ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/4 стр. 8-11
  • Ревека — побожна жена од акција

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ревека — побожна жена од акција
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во потрага по жена што ги исполнува условите
  • Дали Ревека ги исполнува условите?
  • Синови близнаци
  • Обезбедувањето благослов за Јаков
  • Јаков е испратен во Харан
  • Таа рекла „сакам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Ревека сакала да го радува Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Ревека го радувала Јехова
    Поучете ги своите деца
  • Исак добива добра жена
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/4 стр. 8-11

Ревека — побожна жена од акција

ПРЕТПОСТАВИ си дека можеш ти лично да избереш сопруга за твојот син. Каква личност би избрал? Кои услови треба да ги исполнува? Дали ќе бараш некоја што е физички привлечна, интелигентна, љубезна, вредна? Или, најпрво би барал нешто друго?

Авраам се соочил со оваа дилема. Јехова му ветил дека неговите потомци ќе бидат благословени преку син му Исак. Моментот кога се вклучуваме во извештајот, Авраам е веќе стар, а син му е сѐ уште ерген (Битие 12:1—3, 7; 17:19; 22:17, 18; 24:1). Бидејќи Исак ќе ги дели благословите со сопругата што допрва требало да му ја најдат и со потомците што ќе ги има со неа, Авраам организира да најде сопруга што ќе му одговара на Исак. Пред сѐ, таа мора да му служи на Јехова. Бидејќи во Ханаан, каде што Авраам живее, нема таква жена, мора да бара на друго место. Личноста што на крајот е избрана е Ревека. Како ја нашол? Дали таа е духовна жена? Што можеме да научиме ако го разгледаме нејзиниот пример?

Во потрага по жена што ги исполнува условите

Авраам го испраќа својот најстар слуга, најверојатно Елиезер, во далечната Месопотамија за да избере невеста за Исак од роднините на Авраам, кои исто така биле обожаватели на Јехова. Работата е толку сериозна што Елиезер мора да се заколне дека нема да земе Ханаанка за жена на Исак. Вредно е да се забележи дека Авраам инсистирал на ова (Битие 24:2—10).

Откако пристигнува во градот каде што живеат роднините на Авраам, Елиезер ги носи своите десет камили до еден бунар. Замисли си ја сцената! Вечер е и Елиезер се моли: „Еве ме крај кладенец, а ќерките на оние од градот доаѓаат да нацрпат вода; и нека девицата на која ѝ речам: ‚Те молам, спушти ја твојата врчва да се напијам‘, а таа ми одговори: ‚Пиј! Ќе ти ги напојам и камилите‘, — биде онаа, што си ја одредил за својот слуга Исак“ (Битие 24:11—14).

Нешто што веројатно ѝ било познато на секоја тамошна жена е дека една жедна камила може да испие многу (до 100 литри) вода. Затоа, кога една жена би понудила да напои десет камили би морала да биде подготвена доста да се намачи. Да го стори ова додека другите гледаат без да ѝ понудат помош би било сигурен доказ за силата, стрпливоста, понизноста и добродушноста со луѓето и со животните на таквата жена.

Што се случува? „Штом го дорече тоа, ете! Дојде Ревека, ќерката Ватуилова. Тој Ватуил ѝ беше син на Мелха, Авраамовата снаа од братот Нахор. Дојде со врчва на рамо. Девојката беше прекрасна, девица . . . слезе при кладенецот, ја наполни врчвата, и ете ја пак горе. Слугата ѝ се затрча во пресрет и ѝ рече: ‚Дај ми малку вода од твојата врчва!‘ ‚Пиј, господине!‘ — одговори таа. Брзо ја спушти врчвата на рака и му даде да пие“ (Битие 24:15—18).

Дали Ревека ги исполнува условите?

Ревека е правнука на Авраам, и освен тоа што е убава таа е и доблесна. Таа не се притеснува да разговара со некој непознат ниту, пак, е претерано слободна. Го услужува Елиезер кога ѝ бара вода. Тоа и треба да се очекува зашто така налага учтивоста. Но, што е со вториот дел од испитот?

Ревека вели: „Пиј, господине!“ Но, тоа не било сѐ. Ревека продолжува: „Ќе им налеам и на твоите камили, за да се напијат“. Таа нуди повеќе од она што можеби нормално би се очекувало. Со задоволство, таа спремно ‚ја излева бргу врчвата во поилото, отрчува назад до кладенецот за да црпи повторно, и така им налева на сите негови камили‘. Вредна е и брза како пчела. „Човекот“, вели извештајот, „ја набљудуваше со молчење“ (Битие 24:19—21).

Кога дознава дека девојката му е роднина на Авраам, Елиезер паѓа на колена и му благодари на Јехова. Тој прашува дали во куќата на татко ѝ ќе има место за да преноќат тој и неговите луѓе. Ревека му вели дека има и отрчува дома да јави за гостите (Битие 24:22—28).

Кога ја слушаат приказната на Елиезер, братот на Ревека, Лаван, и татко ѝ, Ватуил, сфаќаат дека Бог ги води работите. Се разбира, Ревека е избраничката за Исак. „Земи ја и оди си“, велат тие, „нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.“ Што мисли Ревека за сето тоа? Кога ја прашуваат дали би сакала веднаш да замине, таа одговара со еден хебрејски збор што значи: „Сакам“. Таа не е обврзана да ја прифати оваа понуда за брак. Авраам јасно му дал на знаење на Елиезер дека го ослободува од заклетвата „ако жената не сака“ да тргне. Но, и Ревека го гледа Божјето водство во работите. Па така, без одложување го остава своето семејство за да се омажи за човек што никогаш не го видела. Оваа храбра одлука е извонреден доказ за вера. Ревека навистина е вистинскиот избор (Битие 24:29—59).

Кога го среќава Исак, Ревека си става превез како доказ за подложност. Исак ја зема за жена и, без сомнение поради нејзините прекрасни особини, се вљубува во неа (Битие 24:62—67).

Синови близнаци

Околу 19 години Ревека нема деца. На крај зачнува близнаци, но бременоста е тешка зашто децата се удираат едно со друго во нејзината утроба, што ја наведува Ревека да извика кон Бог. И ние можеби го правиме истото во моментите кога нешто во животот ни паѓа многу тешко. Јехова ја слуша Ревека и повторно ѝ ја враќа вербата дека ќе биде добро. Таа ќе стане мајка на две нации и „повозрасниот ќе му служи на помладиот“ (Битие 25:20—26).

Тие зборови можеби не се единствената причина поради која Ревека повеќе го сака својот помлад син, Јаков. Момчињата се различни. Јаков е „кроток“, а Исав има толку лежерен став кон духовните работи што за еден оброк му го продава на Јаков своето право на првородство, своето право да ги наследи Божјите ветувања. Бракот на Исав со две Хетејки покажува непочитување — па дури и презир — кон духовните вредности, што им причинува голема болка на неговите родители (Битие 25:27—34; 26:34, 35).

Обезбедувањето благослов за Јаков

Библијата не кажува дали Исак знае дека Исав мора да му служи на Јаков. Како и да е, и Ревека и Јаков знаат дека благословот му припаѓа нему. Ревека се впушта во акција кога ќе чуе дека Исак има намера да го благослови Исав кога овој ќе му донесе јадење од дивеч. Одлучноста и ревноста својствени за неа во младоста сѐ уште ја држат. Таа му ‚наредува‘ на Јаков да ѝ донесе две јариња. Ќе подготви јадење што маж ѝ многу го сака. Потоа Јаков мора да се преправи во Исав за да го добие благословот. Јаков се противи. Татко му сигурно ќе ја разоткрие измамата и ќе го проколне! Ревека е упорна. „Сине мој, твоето проклетство нека падне врз мене!“ вели таа. Потоа го приготвува јадењето, го преправа Јаков и го испраќа кај маж ѝ (Битие 27:1—17).

Зошто Ревека постапува вака не е кажано. Мнозина ја осудуваат нејзината постапка, но не и Библијата, ниту, пак, Исак кога дознава дека Јаков го примил благословот. Напротив, уште и го зголемува (Битие 27:29; 28:3, 4). Ревека знае што прорекол Јехова за нејзините синови. Затоа презема чекори за да се погрижи Јаков да го добие благословот што со право му припаѓа. Ова очигледно е во склад со Јеховината волја (Римјаните 9:6—13).

Јаков е испратен во Харан

Ревека сега му ги попречува намерите на Исав со тоа што го тера Јаков да избега додека не помине гневот на брат му. Во врска со својот план таа бара согласност од Исак, но добронамерно избегнува да го спомне гневот на Исав. Наместо тоа, тактично му се обраќа на својот маж на тој начин што му кажува дека е загрижена Јаков да не се ожени со Хананка. Самата помисла на тоа е доволна за да го убеди Исак да му нареди на Јаков да не стапи во таков брак и за да го испрати кај семејството на Ревека да си најде богобојазлива жена. Нема извештај дека Ревека некогаш повторно го видела Јаков, но нејзините постапки навистина ѝ донесуваат богати благослови на идната израелска нација (Битие 27:43—28:2).

Она што го знаеме за Ревека нѐ поттикнува да ѝ се восхитуваме. Таа била многу убава, но нејзината вистинска убавина била нејзината побожна оддаденост. Токму таква снаа барал Авраам. Нејзините други добри особини веројатно го надминале сето она на што Авраам се надевал. Верата и храброста со која го следела Божјето водство и нејзината ревност, скромност и великодушна гостољубивост се особини што сите христијанки треба да ги имитираат. Ова се особините што и самиот Јехова ги бара од една жена што навистина е за пример.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели