ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 6-7
  • Дали Бог е заинтересиран за нас?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог е заинтересиран за нас?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што знаеме за Бог?
  • Страдање
    Разбудете се! 2015
  • Зошто Бог ги допушта страдањата?
    Што навистина учи Библијата?
  • Утеха за оние што страдаат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто има зло и страдања во светот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 6-7

Дали Бог е заинтересиран за нас?

УТРОТО на 1 ноември 1755 год., градот Лисабон (Португалија) го погодил силен земјотрес. По ударот имало цунами и избувнале пожари при што бил уништен поголемиот дел од градот и загинале илјадници лица.

По земјотресот на Хаити во 2010 год., во воведната статија на канадскиот весник National Post пишуваше: „Сите големи катастрофи ја ставаат на испит верата на човекот во виша сила. Но, некои катастрофи, како што беше оваа современа реприза на [земјотресот во] Лисабон, тоа го прават во уште поголема мера“. Во заклучокот на статијата стоеше: „Изгледа дека Бог кренал раце од Хаити“.

„Севишниот“ Јехова Бог има безгранична моќ, што значи дека може да му стави крај и на страдањето (Псалм 91:1). Освен тоа, можеме да бидеме сигурни дека тој се грижи за нас. Зошто?

Што знаеме за Бог?

Бог сочувствува со луѓето што страдаат. Во времето кога Израелците биле робови во Египет и малтретирани од поробувачите, Бог му рекол на Мојсеј: „Ја видов неволјата на мојот народ во Египет, чув како се жалат од оние што ги тераат на работа и добро ги знам нивните болки“ (2. Мојсеева 3:7). Што покажува ова? Дека Бог не е рамнодушен на страдањето на луѓето. Напротив, со векови подоцна, пророкот Исаија го напишал следново во врска со Израелците: „Во сите нивни неволји тој чувствуваше болка“ (Исаија 63:9).

„Сите негови патишта се правда“ (5. Мојсеева 32:4). Бог е секогаш праведен и непристрасен. „Го чува патот на оние што му се лојални“, но и ќе „им ја врати неволјата на оние што [им] нанесуваат неволја“ на праведните (Изреки 2:8; 2. Солуњаните 1:6, 7). Бидејќи е непристрасен, нему „еднаков Му е бедниот и богатиот, зашто тие се дело на Неговите раце“ (Јов 34:19, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Бог го знае и најдобриот лек за човечкото страдање. Од друга страна, решенијата на луѓето се како да ставаш фластер на рана од куршум. Фластерот може да го прикрие проблемот, но не е решение за вистинската причина, а уште помалку за страдањето на жртвата.

Бог е „милосрден и љубезен... полн со милост“ (2. Мојсеева 34:6). Во Библијата, зборот „милосрдност“ се користи за да се укаже на сочувство и сожалување, кои поттикнуваат едно лице да му помогне на друго. Коренот на хебрејскиот збор преведен со „љубезен“ се дефинира како „искрена постапка на некој што има нешто да му даде на оној кој има потреба“. Според Теолошкиот речник на Стариот завет (Theological Dictionary of the Old Testament), зборот преведен со „милост“ вклучува „да се заземеш за некој што е во неволја“. Јехова Бог не само што чувствува болка кога некој страда туку е и поттикнат да му помогне од милосрдност, љубезност и милост. Затоа, можеме да бидеме сигурни дека ќе му стави крај на страдањето.

Во претходната статија беа наведени три фактори кои се причина за голем дел од човечкото страдање, но кои не можат да му се припишат на Бог. Да разгледаме што стои зад тие фактори.

Личниот избор

Во почетокот, со Адам владеел Бог. Меѓутоа, кога бил ставен пред избор, Адам одлучил да го отфрли Божјето владеење и да ги вкуси последиците од независноста од Бог. Тој не го послушал предупредувањето што му го дал Јехова, а е запишано во 1. Мојсеева 2:17: „Сигурно ќе умреш“. Резултат од тоа што не се подложил на Божјето совршено владеење биле гревот и несовршеноста. „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта“, вели Библијата, „и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Но, Бог ќе ги отстрани последиците од гревот.

Случајните настани

Како што беше кажано, првиот човек, Адам, го отфрлил водството од Бог — водство кое им е неопходно на луѓето за да не страдаат, дури и од природни катастрофи. Неговата одлука може да се спореди со пациент кој ја отфрла помошта од еден вешт и искусен лекар. Ако пациентот не е свесен за можните опасности и компликации кои му се добро познати на лекарот, може да страда затоа што свесно избрал да остане во незнаење. Слично на тоа, честопати, основна причина за трагедиите е тоа што човекот лошо владее со Земјата — во што спаѓа и непочитувањето на градежните стандарди и неупатеноста во поглед на природните сили. Меѓутоа, Бог нема да дозволи ваквата ситуација да трае во недоглед, како што ќе видиме во следната статија.

„Владетелот на овој свет“

Зошто Бог дозволил Сатана да владее со светот иако се побунил против него? Според една книга, „кој и да било нов режим во почетокот има краток период кога може да ја обвини претходната влада за проблемите“. Ако Јехова предвреме го симнел од власт „владетелот на овој свет“, Сатана ќе можел за својата неспособност да го обвини претходниот Владетел, Бог (Јован 12:31). Меѓутоа, со тоа што Бог му оставил на Сатана доволно време за целосно да ја спроведе својата власт над светот, јасно се видело дека тој е неспособен како владетел. Сепак, и понатаму останува прашањето: Како да бидеме сигурни дека ќе му дојде крај на страдањето?

[Слика на страница 6]

Дали еден лекар би користел обичен фластер за рана од куршум?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели