ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/3 стр. 24-25
  • Тие не си направиле славно име

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие не си направиле славно име
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потполн неуспех
  • Нимрод — дрзок бунтовник
  • Луѓето градат голема кула
    Мојата книга со библиски приказни
  • Зошто ни е потребно Божјето Царство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Врвни точки од книгата Битие — I
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/3 стр. 24-25

Тие не си направиле славно име

БИБЛИЈАТА не ги именува градителите на злогласната Вавилонска кула. Извештајот наведува: „Потоа рекоа: ‚Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име [да си направиме славно име, NW], пред да се растуриме по лицето на целата Земја‘“ (1. Мојсеева 11:4).

Кои биле ‚тие‘? Овој настан се случил околу 200 години после потопот. Дотогаш, Ное, стар околу 800 години, живеел меѓу илјадници свои потомци. Сите тие го зборувале истиот јазик и живееле заедно во главното подрачје, каде што тој и неговите синови се населиле после потопот (1. Мојсеева 11:1). Во некој временски период, дел од ова зголемено население се преселило на исток и ‚нашло рамнина во земјата Сенарска‘ (1. Мојсеева 11:2).

Потполн неуспех

Токму во оваа долина, групата одлучила да се побуни против Бог. Како тоа? Па, Јехова Бог ја изразил својата намера кога ѝ заповедал на првата човечка двојка да ‚се плоди и да се множи и да ја наполни земјата‘ (1. Мојсеева 1:28). Ова му било повторено на Ное и на неговите синови после потопот. Бог ги упатил: „Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја и владејте ја“ (1. Мојсеева 9:7). Во отпор против Јеховиното упатство, луѓето изградиле град за да не бидат ‚растурени по лицето на целата Земја‘.

Овие луѓе исто така почнале да градат една кула со намера да си направат „славно име“. Но, спротивно на нивните очекувања, тие не ја довршиле градбата на кулата. Библискиот извештај покажува дека Јехова им го побркал јазикот, така што не можеле да се разберат еден со друг. „И така“ — вели инспирираниот извештај — „Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот и кулата“ (1. Мојсеева 11:7, 8).

Потполниот неуспех на овој потфат е истакнат со фактот дека имињата на градителите никогаш не станале ‚славни‘, односно добро познати. Всушност, нивните имиња се непознати и биле избришани од човечката историја. Но, што е со Нимрод, Ноевиот правнук? Зарем тој не бил водач на оваа побуна против Бог? Не ли е неговото име добро познато?

Нимрод — дрзок бунтовник

Несомнено, Нимрод бил ороводецот. 1. Мојсеева, поглавје 10, го претставува како „моќен ловец во отпор против Јехова“ (1. Мојсеева 10:9, NW). Писмото исто така вели дека ‚тој прв станал силен на земјата‘ (1. Мојсеева 10:8). Нимрод бил воин, човек од насилство. Тој станал првиот човечки владетел после потопот, назначувајќи се себеси за цар. Нимрод бил и градител. Библијата му ја припишува заслугата дека бил основач на осум градови, вклучувајќи го и Вавилон (1. Мојсеева 10:10—12).

Затоа, Нимрод — противник на Бог, цар на Вавилон и градител на градови — несомнено учествувал во градењето на Вавилонската кула. Зарем тој не си направил славно име? Во врска со името Нимрод, ориенталистот Е. Ф. К. Розенмилер напишал: „Името на Нимрод му било дадено од [мара́д], ‚се побунил‘, ‚напуштил‘, според хебрејското значење“. Потоа Розенмилер објаснува дека „ориенталците неретко имаат обичај своите благородници да ги нарекуваат според имињата дадени после смртта, од кои, понекогаш, доаѓа зачудувачката согласност помеѓу имињата и направените работи“.

Неколкумина изучувачи го делат мислењето дека името Нимрод не било име дадено при раѓањето. Наместо тоа, го сметаат за име дадено подоцна за да одговара на неговиот бунтовен карактер, откако тој станал очевиден. На пример, К. Ф. Кајл наведува: „Самото име, Нимрод од [мара́д], ‚ќе се побуниме‘, укажува на некаков насилен отпор спрема Бог. Тоа е толку карактеристично што можеле да го дадат само неговите современици, и на тој начин станало лично име“. Во една фуснота, Кајл го цитира историчарот Јакоб Перизониус кој пишува: „Јас би верувал дека овој човек [Нимрод], како брутален ловец и опкружен со банда другари, за да ги поттикне останатите на буна, секогаш во својата уста го имал и го редуплицирал тој збор ‚нимрод, нимрод‘ то ест: ‚Да се побуниме! Да се побуниме!‘ Затоа, во подоцнежни времиња, како и самиот Мојсеј, другите го означувале со тој збор како со лично име“.

Јасно, Нимрод не си направил славно име. Името што му било дадено при раѓањето, очигледно е непознато. Тоа било избришано од историјата, како и имињата на оние кои го следеле неговото водство. Не оставил дури ни потомство за да го носи неговото име. Наместо да добие слава и прочуеност, тој бил обвиткан со озлогласеност. Името Нимрод засекогаш го етикетирало како дрзок бунтовник кој будалесто го предизвикал Јехова Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели