ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 7 точки 1-7
  • Што ни открива Јехова за себе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ни открива Јехова за себе?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Какви особини има Исус?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Продолжи да ја облекуваш „новата личност“ и откако ќе се крстиш
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Јеховиниот дар на светиот дух
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Зошто да нѐ води Божјиот дух?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 7 точки 1-7
Лекција 7. На стемнување, еден човек стои на карпест брег и гледа кон океанот.

ЛЕКЦИЈА 07

Што ни открива Јехова за себе?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Како си го замислуваш Јехова Бог? Некои луѓе мислат дека Бог е величествен и влева стравопочит, и дека не е можно да бидеме блиски со него. Други сметаат дека е моќен, но бесчувствителен. Каков навистина е Јехова? Преку својата Реч, Библијата, Јехова открива некои од своите особини, а ни кажува и дека нѐ сака и се грижи за секој од нас.

1. Зошто не можеме да го видиме Бог?

„Бог е дух“ (Јован 4:24). Јехова нема тело како луѓето. Тој е дух кој живее на небото, на место кое не можеме да го видиме.

2. Кои се некои од особините на Јехова?

Иако Јехова е невидлив, ние можеме да го запознаеме. Всушност, колку повеќе ги запознаваме неговите прекрасни особини толку повеќе расте нашата љубов кон него. Библијата вели: „Јехова ја сака правдата и нема да ги остави оние што му се лојални“ (Псалм 37:28). Исто така, тој е „полн со сочувство и милосрден“, особено кон луѓето што страдаат (Јаков 5:11). „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18). Дали си знаел дека нашите постапки влијаат врз чувствата на Јехова? Кога некој прави лоши работи, го разочарува и го жалости (Псалм 78:40, 41). Но, кога некој постапува исправно, го радува. (Прочитај Изреки 27:11.)

3. Како Јехова покажува дека нѐ сака?

Најистакната особина на Јехова е љубовта. Всушност, Библијата ни кажува дека „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Јехова не ја открива својата љубов само преку Библијата туку и преку работите што ги создал. (Прочитај Дела 14:17.) На пример, размисли за тоа како сме создадени. Јехова ни дал способност да гледаме прекрасни бои, да слушаме пријатна музика и да уживаме во најразлични вкусови. Тој сака да му се радуваме на животот!

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш што користи Јехова за да направи извонредни работи. Исто така, ќе дознаеш како ги открива и како ги покажува своите прекрасни особини.

4. Светиот дух е силата што ја користи Бог

Слики: Работи што Бог ги направил со светиот дух. 1. Планетите и вселената. 2. Еден од писателите на Библијата запишува Божји мисли во еден свиток.

Јехова го користи светиот дух исто како што ние ги користиме нашите раце за да работиме. Библијата открива дека светиот дух не е личност, туку силата што Бог ја користи за да направи сѐ што ќе науми. Прочитај Лука 11:13 и Дела 2:17, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Бог „ќе го излее“ својот свет дух врз оние што го молат. Според тоа, дали светиот дух е личност или Божја сила? Зошто мислиш така?

Јехова го користи светиот дух за да прави извонредни работи. Прочитај Псалм 33:6 и 2. Петрово 1:20, 21, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • На кои начини Јехова го користел светиот дух?

Слики: Работи што Бог ги направил со светиот дух. 1. Планетите и вселената. 2. Еден од писателите на Библијата запишува Божји мисли во еден свиток.

5. Јехова има прекрасни особини

Мојсеј бил верен Божји слуга, но сакал подобро да го запознае својот Творец. Затоа Мојсеј му рекол: „Објави ми ги своите патишта за да те запознаам“ (2. Мојсеева 33:13). Јехова му открил на Мојсеј некои свои особини. Прочитај 2. Мојсеева 34:4-6, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Кои свои особини му ги открил Јехова на Мојсеј?

  • Кои особини на Јехова најмногу ти се допаѓаат?

6. Јехова ги сака луѓето и се грижи за нив

Една жена се моли.

Евреите, кои во минатото биле Божји народ, биле робови во Египет. Како се чувствувал Јехова кога тие страдале? Пушти ја АУДИОСНИМКАТА и следи го текстот во Библијата, или прочитај 2. Мојсеева 3:1-10. Потоа разговарајте за следниве прашања:

АУДИОСНИМКА: На Јехова му било жал кога ги гледал нивните страдања (2:45)

  • Што учиме од овој извештај за тоа како се чувствува Јехова кога гледа дека луѓето страдаат? (Види ги стиховите 7 и 8.)

  • Дали Јехова навистина сака да им помага на луѓето и дали има моќ да го прави тоа? Зошто мислиш така?

7. Особините на Јехова се гледаат во природата

Слики: Женка кит и нејзиното младенче, цвеќиња и колибри.

Јехова ги открива своите особини преку она што го создал. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа прочитај Римјаните 1:20 и разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Творештвото ја открива Јеховината љубов — човечкото тело (1:57)

  • Кои особини на Јехова ги гледаш во работите што ги создал?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Бог не е личност, туку е само сила што е присутна насекаде“.

  • Што би рекол ти?

  • Зошто мислиш така?

ШТО НАУЧИ:

Јехова е невидлива духовна личност со многу убави особини, од кои најистакната е љубовта.

Како би одговорил?

  • Зошто не можеме да го видиме Јехова?

  • Што е светиот дух?

  • Кои се некои од особините на Јехова?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај нешто повеќе за четирите главни особини на Јехова.

„Каков е Бог?“ (Стражарска кула бр. 1, 2019)

Разгледај некои докази дека Јехова не е присутен насекаде.

„Дали Бог е сеприсутен?“ (Статија на интернет)

Прочитај зошто Библијата го споредува светиот дух со Божји раце.

„Што е светиот дух?“ (Статија на интернет)

На еден слеп човек му било тешко да верува дека Бог го сака. Дознај што му помогнало да си го смени мислењето.

„Сега можам да им помагам на другите“ (Стражарска кула од 1 октомври 2015)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели