ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/5 стр. 28-30
  • Мазно бричење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мазно бричење
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Од школка до брич за еднократна употреба
  • Влегуваат и излегуваат од мода
  • Каква улога имаат мустаќите на мачките
    Разбудете се! 2015
  • Дали сте загрижени за својата коса?
    Разбудете се! 2002
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/5 стр. 28-30

Мазно бричење

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО АВСТРАЛИЈА

АКО еден маж троши пет минути на ден за да се избричи и тоа го прави секој ден во текот на 50 години, ќе потроши преку 63 дена од својот живот отстранувајќи влакна од лицето! Што мислат мажите за овој секојдневен ритуал?

Една неодамнешна неформална анкета ги даде следниве коментари во врска со бричењето: „Не го сакам“. „Го мразам.“ „Опасно за животот.“ „Нешто што треба да се избегнува секогаш кога се може.“ Ако некои мажи толку ги нервира отстранувањето на влакната од лицето, тогаш зошто го прават тоа? Да научиме нешто повеќе во врска со бричењето. Можеби ќе го најдеме одговорот.

Од школка до брич за еднократна употреба

Можете ли да си замислите да се бричите со школка? Со заб од ајкула? Можеби со остро парче кремен? Луѓето покажале извонредна досетливост во изборот на прибор за бричење! Во древниот Египет, мажите се бричеле со бакарен жилет кој личел на мала секира. Во поново време, во 18-тиот и 19-тиот век, се произведувале таканаречените „касапи“, главно во Шефилд (Англија). Честопати богато украсени, овие бричеви имале челично сечило со издлабена основа, кое безбедно се склопувало во рачката кога не се користело. Со овие направи морало да се ракува многу внимателно, а учењето да се ракува со нив несомнено чинело нешто повеќе отколку малку кожа и крв. За оние што не биле толку вешти, во почетокот мора да било многу трауматично. Меѓутоа, 20-тиот век ветувал дека ќе донесе олеснување.

Во 1901, еден човек од Соединетите Држави по име Кинг Камп Жилет патентирал еден сигурен брич со жилет за еднократна употреба. Неговата замисла брзо го освоила светот и конечно довела до различни дизајни, вклучувајќи ги и бричевите со сребрени или златни рачки. Поновите изуми вклучуваат бричеви кои се само за еднократна употреба, бричеви со два или три жилети и бричеви со подвижна глава што се врти на осовина.

Се разбира, не треба да се заборават електричните бричеви, кои првпат се појавиле на пазарот во 1931 година. Нивната ефикасност и популарност постојано растеле, но сепак, многумина кои сакаат навистина мазно бричење, повеќе го сакаат остриот раб на жилетот.

Влегуваат и излегуваат од мода

Уште од најрани времиња, брадите кај мажите влегувале и излегувале од мода. Книгата Everyday Life in Ancient Egypt (Секојдневниот живот во древен Египет) вели дека древните Египќани „не биле познати по влакната на телото и се гордееле кога биле мазно избричени, користејќи добро направени бричеви што ги чувале во уредни кожни кутивчиња“. Овој обичај може да објасни зошто еврејскиот затвореник Јосиф се избричил пред да излезе пред фараонот (1. Мојсеева 41:14).

Кај Асирците, мажите носеле прекрасни бради. До степен на вообразеност, тие посветувале голема грижа и внимание на своите брадите, богато ги кадросувале, ги плетеле и ги дотерувале.

Мажите во древниот Израел носеле бради со средна должина и користеле брич за да ги одржуваат уредни. Според тоа, што се мислело кога во Божјиот закон им се заповедало на Израелците ‚да не ја стрижат главата своја наоколу‘ ниту да ‚го расипуваат изгледот‘ на своите бради? Тоа не била заповед против потстрижување на косата или брадата. Наместо тоа, Израелците биле поттикнати да не ги имитираат екстремните религиозни практики на соседните пагански нацииa (3. Мојсеева 19:27; Јеремија 9:25, 26; 25:23; 49:32).

Во древна Грција, обично сите носеле бради освен благородниците, кои честопати биле сосема избричени. Во Рим, изгледа дека навиката на бричење започнала во вториот век пр.н.е., и во текот на следните неколку векови секојдневното бричење останало обичај.

