ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/3 стр. 14-19
  • Да се ценат христијанските збирови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се ценат христијанските збирови
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Состаноци кои изградуваат
  • Добро подготвувај се
  • Примери од Божјата Реч
  • Најдобриот пример
  • Современи примери
  • Да покажуваме почит кон нашите свети состаноци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Зошто треба да одиме на состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Како може да ти користат состаноците на Јеховините сведоци?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Дали ги изградуваш другите на христијанските состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/3 стр. 14-19

Да се ценат христијанските збирови

„Да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не напуштајќи го своето собрание [нашето збирање, NW]“ (ЕВРЕИТЕ 10:24, 25).

1, 2. а) Зошто е предност да се присуствува на еден збир на вистински христијани? б) Во која смисла Исус е присутен на збировите на своите следбеници?

КАКВА само предност е да се присуствува на еден христијански збир, без разлика дали се состои од помалку од десетмина или, пак, од неколку илјади обожаватели на Јехова, бидејќи Исус рекол: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“! (Матеј 18:20). Навистина, кога го дал тоа ветување, Исус дискутирал за правни работи со кои требало исправно да се справат оние кои го преземале водството во собранието (Матеј 18:15—19). Но, можат ли Исусовите зборови да се применат и на сите христијански збирови што се отвораат и затвораат со молитва во негово име? Да. Сети се, кога ги овластил своите следбеници да го вршат делото на правење ученици, Исус ветил: „Ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Матеј 28:20).

2 Не може да постои сомнение дека Главата на христијанското собрание, Господ Исус Христос, е живо заинтересиран за сите збирови на своите верни следбеници. Освен тоа, можеме да бидеме сигурни дека тој е присутен со нив преку Божјиот свет дух (Дела 2:33; Откровение 5:6). Јехова Бог исто така е заинтересиран за нашето заедничко собирање. Првенствената цел на таквите состаноци е фалбата да му биде упатена на Бог „среде насобраните мноштва“ (Псалм 26:12, NW). Нашето присуствување на собраниските состаноци е доказ за нашата љубов кон него.

3. Од која важна причина ги цениме христијанските збирови?

3 Постојат и други добри причини зошто ги цениме христијанските збирови. Пред да ја напушти Земјата, Исус Христос ги назначил своите помазани ученици да дејствуваат како „верен и разборит роб“ во обезбедувањето навремена духовна храна за домаќинството на верата (Матеј 24:45, NW). Еден важен начин на кој се одвива таквото духовно хранење е преку собраниските состаноци, како и на поголемите збирови — собири и конгреси. Господ Исус Христос го води овој верен роб за на таквите збирови да обезбедува животоважни информации за сите кои сакаат да го преживеат крајот на овој зол систем и да добијат живот во Божјиот праведен нов свет.

4. Кој опасен „обичај“ е споменат во Библијата, и што ќе ни помогне да го избегнуваме?

4 Затоа, ниеден христијанин не може да си дозволи да го развие опасниот обичај што го забележал апостол Павле, кој напишал: „Да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не напуштајќи го своето собрание [нашето збирање, NW], како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“ (Евреите 10:24, 25). Медитирањето за предноста и користите од присуствувањето на христијанските збирови ќе ни помогне лојално и сесрдно да ги поддржуваме таквите збирови.

Состаноци кои изградуваат

5. а) Каков ефект треба да има нашиот говор врз состаноците? б) Зошто не треба да одложуваме да ги покануваме заинтересираните на состаноците?

5 Со оглед на тоа дека христијаните молат Јеховиниот свет дух да биде активен на христијанските состаноци, секој присутен поединечно треба да го стори најдоброто за да работи во склад со духот и да ‚не Го оскрбува Светиот Дух Божји‘ (Ефесјаните 4:30). Кога ги напишал тие инспирирани зборови, апостол Павле дискутирал за исправната употреба на говорот. Она што го велиме треба секогаш да биде употребено ‚за издигање [за изградување, NW] каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат‘ (Ефесјаните 4:29). Ова е особено важно на христијанските збирови. Во своето писмо до коринтјаните, Павле ја нагласил потребата состаноците да бидат изградувачки, поучни и охрабрувачки (1. Коринтјаните 14:5, 12, 19, 26, 31). Сите присутни извлекуваат корист од таквите состаноци, вклучувајќи ги и новите присутни, кои веројатно ќе заклучат: „Навистина, со вас е Бог“ (1. Коринтјаните 14:25). Од оваа причина, не треба да одложуваме да ги покануваме новозаинтересираните да се собираат со нас, зашто тоа ќе го забрза нивниот духовен напредок.

6. Кои се некои фактори што помагаат еден состанок да се направи изградувачки?

6 Сите оние на кои им се доделени говори, интервјуа или прикази на еден христијански состанок, треба да бидат сигурни дека нивниот говор е и изградувачки и во согласност со Божјата пишана Реч, Библијата. Освен точниот изговор, треба да изразуваме чувства и емоции што се во склад со личностите на Бог и на Христос, кои се полни со љубов. Ако сите оние кои изнесуваат делови на програмата на еден состанок свесно ги одразуваат ‚плодовите на Божјиот дух‘, како што се радост, долготрпеливост и вера, тогаш сите присутни сигурно ќе се чувствуваат изградени (Галатјаните 5:22, 23).

7. Како можат сите присутни да придонесат за еден изградувачки збир?

7 Иако можеби само малкумина имаат делови на програмата на собраниските состаноци, сите можат да придонесат за еден изградувачки збир. Честопати, постојат прилики публиката да одговара на прашања. Тоа се пригоди за јавно објавување на нашата вера (Римјаните 10:9). Тие никогаш не треба да се користат како прилика за унапредување на наши лични идеи, за да се фалиме со нашите лични достигнувања или, пак, да критизираме некој соверник. Зарем тоа не би го ожалостило Божјиот дух? Разликите со соверниците најдобро се решаваат приватно во дух на љубов. Библијата наведува: „Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“ (Ефесјаните 4:32). Каква само одлична прилика ни даваат христијанските збирови да го примениме овој добар совет! За таа цел, мнозина пристигнуваат порано на состаноците и се задржуваат откако тој ќе заврши. Ова исто така им помага на новозаинтересираните, кои имаат посебна потреба да се чувствуваат добредојдени. Според тоа, сите предадени христијани играат улога во тоа состаноците да се направат изградувачки, така што ќе ‚бидат внимателни еден кон друг и ќе се поттикнуваат кон љубов и добри дела‘.

Добро подготвувај се

8. а) Какви пофални жртви прават некои за да присуствуваат на состаноците? б) Каков пример дава Јехова како пастир?

8 Иако за некои може да е релативно лесно да присуствуваат на христијанските збирови, за други тоа изискува континуирана жртва. На пример, една христијанска мајка која мора да работи световно за да ги обезбеди потребите на своето домаќинство, обично си доаѓа дома уморна од работа. Потоа можеби мора да подготви некој оброк и да им помогне на своите деца да се подготват за состанокот. Други христијани можеби мораат да патуваат долги растојанија за да стигнат на состаноците или можеби се ограничени поради болести или старост. Секако, Јехова Бог ја разбира ситуацијата на секој верен кој е присутен на состанокот, исто како што еден овчар полн со љубов ги разбира посебните потреби на поединечните овци во своето стадо. „Како пастир“ — вели Библијата — „ќе го пасе [Јехова] стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Он во рацете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води дојдените [доените, NW]“ (Исаија 40:11).

9, 10. Како можеме да извлечеме најголема корист од состаноците?

9 Оние кои мораат да прават големи жртви за да бидат редовни на состаноците можеби се ограничени во износот на времето што можат да го поминат за подготвување на материјалот што ќе се разгледува. Држењето чекор со седмичното читање на Библијата го прави понаградувачко присуствувањето на Теократската школа за служба. Слично на тоа, подготвувањето однапред за другите состаноци, како што е студијата на Стражарска кула и за Собраниската студија на книга, истиве ги прави понаградувачки. Со читање на студискиот материјал однапред и со разгледување барем на некои од наведените библиски стихови, оние кои имаат семејни ситуации што изискуваат многу време ќе бидат поспремни да имаат смисловен удел во овие важни библиски дискусии.

10 Други, чии околности се помалку ограничувачки, можат да поминат повеќе време во подготовка за состанок. На пример, тие можат да направат истражување за стиховите што се наведени но не се цитирани. На тој начин, сите можат да бидат подготвени да извлечат најголема корист од состаноците и да имаат добар удел во изградувањето на собранието со своите говори и коментари. Со тоа што се добро подготвени, старешините и слугите помошници ќе дадат добар пример во давањето кратки, концизни одговори. Од почит спрема Јеховините подготовки, оние кои се присутни ќе избегнуваат секакви практики што го одвраќаат вниманието додека траат состаноците (1. Петрово 5:3).

11. Зошто е потребна самодисциплина за да се биде подготвен за состаноците?

11 Активностите и разонодите кои не се битни за нашето духовно здравје можат да ни одземаат премногу време. Ако е така, треба да се испитаме себеси и да ‚престанеме да бидеме неразумни‘ во поглед на употребата на нашето време (Ефесјаните 5:17, NW). Наша цел треба да биде да ‚го ползуваме [откупуваме, NW] времето‘ од поневажните работи за да поминеме повеќе време во лична библиска студија и во подготвување за состаноците, како и во службата за Царството (Ефесјаните 5:16). Мора да се признае, ова не е секогаш лесно и изискува самодисциплина. Младите кои обрнуваат внимание на ова, положуваат добар темел за иден напредок. На својот помлад придружник Тимотеј, Павле му напишал: „Обмислувај за овие работи [Павловиот совет до Тимотеј], задлабочи се во нив, за твојот напредок да се покаже пред сите луѓе“ (1. Тимотеј 4:15, NW).

Примери од Божјата Реч

12. Каков истакнат пример дало Самуиловото семејство?

12 Размисли за добриот пример што го дало семејството на Самуил, кое редовно учествувало во подготовките за збирање со сообожавателите кога Божјиот табернакул бил сместен во Силом. Само од машките се барало да прават годишни посети на празничните прослави. Но, Самуиловиот татко, Елкана, го поведувал целото свое семејство кога ‚во определени денови [од година в година, NW] одел од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом‘ (1. Царства 1:3—5). Самуиловиот роден град, Арматем-Сиф, веројатно бил сместен близу брегот кај современиот Рентис во ридјето на „Ефремовата гора“ (1. Царства 1:1). Според тоа, патувањето до Силом би вклучувало патување од 30-тина километри — заморно патешествие во тие денови. Семејството на Елкана лојално го правело токму тоа ‚секоја година, кога одело во домот Господов‘ (1. Царства 1:7).

13. Каков пример дале верните Евреи во времето кога Исус бил на Земјата?

13 И Исус пораснал како дел од едно големо семејство. Секоја година, семејството патувало од Назарет околу 100 километри на југ за да присуствува на празникот Пасха во Ерусалим. Постојат две можни рути по кои можеби оделе. Подиректната рута вклучувала спуштање во долината Мегидо, а потоа една угорнина од околу 600 метри низ самариско подрачје и понатаму до Ерусалим. Другата популарна рута била онаа по која одел Исус на своето последно патување во Ерусалим во 33 н. е. Таа вклучувала спуштање по долината на Јордан под морското ниво, додека не дошол до „пределите Јудејски . . . отаде Јордан“ (Марко 10:1). Од оваа точка, ‚искачувањето за Ерусалим‘ е растојание од околу 30 километри, вклучувајќи една угорнина од над 1.100 метри (Марко 10:32). Мноштва од верни славители на празникот редовно го преземале напорното патување од Галилеја до Ерусалим (Лука 2:44). Колку само добар пример за Јеховините слуги во богатите земји денес, од кои мнозина можат да присуствуваат на христијанските збирови со релативна леснотија, благодарение на современите видови транспорт!

14, 15. а) Каков пример дала Ана? б) Што можеме да научиме од добриот став што го покажуваат некои нови присутни на состаноците?

14 Друг пример е оној на 84-годишната вдовица Ана. Библијата наведува дека таа ‚не се отстранувала [никогаш не отсуствувала, NW] од храмот‘ (Лука 2:37). Освен тоа, Ана спрема другите покажувала интерес полн со љубов. Кога го видела бебето Исус и дознала дека тоа е ветениот Месија, што сторила? Му благодарила на Бог и почнала ‚да им прикажува за Него на сите, што чекале спасение во Ерусалим‘ (Лука 2:38). Каков добар став, образец за денешните христијани!

15 Да, присуствувањето и учеството на нашите состаноци треба да биде едно толкаво уживање што, како Ана, никогаш не сакаме да отсуствуваме. Мнозина нови не можат а да не се чувствуваат вака. Откако излегле од темнината во Божјата прекрасна светлина, тие сакаат да научат сѐ што можат, и мнозина изразуваат голем ентузијазам за христијанските состаноци. Од друга страна, оние кои се подолго во вистината, мораат да се чуваат да не ‚ја остават својата прва љубов‘ (Откровение 2:4). Сериозните здравствени проблеми или други фактори што се вон контролата на едно лице, можат повремено да го ограничат присуствувањето на состаноците. Но, никогаш не треба да дозволиме материјализмот, рекреацијата или недостигот на интерес да предизвикаат да бидеме неподготвени, пасивни или нередовни посетители на состаноците (Лука 8:14).

Најдобриот пример

16, 17. а) Каков бил Исусовиот став спрема духовните збирови? б) Кој добар обичај треба да се трудат да го следат сите христијани?

16 Исус дал истакнат пример во покажувањето ценење за духовните збирови. На млада возраст од 12 години, тој ја покажал својата љубов кон Божјиот дом во Ерусалим. Неговите родители му ја изгубиле трагата, но најпосле го нашле како разговара за Божјата Реч со учителите во храмот. Во одговор на грижата на своите родители, Исус со почит прашал: „Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е [во домот, NW] на Мојот Отец?“ (Лука 2:49). Подложно, младиот Исус се вратил со своите родители во Назарет. Таму продолжил да ја покажува својата љубов кон состаноците за обожавање преку редовното присуство во синагогата. Така, кога ја почнал својата служба, Библијата известува: „Дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита“. Откако Исус го прочитал и објаснил Исаија 61:1, 2, публиката почнала да ‚се восхитува на Неговите благодатни зборови, што излегувале од устата Негова‘ (Лука 4:16, 22).

17 Христијанските состаноци денес го следат истиот основен образец. Откако состанокот е отворен со песна на фалба и со молитва, се читаат и објаснуваат стихови од Библијата (или стихови цитирани во библискиот студиски материјал). Вистинските христијани се под обврската да го имитираат добриот обичај на Исус Христос. Колку што дозволуваат нивните околности, тие наоѓаат задоволство во тоа да бидат редовни во присуствувањето на христијанските состаноци.

Современи примери

18, 19. Какви одлични примери дале браќата во помалку богатите земји во врска со состаноците, собирите и конгресите?

18 Во помалку богатите земји, многу наши браќа и сестри даваат добар пример на ценење на христијанските збирови. Во Мозамбик, на еден обласен надгледник, Орландо, и на неговата сопруга, Амелија, им требале 45 часа за да пропешачат 90 километри преку една висока планина за да служат на еден собир. Потоа морале да го пропатуваат истиот пат назад за да служат на следниот собир. Орландо скромно известил: „Чувствувавме дека ништо не сме сториле кога се сретнавме со браќата од собранието Бава. Присуствувањето на собирот и враќањето во нивните домови вклучуваше шестдневно патување пеш од околу 400 километри, а меѓу нив беше и еден брат на 60 години!“

19 А како е со ценењето за седмичните собраниски состаноци? Кашвашва Њамба е една кревка сестра во своите 70-ти години. Живее во Кајсососи, селце на околу 5 километри од Салата на Царството во Рунду (Намибија). За да присуствува на состаноците, таа пешачи едно кружно патување од 10 километри низ грмушките. Други биле нападнати и опљачкани долж оваа рута, но Кашвашва и понатаму доаѓа. Повеќето состаноци се водат на јазици кои таа не ги разбира. Тогаш, како извлекува корист од присуствувањето? „На тој начин што ги следам стиховите“ — вели Кашвашва. „Се трудам да сфатам за што е говорот.“ Но, таа е неписмена, па како ги следи стиховите? „Ги слушам стиховите што ги знам напамет“ — одговара таа. А низ годините, таа насобрала доста стихови во својата меморија. За да ја подобри својата способност да ја користи Библијата, таа посетува еден клас за неписмени, подготвен од собранието. „Сакам да присуствувам на состаноците“ — вели таа. „Секогаш има да се научат нови работи. Сакам да се дружам со браќата и сестрите. Иако не можам да разговарам со сите нив, тие секогаш доаѓаат и ме поздравуваат. И, што е најважно, знам дека со присуствувањето на состаноците го радувам Јеховиното срце.“

20. Зошто не смееме да се одречеме од нашите христијански збирови?

20 Како Кашвашва, милиони Јеховини обожаватели ширум Земјата покажуваат пофално ценење за христијанските збирови. Додека Сатановиот свет се стреми кон своето уништување, не можеме да си дозволиме да се одречеме од заедничкото збирање. Наместо тоа, да останеме духовно будни и да покажуваме длабоко ценење за состаноците, собирите и конгресите. Тоа не само што ќе го радува Јеховиното срце туку богато ќе ни користи и нам додека учествуваме во божествената поука што води кон вечен живот (Изреки 27:11; Исаија 48:17, 18; Марко 13:35—37).

Прашања за повторување

◻ Зошто е предност да се присуствува на христијански збирови?

◻ Како можат сите присутни да придонесат за еден изградувачки состанок?

◻ Каков истакнат пример дал Исус Христос?

◻ Каква поука може да се научи од браќата во помалку богатите земји?

[Рамка на страница 17]

Тие ги ценат седмичните состаноци

Милиони луѓе живеат во градови измачувани од сиромаштија и криминал. И порај таквите околности, вистинските христијани меѓу нив покажуваат пофално ценење за христијанските собири. Еден старешина, кој служи во едно од собранијата во Совето (Гаутенг, Јужна Африка), известува: „Во едно собрание од 60 Сведоци и некрстени објавители, на нашите состаноци имаме меѓу 70 и 80, а понекогаш присуствуваат и повеќе. Иако браќата и сестрите не патуваат далеку за да присуствуваат, ситуацијата во овој дел од Совето е сурова. Еден брат беше прободен во грбот додека одеше на состанок. Најмалку две сестри беа грабнати во обидот да бидат опљачкани. Но, ова не ги запира да доаѓаат. Во неделите, имаме кратко вежбање на песните откако ќе го завршиме состанокот со молитва. Најмалку 95 отсто редовно остануваат и ги пеат сите песни што треба да бидат употребени на состаноците следната седмица. Ова им помага на новозаинтересираните да ги научат песните и да учествуваат во пеењето“.

Селските жители имаат други препреки, како што се големите растојанија што мораат да ги патуваат за да присуствуваат на состаноците трипати неделно. Една заинтересирана двојка живее на 15 километри од Салата на Царството во Лобаце (Боцвана). Во текот на минатата година, тие редовно присуствувале на состаноците со своите две деца. Сопругот поправа чевли за да го издржува семејството. Сопругата продава мали предмети за надополнување на семејниот приход за да можат да го платат превозот до и од состаноците.

Една неодамнешна летна вечер, после еден состанок со покраинскиот надгледник, ова семејство заглавило на една автобуска постојка во 21 часот. Автобусите запреле порано поради лошото време. Еден полициски службеник застанал со своето комби и прашал што прават. Кога чул за нивните неповолни околности, се сожалил на нив и ги одвезол 15 километри до дома. Сопругата, која е некрстен објавител, на својот сопруг му рекла: „Гледаш, ако ги ставаме состаноците на прво место, Јехова секогаш ќе се грижи“. Сега и сопругот изразил желба да стане проповедник на добрата вест.

[Слика на страница 18]

Сведоците како овие во Романија, даваат добар пример на ценење на христијанските збирови

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели