Последната вечера — што е тоа?
НА ШТО помислуваш кога ќе го слушнеш изразот „последната вечера“? Многу луѓе ќе помислат на многу ценетата фреска на сликарот Леонардо да Винчи (1452—1519) што се наоѓа во Милано (Италија). Факт е дека низ вековите Последната вечера била популарна тема за уметниците, писателите и музичарите.
Но, што е Последната вечера, и какво значење има таа за луѓето што живеат во 21 век? Енциклопедиите и речниците ќе ти кажат дека Последната вечера, исто така наречена и Господова вечера, е вечерата на Исус и неговите апостоли ноќта пред неговата жртвена смрт. Затоа што тоа е последната вечера на Исус со неговите верни следбеници, традиционално е наречена Последната вечера. А затоа што била воведена лично од Господ Исус Христос, соодветно е и името Господова вечера.
Низ вековите, многумина го жртвувале својот живот за она што го сметале за вредни цели. Некои од овие жртви им донеле корист на одредени луѓе за извесно време. Меѓутоа, во споредба со смртта на Исус Христос, ниедна ваква самопожртвувана смрт, колку и да е за пофалба, ни одблизу не е толку значајна колку смртта на Исус Христос. Освен тоа, ниедна смрт во човечката историја исполнета со проблеми, во никој случај не би можела да има толку далекосежни резултати за сите. Зошто?
За да одговориме на тоа прашање и за да ти помогнеме да откриеш какво значење има Господовата вечера за тебе, те покануваме да ја прочиташ следната статија.