ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 12 стр. 105-111
  • Вмешан си во важно спорно прашање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вмешан си во важно спорно прашање
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДАЛИ ЛУЃЕТО ЌЕ МУ ОСТАНАТ ВЕРНИ НА БОГ?
  • КАДЕ СТОИШ ТИ?
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Радувај го Бог со својот живот
    Што навистина учи Библијата?
  • Како да го израдуваме Бог
    Учи од Големиот Учител
  • Јов истрајал — можеме и ние!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 12 стр. 105-111

12. поглавје

Вмешан си во важно спорно прашање

1, 2. (а) Зошто твојот начин на живот е од пресудна важност? (б) На кого уште влијае тоа, и зошто?

ТВОЈОТ начин на живот е од пресудна важност, бидејќи во зависност од тоа ќе имаш среќна или несреќна иднина. На крајот тоа ќе биде одлучувачко дали ќе завршиш со овој свет или ќе го преживееш неговиот крај и ќе влезеш во Божјето праведно ново уредување, каде што ќе можеш да живееш засекогаш (1. Јованово 2:17; 2. Петрово 3:13).

2 Меѓутоа, твојот начин на живот не влијае само на тебе. Тоа што го правиш влијае и на другите. Ако твоите родители се живи, ти со своите постапки им нанесуваш чест или срам. Библијата вели: ”Мудриот син го весели таткото, а лудиот син е жалост за својата мајка“ (Изреките 10:1, Ст). Што е уште поважно, твојот начин на живот го интересира и Јехова Бог. Тоа може да го радува или може да го жалости. Зошто? Се работи за важно спорно прашање во кое си вмешан и ти.

ДАЛИ ЛУЃЕТО ЌЕ МУ ОСТАНАТ ВЕРНИ НА БОГ?

3. Кој предизвик му го упатил Сатана на Јехова?

3 Тоа спорно прашање го поставил Сатана, Ѓаволот, кога успеал да ги наведе Адам и Ева да го прекршат Божјиот закон, со што се придружиле во неговиот бунт против Бог (1. Мојсеева 3:1–6). Сатана го искористил тоа да го предизвика Јехова со следното тврдење: ”Луѓето ти служат само затоа што добиваат нешто од тебе. Дај ми шанса и јас ќе ги одвратам сите од тебе.“ Иако тие зборови не ги наоѓаме дословно запишани во Библијата, нема сомнение дека Сатана му рекол на Бог такво нешто. Тоа произлегува од библиската книга за Јов.

4, 5. (а) Кој бил Јов? (б) Што се случило на небото во негово време?

4 Јов живеел многу векови после бунтот во Еденската градина. Тој бил праведен и верен Божји слуга. Но, дали Бог или Сатана навистина се осврнале на Јововата верност? Според Библијата навистина било така. Таа известува како Сатана се појавил пред Јехова во небесните дворови. Забележи го предметот на нивниот разговор:

5 ”А еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Господ [Јехова, NW], а меѓу нив дојде и Сатана. А Господ му рече на Сатана: од каде идеш? А Сатана му одговори на Господ и рече: ја проодував земјата и ја обиколував. И Господ му рече на Сатана: дали си го видел мојот слуга Јов? нема таков човек на земјата, добар и праведен, кој се плаши од Бог и бега од злото?‘“ (Јов 1:6–8, ДК).

6. Кое спорно прашање според Библијата се појавило во деновите на Јов?

6 Зошто Јехова му ја споменал на Сатана Јововата честитост? Очигледно се работело за прашањето дали Јов ќе му остане верен на Јехова или не. Размисли за прашањето што го поставил Бог: ”Од каде идеш?“ и одговорот на Сатана ”Ја проодував земјата и ја обиколував.“ Ова прашање и одговорот на Сатана покажуваат дека Јехова му дал слобода на Сатана за да го докаже своето тврдење дека може секого да го одврати од Јехова. Што му одговорил Сатана на Јехова на неговото прашање за верноста на Јов?

7, 8. (а) Од која причина му служел Јов на Бог како што тврдел Сатана? (б) Што сторил Јехова за да го расчисти спорното прашање?

7 ”А Сатана му одговори на Господ [Јехова, NW] и рече: зар Јов не се плаши залудно од Бог? Зар не си ја оградил ти неговата куќа и сѐ што има секаде наоколу? делото на неговите раце си го благословил, и неговата стока се намножила на земјата. Но испружи ја својата рака и допри до сѐ што има, и ќе те пцуе [колне, NW] в очи“ (Јов 1:9–11, ДК).

8 Со тој одговор Сатана се обидел да ја објасни причината за Јововата верност. ”Јов ти служи“, тврдел тој, ”поради сите добри работи кои му ги даваш, а не затоа што те сака.“ Сатана се жалел дека Јехова ја употребува својата поголема моќ на нечесен начин. ”Ти секогаш го штитеше“, рекол тој. За да се расчисти спорното прашање, Јехова оговорил: ”Еве, сѐ што е негово, е во твоја рака; само врз него не кревај рака!“ (Јов 1:12, ББД).

9. Каква несреќа му нанел Сатана на Јов, и со какви последици?

9 Сатана веднаш тргнал да го унесреќи Јов. Му била украдена или убиена целата стока. Потоа биле убиени неговите десет деца. Јов ги изгубил скоро сите, но сепак останал верен на Јехова. Не го проколнал Бог (Јов 1:13–22). Но, со тоа не било сѐ завршено.

10. Што покажува дека Сатана не се предал?

10 Сатана, заедно со другите ангели, повторно се појавил пред Јехова. Јехова повторно го запрашал дали ја видел Јововата верност, велејќи: ”И сѐ уште цврсто се држи за својата беспрекорност“ (NW). Сатана одговорил: ”Кожа за кожа! Сѐ што има човек ќе даде за животот. Но испружи ја раката и допри до неговите коски и месо, ќе те колне в лице“ (Јов 2:1–5, Ст).

11. (а) Кои натамошни искушенија Сатана му ги нанел на Јов? (б) Каков бил резултатот од тоа?

11 После тоа Јехова му дозволил на Сатана да направи со Јов што сака, само не смеел да го убие (Јов 2:6). Сатана го удрил Јов со ужасна болест. Јов страдал толку многу што го молел Бог да умре (Јов 2:7; 14:13, 14). Дури и неговата жена се одвратила од него и му рекла: ”Проколни го Бог, па умри“ (Јов 2:9, Ст). Но Јов одбил да го стори тоа, велејќи: ”Додека дишам нема да остапам од својата беспрекорност!“ (Јов 27:5, NW). Јов му останал верен на Бог. Така докажал дека Сатана не бил во право кога тврдел дека Јов му служи на Бог само поради материјална добивка, а не од љубов. Исто така, докажал дека Сатана не може секого да го одврати од служењето на Бог.

12. (а) Каков одговор му дал Јов на Јехова за тврдењето на Сатана? (б) Што докажала верноста на Исус спрема Бог?

12 Што мислиш, како влијаело на Јехова верното постапување на Јов? Тој бил многу среќен поради тоа. Божјата реч нѐ опоменува: ”Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето за да можам да му одговорам на оној кој ме навредува“ (Изреките 27:11, Ст). Сатана му се исмејувал на Јехова. А Јов го израдувал срцето на Јехова со своето верно постапување. Сатана тврди дека луѓето нема да му служат на Бог ако се најдат под искушенија. Многу други луѓе исто така му дале можност на Бог да му одговори на Ѓаволот на таков начин. Најголем пример дал совршениот човек Исус. Покрај сите искушенија кои му ги нанел Сатана, тој цврсто се држел за својата лојалност спрема Бог. Тоа докажува дека, ако сакал, истото можел да го направи и совршениот Адам, само кога би сакал, и дека Бог не бил неправеден кога од луѓето барал потполна послушност.

КАДЕ СТОИШ ТИ?

13. (а) Дали твојот начин на живот е поврзан со спорното прашање? (б) Како можеме ние да го израдуваме Бог или пак да му нанесеме болка?

13 А како е со твојот живот? Можеби сметаш дека не е важно како живееш. Но важно е. Со својот начин на живот, свесно или несвесно, ти во спорното прашање застануваш на страната на Бог или на страната на Сатана. Јехова е заинтересиран за тебе и тој сака да му служиш и да живееш вечно на рајската Земја (Јован 3:16). Кога Израелците се бунеле против него, тоа го болело (Псалми 78:40, 41). Дали со својот начин на живот му нанесуваш на Бог радост или болка? Секако, ако сакаш Бог да се радува, мораш да ги запознаеш и да ги следиш неговите закони.

14. (а) Чии закони за полните односи треба да ги слушаме ако сакаме да го израдуваме Бог? (б) Зошто кршењето на тие закони е грев?

14 Една од главните цели на Сатана е да ги наведе луѓето да ги прекршат Божјите закони кои ја регулираат употребата на способноста на размножување и Божјето уредување на бракот и семејството. Според Божјите закони кои ја заштитуваат нашата среќа, невенчани лица не смеат да имаат сексуални односи, а лицата кои се во брак треба да имат сексуални односи само со својот венчан партнер (1. Солунјаните 4:3–8; Евреите 13:4). Кога се прекршува Божјиот закон, се раѓаат несакани деца. Многу мајки абортираат, со што ги убиваат своите сѐ уште неродени деца. Освен тоа, многумина кои се оддаваат на блуд заболуваат од ужасни венерични болести, што може да доведе до раѓање на деформирани деца. Интимните односи со некој со кого не си венчан е акт на неверство, престап против Бог. Јов рекол: ”Ако ми го заведе срцето некоја жена, ако демнев некогаш на вратата од својот ближен (...) Со тоа би направил бесрамно дело, злосторство на кое правдата треба да му пресуди“ (Јов 31:1, 9, 11, Ст).

15. (а) Кому му се допаѓаме ако вршиме блуд? (б) Зошто е мудро да ги слушаме Божјите закони?

15 Не треба да нѐ изненади што светот со кој владее Ѓаволот, смета дека е сосема нормално и исправно да се има сексуален однос пред брак или надвор од бракот. Но, кому му се допаѓаме ако така постапуваме? На Сатана, а не на Јехова. Оној кој сака да го израдува Бог, мора да ’бега од блудство‘ (1. Коринтјаните 6:18, ББД). Навистина секогаш не е лесно да се остане верен на Бог. Не му било лесно ниту на Јов. Сепак, сети се дека е мудро да ги слушаме Божјите закони. Ќе бидеш посреќен сега ако така постапуваш. Што е најважно, ќе ја застапуваш Божјата страна во спорното прашање и ќе го израдуваш неговото срце. А тој ќе те благослови со вечен живот во среќа на Земјата.

16. (а) Како Јов бил благословен за својата верност? б) Што можеме да речеме за штетата што ја предизвикал Сатана, на пример, кога ги убил десетте деца на Јов?

16 Сатана му наметнал на Јов сиромаштија и предизвикал смрт на неговите десет деца, што сигурно претставувало тешка загуба. Меѓутоа, откако Јов се покажал верен, Бог го благословил двојно повеќе со сѐ што имал пред тоа; и повторно бил татко на десет деца (Јов 42:10–17). Освен тоа, оние десет деца кои ги убил Сатана, сигурно ќе воскреснат. Значи, Сатана не може да предизвика штета која Јехова во одредено време не може да ја надомести.

17. Зошто е важен нашиот начин на живот?

17 Затоа, немој никогаш да заборавиш дека навистина е важно каков живот водиш. За тоа се посебно заинтересирани Јехова Бог и Сатана ѓаволот, зашто и ти си вмешан во спорното прашање дали луѓето ќе му бидат верни на Бог или не.

[Слика на страница 106]

Јов докажал дека е лажно тврдењето на Сатана дека под искушение никој нема да му остане верен на Бог.

[Слика на страница 110]

Да се има сексуални односи со некого со кого не сме венчани е престап против Бог.

[Слика на страница 111]

Јехова го благословил Јов за неговата верност на тој начин што му дал многу повеќе отколку што имал пред тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели