ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Арката на Ное и бродоградбата
    Разбудете се! 2007 | Јануари
    • Извештајот од 1. Мојсеева покажува дека Бог решил да пушти потоп на целата Земја за да ја исчисти од злобата. Но, пред да го стори тоа, му рекол на Ное да направи арка за да може во овој голем Потоп да се спаси себеси и своето семејство, како и примероци од животинскиот свет. Бог му дал упатства на Ное арката да биде долга 300 лакти, широка 50 лакти и висока 30 лакти (1. Мојсеева 6:15). Според една внимателна проценка, ова би значело дека арката била долга 134 метри, широка 22 метра и висока 13 метри.a Таа имала зафатнина од 40.000 кубни метри, што значи дека нејзиниот волумен бил скоро ист со волуменот на луксузниот прекуокеански брод Титаник.

  • Арката на Ное и бродоградбата
    Разбудете се! 2007 | Јануари
    • Добри пловни карактеристики

      Должината на арката била шест пати поголема од нејзината широчина и десет пати поголема од нејзината височина. Многу современи бродови се прават со слични пропорции, иако размерот должина-широчина зависи од силата што е потребна за тие да се движат низ водата. Но, арката требало само да се одржува на површината. Колку добро ќе може да го прави тоа?

      Начинот на кој пловниот објект одолева на ветрот и на брановите зависи од неговите пропорции. Библијата вели дека Потопот бил предизвикан од силни дождови, а спомнува и дека подоцна Бог пуштил да задува ветар (1. Мојсеева 7:11, 12, 17-20; 8:1). Иако Библијата не кажува колку биле силни брановите и ветрот што дувал, најверојатно и брановите и ветрот биле силни и променливи исто како што знаат да бидат и денес. Колку подолго и посилно дува ветрот, толку повисоки и поодалечени еден од друг се брановите. Освен тоа, можеби високите бранови биле резултат и на сеизмичкото движење на копното.

      Благодарение на своите пропорции, арката била стабилна и не се превртела. Самата конструкција овозможила арката да го издржи силното дејство на високите бранови кои можеле да предизвикаат силно да се лула по должина (напред-назад). Претераното лулање — кога бранот го крева едниот крај на пловилото, а потоа нагло го спушта назад во морето — би било многу непријатно за луѓето и за животните што биле во неа. Освен тоа, ваквото лулање го става пловниот објект под силен притисок. Неговата конструкција мора да е доволно јака за да не се свитка премногу на средината кога големите бранови истовремено ќе го подигнат и од двата краја. Од друга страна, пак, кога некој голем бран ќе го крене на средината, при што краевите остануваат да висат во воздух, клунот и крмата можат да се свиткаат надолу. Бог му дал упатства на Ное должината и висината на арката да бидат со размер 10 спрема 1. Подоцна, бродоградителите морале да научат од сопствено лошо искуство дека пловните објекти можат да го издржат притисокот од силните бранови само ако должината и длабочината им се со ваков размер.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели