-
„Тоа што си го заветувал, исполни го“Стражарска кула (за проучување) 2017 | Април
-
-
7. а) Каков завет дала Ана, и зошто? б) Што се случило потоа? в) Што значел заветот на Ана за Самоил? (Види ја фуснотата.)
7 Ана исто така му дала завет на Јехова кога минувала низ тежок период во животот. Таа била очајна бидејќи не можела да има деца, а поради тоа и постојано била исмевана (1. Сам. 1:4-7, 10, 16). Ана му кажала на Јехова како се чувствува и му го дала следниов завет: „Јехова над војските, ако погледнеш на неволјата на својата робинка и ако се сетиш на мене, ако не ја заборавиш својата робинка и ако ѝ дадеш машко дете на својата робинка, јас ќе ти го дадам тебе, Јехова, за сите денови од неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава“a (1. Сам. 1:11). Јехова ја услишил молитвата на Ана и следната година ѝ се родил син, Самоил. Таа била пресреќна! Но, не заборавила што му ветила на Бог. Кога се родил Самоил, Ана рекла: „Го измолив од Јехова“ (1. Сам. 1:20).
-
-
„Тоа што си го заветувал, исполни го“Стражарска кула (за проучување) 2017 | Април
-
-
a Ана му ветила на Јехова дека, ако добие син, тој ќе служи како назареец до крајот на својот живот. Ова значело дека нејзиниот син требало да биде издвоен и посветен за служба на Јехова (4. Мој. 6:2, 5, 8).
-