ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/12 стр. 7
  • Имај цел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имај цел
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Ти можеш да ги оствариш твоите духовни цели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Треба ли да прекинам со школувањето?
    Разбудете се! 2010
  • Што да правам со својот живот?
    Разбудете се! 2006
  • Што можат да направат родителите
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 10/12 стр. 7

Имај цел

Образованието има смисла — и станува позабавно — кога знаеш што сакаш да постигнеш со него.

ДА ГИ поминеш школските денови без цел е исто како да трчаш по патека без целна линија. Библијата вели: „Не трчам бесцелно и не удирам со раката како да го бијам воздухот“ (1. Коринќаните 9:26). Кога имаш цел, остануваш сконцентриран на неа и ќе можеш полесно да се снајдеш кога ќе се вработиш. Како можеш да си поставиш цел?

Прашај се: ‚Како планирам да се издржувам?‘ Не го одложувај одговорот. Почни да си правиш план уште сега. Зошто? Размисли од овој агол: Ако сакаш да одиш на патување, прво треба да знаеш каде сакаш да одиш. Потоа, ќе го најдеш местото на карта и ќе одредиш кој е најдобриот начин да стигнеш таму. Слично можеш да гледаш и на школувањето. Размисли што би сакал да работиш, а потоа преземи чекори што ќе ти помогнат да стигнеш до својата цел.

Предупредување: Голем број млади се толку решени да го работат само она што најмногу го сакаат — на пример, да станат професионални музичари — што им е одбивна и самата помисла да работат нешто друго. Кој став би бил помудар?

  1. Земи ги предвид твоите способности. На пример, сакаш ли да им помагаш на другите или да правиш нешто во нивна корист? Дали те интересира механика? Дали си добар со бројки? Со пари? Те бива ли за поправки?

  2. Земи ги предвид сите опции. Во склад со своите способности, што би можел да работиш? Дискутирај со други за сите опции што ги имаш. Немој да се концентрираш само на занимањето кое мислиш дека е „идеално“ за тебе. Размислувај практично. На пример, ако дојде ред да се преселиш во друго место, ќе најдеш ли работа за твојата струка? Дали ќе мораш да влезеш во долгови до гуша за да го стекнеш потребното образование за таа струка?

  3. Земи предвид што се нуди. Кога ќе бидеш на јасно што сакаш да работиш, провери колку такви работни места се нудат во твојата околина. Познаваш ли некои такви фирми? Ако да, има ли можност кај нив да се работи хонорарно? Дали имаат курсеви за практична обука?

Предлог: Посоветувај се со родителите, со наставниците и со некои возрасни пријатели. Провери во локалните весници и на Интернет.

Заклучок: Ако имаш цел, твоето образование ќе има смисла.

Спремен ли си да почнеш? Размислувај за трите точки од оваа статија сега, додека сѐ уште си на училиште. Запиши си ги своите цели и зборувај за нив со родителите.

Веројатно забележа дека во овие статии, во кои се изнесени чекорите што ќе ти помогнат да бидеш добар ученик, често се осврнуваме на Библијата. Издавачите на ова списание, Јеховините сведоци, веруваат дека Библијата содржи совети кои ‚ни покажуваат како да живееме‘ (2. Тимотеј 3:16, Радосна Вест). Нејзините совети се практични — не само кога станува збор за училиштето туку и за работата, за семејството и за секој аспект од животот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели