ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дали твоите очи се вперени во Јехова?
    Стражарска кула (за проучување) 2018 | Јули
    • 9. Какви упатства му дал Јехова на Мојсеј, но како постапил тој? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)

      9 Како постапил Мојсеј кога луѓето се побуниле? И овој пат тој го вперил погледот во Јехова и побарал водство од него. Но во оваа прилика Јехова не му рекол да удри по карпата. Тој му рекол да го земе својот стап, да го собере народот пред карпата, а потоа да ѝ рече на карпата да пушти вода (4. Мој. 20:6-8). Дали Мојсеј го направил тоа? Не. Тој бил толку вознемирен и лут што на луѓето им рекол: „Чујте сега, бунтовници! Треба ли од оваа карпа да ви извадиме вода?“ Потоа ја удрил карпата со стапот, и тоа не еднаш, туку двапати (4. Мој. 20:10, 11).

  • Дали твоите очи се вперени во Јехова?
    Стражарска кула (за проучување) 2018 | Јули
    • БУНТОВНОСТА НА МОЈСЕЈ

      12. Која е уште една можна причина зошто Јехова се разгневил на Мојсеј и на Арон?

      12 Има уште една можна причина зошто Јехова се разгневил на Мојсеј и на Арон. Мојсеј им рекол на луѓето: „Треба ли од оваа карпа да ви извадиме вода?“ Кога рекол „да ви извадиме“, веројатно мислел на себе и на Арон. Со тие зборови Мојсеј покажал големо непочитување кон Јехова бидејќи не му ја припишал нему целата заслуга за чудото. Во Псалм 106:32, 33 пишува: „Предизвикаа гнев кај водите на Мерива, па Мојсеј го снајде неволја поради нив. Зашто, му ја огорчија душата, па непромислено проговори со своите усни“ (4. Мој. 27:14). Мојсеј не му ја оддал на Јехова честа што ја заслужувал. Затоа Јехова им рекол на Мојсеј и на Арон: „Се побунивте против мојата заповед“ (4. Мој. 20:24). Ова било многу сериозен грев!

      13. Зошто казната што Јехова му ја изрекол на Мојсеј била праведна?

      13 Бидејќи Мојсеј и Арон го воделе Божјиот народ, Јехова очекувал повеќе од нив (Лука 12:48). Претходно, Јехова не му дозволил на едно цело поколение Израелци да влезе во Ветената земја поради нивната бунтовност (4. Мој. 14:26-30, 34). Затоа било праведно и Мојсеј да добие иста казна бидејќи и тој се побунил против Јехова. Како што било случај со другите бунтовни Израелци, и на Мојсеј не му било дозволено да влезе во Ветената земја.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели