ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/1 стр. 30-31
  • Да се најде сопруга за Исак

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се најде сопруга за Исак
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Предизвикувачка мисија
  • Поуки за нас
  • Ревека го радувала Јехова
    Поучете ги своите деца
  • Ревека сакала да го радува Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Таа рекла „сакам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Моќта на молитвата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/1 стр. 30-31

Тие ја извршувале Јеховината волја

Да се најде сопруга за Исак

ПОСТАРИОТ човек кој седи покрај изворот, бил исцрпен. Тој и неговите служители со нивните десет камили напорно патувале целиот пат од близината на Вирсавија до северна Месопотамија — растојание од над 800 километри.a Сега кога стигнале до своето одредиште, овој уморен патник паузирал за да размисли за својата тешка мисија. Кој бил овој човек и зошто го презел ова напорно патување?

Човекот бил Авраамов слуга, „најстариот во домот негов“ (1. Мојсеева 24:2). Иако во извештајот не е именуван, очигледно тоа бил Елиезер, на кого Авраам еднаш се осврнал како на ‚еден од домашните во неговата куќа‘ и за кого зборувал дека е „наследник“ (1. Мојсеева 15:2, 3). Се разбира, тоа било кога Авраам и Сара биле бездетни. Нивниот син, Исак, сега имал 40 години и, иако Елиезер повеќе не бил Авраамов главен наследник, тој сѐ уште бил негов слуга. Затоа тој се потчинил кога Авраам поставил едно предизвикувачко барање. Што било тоа?

Предизвикувачка мисија

Во Авраамово време, бракот влијаел не само врз семејството туку и врз целото племе, односно патријархалната заедница. Затоа, било обичај родителите да избираат брачен партнер за своите деца. Меѓутоа, трагајќи по сопруга за својот син Исак, Авраам бил соочен со една дилема. Безбожните патишта на локалните Хананејци направиле бракот со една од нив да биде незамислив (5. Мојсеева 18:9—12). Било обичај мажот да се жени во рамките на своето племе, но роднините на Авраам живееле стотици километри далеку во северна Месопотамија. Тој не можел едноставно да го пресели Исака таму, бидејќи Јехова му имал ветено на Авраам: „На потомството твое ќе му ја дадам оваа земја“ — Хананската земја (1. Мојсеева 24:7). Затоа, Авраам му рекол на Елиезер: „Ќе отидеш во земјата моја, каде што се родив, во родот мој, и ќе му доведеш жена на синот мој Исака оттаму“ (1. Мојсеева 24:4).

Откако го завршил долгото патување, Елиезер почивал кај изворот додека размислувал за својата мисија. Сфатил дека наскоро жените ќе дојдат кај изворот за да ја нацрпат вечерната залиха од вода. Затоа тој го преколнувал Јехова: „На која девојка ќе ѝ речам — ‚Наведни ја стомната своја да пијам‘ — а таа ќе рече — ‚На, пиј, и камилите твои ќе ги напојам — додека се напивам,‘ неа си ја определил за слугата твој Исака; и по тоа ќе разберам дека си му направил милост на господарот мој Авраама“ (1. Мојсеева 24:14).

Додека тој сѐ уште се молел, се приближила една привлечна млада жена по име Ревека. „Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!“ — ѝ рекол Елиезер. Ревека направила така, а потоа рекла: „И на камилите твои ќе им налеам додека сите не се напијат“. Тоа била великодушна понуда, бидејќи една жедна камила може да испие и до 95 литри вода за само десет минути! Без разлика дали камилите на Елиезер биле толку жедни или не, Ревека сигурно знаела дека услугата што понудила да ја направи ќе биде напорна. Всушност, таа ‚брзо ја истурила стомната своја во поилото, и пак отрчала до изворот да ја наполни, и им налеала на сите камили негови‘ (1. Мојсеева 24:15—20).

Чувствувајќи го Јеховиното водство, Елиезер ѝ дал на Ревека еден златен прстен за нос и две златни бразлетни, вредни околу 1.400 долари во денешна вредност. Кога Ревека му кажала дека е внука на Нахор, Авраамовиот брат, Елиезер принел молитва на благодарност до Бог. „Господ ме доведе по прав пат во домот на братот од господарот мој“ — рекол тој (1. Мојсеева 24:22—27). Елиезер бил одведен кај семејството на Ревека. Со текот на времето, Ревека станала сопруга на Исак, и ја имала предноста да стане предок на Месијата, Исус.

Поуки за нас

Јехова го благословил Елиезеровиот искрен напор да најде богобојазлива сопружничка за Исак. Сепак, запомни дека Исаковиот брак бил директно поврзан со Божјата намера да произведе семе преку Авраам. Затоа, овој извештај не треба да нѐ наведе да заклучиме дека на секого кој се моли за сопружник, истиот ќе му биде даден на чудесен начин. Сепак, ако се придржуваме за Јеховините начела, тој ќе ни ја даде силата да ги издржиме предизвиците што доаѓаат со кои и да се околности во животот — било брачни или самечки (1. Коринтјаните 7:8, 9, 28; спореди Филипјаните 4:11—13).

Елиезер морал да вложи голем напор да ги направи работите на Јеховин начин. И ние можеме да утврдиме дека прилагодувањето на Јеховините мерила не е секогаш лесно. На пример, може да биде тешко да се најде вработување што не ја задушува теократската активност, сопружник кој е богобојазлив, другари кои се изградувачки, забава која не е расипувачка (Матеј 6:33; 1. Коринтјаните 7:39; 15:33, НС; Ефесјаните 4:17—19). Сепак, Јехова може да ги одржи оние кои одбиваат да ги компромитираат библиските начела. Библијата ветува: „Надевај се на Господа од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже [исправи, НС] твоите патеки“ (Изреки 3:5, 6).

[Фуснота]

a Ако се земе во обѕир просечната брзина на камилите, можеби биле потребни повеќе од 25 дена за да се заврши патувањето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели