16-17. Што друго ќе ни помогне да преминеме преку малите грешки на другите? Наведи пример. (Види ја и сликата.)

16 Концентрирај се на позитивните работи кај твоите браќа и сестри, а не на негативните. Размисли за следнава споредба. Замисли дека си на едно дружење со група браќа и сестри. Убаво си поминувате и на крајот од дружењето правиш една заедничка фотографија. Всушност, правиш уште две фотографии во случај првата да не испаднала добро. Сега имаш три фотографии. Но, забележуваш дека на една од нив еден брат е намуртен. Што правиш со таа фотографија? Ја бришеш бидејќи имаш други две на кои сите од групата, вклучувајќи го и тој брат, се насмеани.

17 Фотографиите што ги зачувуваме може да ги споредиме со моментите што ги памтиме. Обично, имаме убави спомени од времето што сме го поминале со нашите браќа и сестри. Но, можеби во една од тие прилики некој од нив кажал или направил нешто нељубезно. Што треба да правиме со тој лош спомен? Треба да се обидеме да го избришеме од нашето сеќавање исто како што би избришале една од тие фотографии (Изр. 19:11; Еф. 4:32). Можеме да ја заборавиме таа мала грешка што ја направил тој наш соверник, затоа што се сеќаваме на многу други убави моменти што сме ги поминале со него. Сакаме да ги памтиме и да ги цениме само таквите убави моменти.

ЗОШТО ЉУБОВТА НИ Е ОСОБЕНО ПОТРЕБНА ДЕНЕС

18. Кои важни поуки во врска со љубовта ги разгледавме во оваа статија?

18 Зошто треба нашата љубов кон другите и понатаму да биде силна? Како што видовме, кога покажуваме љубов кон браќата и сестрите, всушност, покажуваме љубов кон Јехова. Како покажуваме дека ги сакаме соверниците? Еден начин на кој го правиме тоа е така што ги тешиме. Ќе можеме „да се тешиме еден со друг“ ако имаме сочувство. Што може да правиме за нашата љубов кон другите да остане силна? Треба да им ги простуваме грешките дури и кога тоа не е лесно.

19. Зошто денес е особено важно да покажуваме љубов еден кон друг?

19 Зошто денес е особено важно да покажуваме љубов еден кон друг? Петар ни ја кажал следнава причина: „Се приближи крајот на сѐ. Затоа... горливо сакајте се еден со друг“ (1. Пет. 4:7, 8). Како што се приближува крајот на овој злобен свет, што може да очекуваме? Зборувајќи за своите следбеници, Исус прорекол: „Сите народи ќе ве мразат поради моето име“ (Мат. 24:9). За да му останеме верни на Јехова и покрај омразата, треба да останеме обединети. Ако го правиме тоа, Сатана никогаш нема да успее да нѐ подели бидејќи љубовта совршено нѐ поврзува (Кол. 3:14; Фил. 2:1, 2).

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Од кои причини треба да ги сакаме нашите браќа и сестри?

  • Како покажуваме дека ги сакаме нашите соверници?

  • Зошто спремноста да простуваме е израз на нашата љубов?

ПЕСНА 130 Спремно да простуваме

a Денес, повеќе од кога и да било порано, е важно да покажуваме љубов кон нашите браќа и сестри. Зошто е тоа така? И како можеме да им покажеме на другите дека ги сакаме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели