ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/6 стр. 30
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Внимавај, Сатана сака да те проголта!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Запознај го својот непријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Сатана
    Разбудете се! 2013
  • Кој е Сатана? Дали навистина постои?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/6 стр. 30

Прашања од читателите

Дали Сатана Ѓаволот има способност да ги чита човечките мисли?

Иако не можеме да бидеме догматични, изгледа дека ниту Сатана ниту неговите демони немаат способност да ни ги читаат мислите.

Разгледај ги описните имиња што му се припишуваат на Сатана. Наречен е Сатана (Противник), Ѓавол (Клеветник), Змија (синоним за Измамник), Искушувач и Лажливец (Јов 1:6; Матеј 4:3; Јован 8:44; 2. Коринќаните 11:3; Откровение 12:9). Ниедно од овие описни имиња не укажува на тоа дека Сатана има способност да чита мисли.

Меѓутоа, спротивно на тоа, Јехова Бог е опишан дека „го испитува срцето“ (Пословици 17:3; 1. Самоил 16:7; 1. Летописи 29:17). „Нема ниедно создание кое не е видливо пред неговиот поглед“, се вели во Евреите 4:13, „туку сѐ е голо и отворено изложено пред очите на оној кому ние мораме да му положиме сметка.“ Не изненадува тоа што способноста да ги испитува срцата Јехова му ја дал на својот Син, Исус. Воскреснатиот Исус рекол: „Јас сум оној кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас според неговите дела“ (Откровение 2:23).

Библијата не кажува дека Сатана може да го испитува човечкото срце и ум. Ова е важно затоа што апостол Павле нѐ уверува дека христијаните ‚не се во незнаење за неговите намери‘ (2. Коринќаните 2:11). Затоа не треба да се плашиме дека Сатана има некоја посебна способност за која воопшто не сме свесни.

Сепак, ова не значи дека нашиот Противник не може да ги согледа нашите слабости. Сатана имал на располагање векови за да го проучува човечкото однесување. Не мора да има способност да ги чита мислите за да сфати какви обрасци на однесување поставуваме, да увиди по каква забава се стремиме или да чуе за што разговараме итн. Нашите изрази на лицето и нашето држење исто така можат да му помогнат да сфати за што размислуваме или што чувствуваме.

Меѓутоа, општо земено, Сатана ги користи истите средства што ги користел и во Еденската градина — лаги, измама и лажни информации (Битие 3:1—5). Иако христијаните не треба да се плашат дека Сатана ќе им ги прочита мислите, сепак имаат причина да бидат загрижени за тоа какви мисли Сатана може да се обиде да им стави во умот. Тој сака христијаните да бидат „со расипан ум и лишени од вистинтата“ (1. Тимотеј 6:5). Не е за чудење што светот на Сатана е преплавен со расипувачки информации и забава. За да го издржат овој напад, христијаните мораат да го заштитат својот ум така што ќе го носат „шлемот на спасението“ (Ефешаните 6:17). Тоа го прават така што го полнат својот ум со библиски вистини и избегнуваат непотребен контакт со непристојните влијанија на Сатановиот свет.

Сатана е тежок непријател, но не треба да имаме морбиден страв од него или од неговите демони. Јаков 4:7 нѐ уверува: „Спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас“. Ако го следиме овој совет, како Исус, ќе можеме да речеме дека Сатана нема власт над нас (Јован 14:30).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели