-
Таа рекла „сакам“Стражарска кула (За јавност) 2016 | Бр. 3
-
-
Една приквечерина, тукушто ја наполнила стомната кога до неа дошол еден постар човек и ѝ рекол: „Те молам, дај ми голтка вода од твојата стомна!“ Неговиот глас бил благ и љубезен. Освен тоа, било очигледно дека доаѓа оддалеку, а побарал само голтка вода! Ревека брзо ја спуштила стомната од рамото и му дала да се напие од свежата вода не само голтка туку колку што сакал. Тогаш ги забележала неговите десет камили што лежеле во близина, и видела дека поилото е празно. Човекот ја гледал со толку мили очи што посакала да направи уште нешто добро за него. Затоа му рекла: „И на твоите камили ќе им црпам вода додека да ги напојам“ (1. Мојсеева 24:17-19).
Ревека не рекла дека ќе им даде само малку вода на камилите, туку се понудила да црпи вода за нив сѐ додека не се напојат. Кога е многу жедна, една камила може да испие повеќе од 95 литри вода. Ако сите десет камили биле жедни, Ревека ја чекало многу работа! За среќа, изгледа дека камилите не биле толку жедни.a Но, Ревека не го знаела тоа однапред. Таа сакала да му помогне на овој непознат постар човек дури и ако тоа значело дека прилично ќе се намачи. Тој ја прифатил нејзината понуда. Неговиот поглед ја следел додека таа одново и одново одела до бунарот, полнејќи ја стомната и истурајќи ја водата во поилото (1. Мојсеева 24:20, 21).
Ревека била вредна и гостопримлива
-
-
Таа рекла „сакам“Стражарска кула (За јавност) 2016 | Бр. 3
-
-
a Веќе почнувало да се стемнува. Од библискиот извештај не се добива впечаток дека Ревека останала со часови кај бунарот. Никаде не е спомнато дека нејзините домашни веќе спиеле кога се вратила, ниту дека некој отишол да види зошто се задржала толку долго.
-