Меѓутоа, со падот на Римската Империја, брадата повторно станала вообичаена и тоа траело 1.000 години, сѐ до втората половина на 17-тиот век, кога бричењето влегло во мода. Луѓето продолжиле со мазно бричење и во 18-тиот век. Но тогаш, од средината до крајот на 19-тиот век, работите тргнале во спротивен правец. Затоа, на фотографиите на Ч. Т. Расел, првиот претседател на Watch Tower Society, и на неговиот сохристијанин Кристијан В. Е. Ван Амбург, се гледаат двајца мажи со елегантни, уредни бради кои биле достоинствени и соодветни за нивно време. Меѓутоа, на почетокот на 20-тиот век, на бричењето повторно му се вратила популарноста и тоа трае во повеќето земји до денешно време.

Дали Вие сте еден од милионите мажи кои користат жилет за да го поминат тој секојдневен ритуал пред огледалото? Ако да, несомнено сакате тоа да биде колку што е можно побезболно, без крв и ефикасно. За таа цел, можеби ќе сакате да ги разгледате предлозите во рамката „Совети за бричење со жилет“. Веројатно веќе применувате некои од овие предлози. Како и да е — уживајте во чисто, мазно бричење!

[Фуснота]

a Видете Insight on the Scriptures (Увид во Писмото), том 1, страници 266 и 1021, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Рамка/слики на страница 29]

Совети за бричење со жилет

Книгата Men’s Hair (Влакна кај мажите) ги дава следниве предлози за ефикасно бричење со жилет.b

1. Омекнување на брадата: Единствен начин навистина добро да ги омекнете влакната на лицето е обилната употреба на топла вода. Ако е можно, бричете се после туширање, бидејќи ова овозможува водата подолго време да ги омекнува влакната.

2. Употреба на средства пред бричење: Сите различни сапуни, пени, кремови и гелови постигнуваат во суштина три работи. 1) Ја задржуваат влагата во влакната, 2) ги држат исправено и 3) ја подмачкуваат кожата за да може полесно да се лизга бричот. Изберете го производот што Ви одговара најмногу. А сте пробале ли со регенератор за коса? И неговата намена е да го омекне влакното.

3. Користење исправен брич на исправен начин: Исправен брич е остриот брич. Тапите бричеви можат да ја оштетат кожата. Бричете во правец на растот на влакната. Со бричење во спротивен правец можете мазно да се избричите, но така може да ги потсечете влакната под нивото на кожата и тие да почнат да растат во околното ткиво наместо низ порите на кожата. Според некои извори, невнимателното бричење — кај мажите или кај жените — може да доведе до вирусни инфекции кои би можеле да предизвикаат брадавици.

4. Заштита на кожата после бричење: Секогаш кога се бричите, отстранувате еден микроскопски слој кожа и потоа кожата е осетлива. Затоа, важно е сосема да го исплакнете лицето со чиста вода — на почетокот со топла а потоа со студена за да се затворат порите и да се задржи влагата. Ако сакате, можете да користите хидрантен лосион после бричење за да ја заштитите и освежите кожата.

[Фуснота]

b Во оваа статија се дискутира за бричење на мажите. Во многу земји и жените бричат делови од телото, па затоа и ним можат да им бидат корисни некои од овие мисли.

[Рамка/слика на страница 30]

Што е брадата?

Брадата се влакната што растат на лицето. Тие се состојат од кератин и слични протеини. Кератинот е фиброзен протеин што содржи сулфур, а го создава телото на човекот и на животните и влегува во основната градба на косата, ноктите, пердувите, копитата и роговите. Од сите влакна во човечкото тело, брадата спаѓа во најцврстите и најеластичните бидејќи кога се сече е исто како да се сече бакарна жица со еднаква дебелина. На лицето на еден просечен маж има околу 25.000 влакна и тие растат околу половина милиметар секои 24 часа.

[Извор на слика]

Маж: A Pictorial Archive from Nineteenth-Century Sources/ Dover Publications, Inc.

[Слики на страница 30]

Бричењето влегувало и излегувало од мода

Асирец

Египќанец

Римјанин

[Извори на слики]

Музејот Egizio di Torino

Фотографии направени со љубезна дозвола на Британскиот музеј

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели