ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/3 стр. 15-19
  • Настрој го умот кон духот и живеј!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Настрој го умот кон духот и живеј!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Настроеност на умот кон духот‘
  • Драматично преобразување
  • Виталната улога на Божјата реч
  • „Колку го љубам Твојот Закон!“
  • Моли се за Јеховина помош
  • Не жалости го духот
  • Нека умот и понатаму ти биде настроен кон духот
  • Борење со стисокот на гревот над паднатото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Живеј според духот и ќе имаш живот и мир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Спротивстави му се на „духот на светот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Јеховиниот дух го води неговиот народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/3 стр. 15-19

Настрој го умот кон духот и живеј!

„Настроеноста на умот кон духот значи живот“ (РИМЈАНИТЕ 8:6).

1, 2. Каков контраст прави Библијата меѓу „телото“ и „духот“?

ДА СЕ задржи чиста морална положба пред Бог среде едно изопачено општество кое го велича задоволувањето на телесните желби не е баш мал предизвик. Меѓутоа, Писмото прави контраст меѓу „телото“ и „духот“, повлекувајќи јасна граница меѓу страшните последици кога се дозволува да се биде воден од грешното тело и благословените резултати кога некој му се препушта на влијанието на Божјиот свет дух.

2 На пример, Исус Христос рекол: „Духот е тој кој е животодавен; телото не користи воопшто ништо. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот“ (Јован 6:63). На христијаните во Галатија апостол Павле им напишал: „Телото во својата желба е против духот, а духот против телото; зашто овие се противат едно на друго“ (Галатите 5:17). Исто така, Павле рекол: „Оној кој сее во поглед на своето тело, од телото ќе пожнее распадливост, а оној кој сее во поглед на духот, од духот ќе пожнее вечен живот“ (Галатите 6:8).

3. Што е потребно за да се ослободиме од погрешните желби и склоности?

3 Јеховиниот свет дух — неговата активна сила — може ефикасно да ги искорени нечистите „телесни желби“ и разорната превласт на нашето грешно тело (1. Петрово 2:11). За да се ослободиме од ропството на грешните склоности, битно е да ја имаме помошта од Божјиот дух, зашто Павле напишал: „Настроеноста на умот кон телото значи смрт, но настроеноста на умот кон духот значи живот и мир“ (Римјаните 8:6). Што значи умот да биде настроен кон духот?

‚Настроеност на умот кон духот‘

4. Што значи ‚настроеноста на умот кон духот‘?

4 Кога пишувал за „настроеноста на умот кон духот“, Павле употребил еден грчки збор кој означува „начин на размислување, умствена (склоност) . . . цел, стремеж, настојување“. Еден сроден глагол значи „да се мисли, да се биде настроен на извесен начин“. Според тоа, умот да биде настроен кон духот значи да се биде контролиран, управуван и теран од Јеховината активна сила. Тоа означува и дека ние спремно дозволуваме нашето размислување, нашите склоности и стремежи да дојдат под целосно влијание на Божјиот свет дух.

5. До која мера треба да се подложиме на влијанието на светиот дух?

5 Степенот до кој треба да се подложиме на влијанието на светиот дух го нагласил Павле кога рекол да бидеме ‚робови преку духот‘ (Римјаните 7:6). На темел на својата вера во Исусовата откупна жртва, христијаните се ослободени од превласта на гревот и на тој начин ‚умреле‘ во однос на својата поранешна состојба како негови робови (Римјаните 6:2, 11). Оние кои во фигуративен поглед умреле на тој начин сѐ уште се физички живи и сега се слободни да го следат Христос како „робови на праведноста“ (Римјаните 6:18-20).

Драматично преобразување

6. Какво преобразување доживуваат оние кои стануваат „робови на праведноста“?

6 Да се преобразиме од „робови на гревот“ за да му служиме на Бог како „робови на праведноста“ е навистина драматично. Во врска со некои кои доживеале таква промена, Павле напишал: ‚Се исправте, се осветивте, прогласени сте за праведни во името на нашиот Господ Исус Христос и со духот на нашиот Бог‘ (Римјаните 6:17, 18; 1. Коринќаните 6:11).

7. Зошто е важно да го имаме Јеховиното гледиште за работите?

7 За да доживееме едно такво извонредно преобразување, најпрвин треба да научиме за Јеховиното гледиште за работите. Пред повеќе векови, псалмистот Давид горливо го молел Бог: „Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта . . . Води ме во Твојата вистина и научи ме“ (Псалм 25:4, 5). Јехова го сослушал Давид, а Тој може да одговори на една таква молитва и на своите денешни слуги. Со оглед на тоа што Божјите патишта и неговата вистина се чисти и свети, медитирањето за нив ќе ни биде од корист ако сме искушани да ги задоволиме нечистите телесни желби.

Виталната улога на Божјата реч

8. Зошто е неопходно да ја проучуваме Библијата?

8 Божјата реч, Библијата, е производ на неговиот дух. Затоа, еден витален начин да дозволиме тој дух да дејствува врз нас е да ја читаме и проучуваме Библијата — ако е можно секој ден (1. Коринќаните 2:10, 11; Ефешаните 5:18). Тоа што ќе го исполнуваме умот и срцето со библиските вистини и начела ќе ни помогне да одолееме на нападите врз нашата духовност. Да, кога ќе се јават неморални искушенија, Божјиот дух може да ни ги врати во мислите Божјите потсетувања и водечките начела кои можат да ја зајакнат нашата решеност да постапуваме во согласност со Божјата волја (Псалм 119:1, 2, 99; Јован 14:26). На тој начин нема да бидеме намамени да следиме погрешен правец (2. Коринќаните 11:3).

9. Како проучувањето на Библијата ја зајакнува нашата решеност да го сочуваме својот однос со Јехова?

9 Додека продолжуваме искрено и марливо да го проучуваме Писмото со помош на публикации темелени на Библијата, Божјиот дух влијае врз нашиот ум и срце, предизвикувајќи да се продлабочи нашата почит кон Јеховините мерила. Нашиот однос со Бог ни станува најважното нешто во животот. Кога се соочуваме со искушение, не се занимаваме со размислување за тоа колку би можело да биде угодно да се впуштиме во престапување. Наместо тоа, од главен интерес ни е да го задржиме нашиот интегритет кон Јехова. Силното ценење за нашиот однос со него нѐ тера да се бориме против секоја склоност која би можела да му нанесе штета или да го уништи.

„Колку го љубам Твојот Закон!“

10. Зошто е потребна послушност кон Јеховиниот закон за умот да ни биде настроен кон духот?

10 За да ни биде умот настроен кон духот, не е доволно само спознание за Божјата реч. Цар Соломон многу добро ги сфаќал Јеховините мерила, но при крајот на својот живот пропуштил да живее според нив (1. Царства 4:29, 30; 11:1—6). Ако сме духовно настроени, ќе ја увидиме потребата не само да знаеме што кажува Библијата туку и да му бидеме послушни на Божјиот закон со цело срце. Тоа значи совесно да ги испитуваме Јеховините мерила и марливо да настојуваме да ги следиме. Псалмистот имал таков став. Тој пеел: „Колку го љубам Твојот Закон, по цел ден размислувам за него“ (Псалм 119:97). Кога сме вистински заинтересирани да го следиме Божјиот закон, почнуваме да покажуваме побожни особини (Ефешаните 5:1, 2). Наместо да бидеме беспомошно привлечени кон престапувањето, ги покажуваме плодовите на духот, а желбата да му угодиме на Јехова нѐ одвраќа од безвредните „дела на телото“ (Галатите 5:16, 19-23; Псалм 15:1, 2).

11. Како би објаснил зошто Јеховиниот закон кој забранува блуд е заштита за нас?

11 Како можеме да развиеме длабока почит и љубов кон Јеховиниот закон? Еден начин е преку грижливо испитување на неговата вредност. Разгледај го Божјиот закон кој ги ограничува сексуалните односи само на бракот и забранува блуд и прељуба (Евреите 13:4). Дали послушноста кон овој закон нѐ лишува од нешто добро? Дали еден небесен Татко полн со љубов би донел закон за да нѐ лиши од нешто корисно? Секако не! Погледни што се случува со животите на многумина кои не живеат во согласност со Јеховините морални мерила. Несаканата бременост честопати ги води до абортуси или можеби до предвремени и несреќни бракови. Многумина мораат да подигаат дете без сопруг или сопруга. Освен тоа, оние кои практикуваат блуд се изложуваат на сексуално преносливи болести (1. Коринќаните 6:18). А ако некој Јеховин слуга изврши блуд, емоционалните последици можат да бидат опустошувачки. Обидот да се потисне грижата на совеста може да доведе до бессони ноќи и душевно страдање (Псалм 32:3, 4; 51:3). Тогаш, зарем не е очигледно дека Јеховиниот закон кој забранува блуд е предвиден за да нѐ заштити? Да, навистина постои голема корист ако се задржи моралната чистота!

Моли се за Јеховина помош

12, 13. Зошто е пригодно да се молиме кога сме притиснати од грешни желби?

12 Настроеноста на умот кон духот сигурно бара и искрена молитва. Пригодно е да бараме помош од Божјиот дух, зашто Исус рекол: „Ако вие . . . знаете како да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото на небото ќе им даде свет дух на оние кои го молат!“ (Лука 11:13). Во молитва можеме да изразиме дека зависиме од духот за помош во врска со нашите слабости (Римјаните 8:26, 27). Ако увидиме дека грешните желби или ставови влијаат врз нас, или ако некој љубезен соверник ни обрне внимание на тоа, би било мудро во нашите молитви да бидеме конкретни во врска со проблемот и да бараме Божја помош во совладувањето на тие склоности.

13 Јехова може да ни помогне да се сосредоточиме на работи кои се праведни, чесни, доблесни и вредни за фалба. И колку само е пригодно горливо да го преколнуваме за „мирот Божји“ да ги чува нашите срца и умствени сили! (Филипјаните 4:6-8). Затоа, да се молиме за Јеховина помош да ‚се стремиме кон праведност, побожна оддаденост, вера, љубов, истрајност, благ нарав“ (1. Тимотеј 6:11-14). Со помош на нашиот небесен Татко, тегобните грижи и искушенијата нема да нараснат до степен да излезат од контрола. Наместо тоа, нашиот живот ќе биде одбележан со спокојство добиено од Бог.

Не жалости го духот

14. Зошто Божјиот дух е сила за чистота?

14 Зрелите Јеховини слуги лично го применуваат Павловиот совет: „Не гаснете го огнот на духот“ (1. Солуњаните 5:19). Со оглед на тоа што Божјиот дух е „духот на светоста“, тој е неизвалкан, чист, свет (Римјаните 1:4). Кога дејствува врз нас, тој дух е сила за светост, или чистота. Ни помага да останеме на еден чист пат на живот кој е одбележан со послушност кон Бог (1. Петрово 1:2). Секоја нечиста практика претставува игнорирање на тој дух, а тоа може да има катастрофални последици. Како?

15, 16. а) Како би можеле да го ожалостиме Божјиот дух? б) Како може да избегнеме да го жалостиме Јеховиниот дух?

15 Па, Павле напишал: „Не жалостете го Божјиот свет дух, со кој сте запечатени за ден на ослободување преку откупнина“ (Ефешаните 4:30). Писмото го идентификува Јеховиниот дух како печат, или ‚залог на она што требало да дојде‘ за верните помазани христијани. А тоа е бесмртен небесен живот (2. Коринќаните 1:22; 1. Коринќаните 15:50-57; Откровение 2:10). Божјиот дух може да ги насочува помазаниците и нивните придружници со земна надеж кон живот на верност и може да им помогне да ги избегнуваат грешните дела.

16 Апостолот предупредил против склоностите кон лага, крадење, срамно однесување итн. Ако дозволиме да бидеме одвлечени од такви работи, би оделе против советите од Божјата реч инспирирани со духот (Ефешаните 4:17-29; 5:1-5). До извесна мера, на тој начин би го жалостеле Божјиот дух, а сигурно дека тоа е нешто што сакаме да го избегнуваме. Во врска со тоа, ако некој од нас почне да ги игнорира советите од Јеховината реч, може да почне да развива ставови или особини кои би можеле да завршат со намерен грев и потполно губење на божествената наклоност (Евреите 6:4-6). Иако можеби токму во моментов не практикуваме грев, можеби се стремиме во тој правец. Одејќи спротивно на водството од духот, ние би го жалостеле. Исто така, би се спротивставувале и би го жалостеле Јехова, изворот на светиот дух. Како луѓе кои го љубат Бог, никогаш не сакаме да го правиме тоа. Напротив, можеме да се молиме за Јеховина помош за да не го жалостиме неговиот дух туку да му донесеме чест на неговото свето име додека умот и понатаму ни е настроен кон духот.

Нека умот и понатаму ти биде настроен кон духот

17. Кои се некои духовни цели кои би можеле да си ги поставиме, и зошто тоа би било мудро?

17 Истакнат начин умот и понатаму да ни биде настроен кон духот е да си поставиме духовни цели и да работиме на тоа да ги постигнеме. Зависно од нашите потреби и околности, нашите цели може да опфаќаат подобрување на нашите навики на проучување, зголемување на нашиот удел во делото на проповедање или посегнување по некоја конкретна предност на службата, како што е полновремената пионерска служба, бетелската служба или мисионерското дело. Ова ќе го држи нашиот ум зафатен со духовни интереси и ќе ни помогне да се спротивставиме да подлегнеме на нашите човечки слабости или да бидеме втурнати кон материјалистички цели и небиблиски желби вообичаени за овој систем на работи. Ова сигурно е мудар правец, зашто Исус поттикнал: „Престанете да си собирате блага на земјата, каде што молецот и ’рѓата ги нагризуваат, и каде што крадци провалуваат и крадат. Напротив, собирајте си блага на небото, каде што ниту молец ниту ’рѓа ги нагризуваат и каде што крадци не провалуваат и не крадат. Зашто, каде ти е благото таму ќе ти биде и срцето“ (Матеј 6:19-21).

18. Зошто е толку важно во овие последни денови умот и понатаму да ни биде настроен кон духот?

18 Настроеноста на умот кон духот и потиснувањето на световните желби сигурно е правец на мудрост во овие ‚последни денови‘ (2. Тимотеј 3:1-5). Впрочем, „светот поминува, а и неговата желба, но оној кој ја врши Божјата волја останува засекогаш“ (1. Јованово 2:15-17). Ако еден млад христијанин се стреми кон полновремената служба како цел, на пример, ова може да служи како светлина која ќе го води во текот на предизвикувачките години на адолесценција или во почетокот на полнолетството. Кога ќе се најде под притисок да направи компромис, таквото лице ќе има јасна визија за тоа што сака да постигне во Јеховината служба. Таквото духовно лице ќе смета дека е немудро, па дури и глупаво, да го проигра остварувањето на духовните цели заради материјалните стремежи или заради некое задоволство кое го ветува гревот. Запомни дека духовно настроениот Мојсеј ‚избрал да биде малтретиран заедно со Божјиот народ наместо да го има привременото уживање на гревот‘ (Евреите 11:24, 25). Сеедно дали сме стари или млади, правиме сличен избор кога умот и понатаму ни е настроен кон духот наместо кон паднатото тело.

19. Кои користи ќе ги уживаме ако умот и понатаму ни биде настроен кон духот?

19 „Настроеноста на умот кон телото значи непријателство со Бог“, додека „настроеноста на умот кон духот значи живот и мир“ (Римјаните 8:6, 7). Ако умот и понатаму ни е настроен кон духот, ќе доживееме скапоцен мир. Нашите срца и умствени сили ќе бидат уште поцелосно заштитени од влијанието на нашата грешна состојба. Ќе бидеме поспособни да одолееме на искушенијата да се вплеткаме во престапување. А ќе имаме и божествена помош да се справиме со постојаната битка меѓу телото и духот.

20. Зошто можеме да бидеме сигурни дека е можно да излеземе победници во битката меѓу телото и духот?

20 Ако умот и понатаму ни е настроен кон духот, задржуваме една витална врска со Јехова, изворот на животот и на светиот дух (Псалм 36:9; 51:11). Сатана Ѓаволот и неговите застапници прават сѐ што можат за да го уништат нашиот однос со Јехова Бог. Тие се обидуваат да стекнат контрола над нашите умови, знаејќи дека ако се откажеме, тоа на крај ќе води до непријателство со Бог и до смрт. Но, ние можеме да излеземе победници во оваа битка меѓу телото и духот. Тоа го доживеал и Павле, зашто пишувајќи за сопствената битка, најпрвин прашал: „Кој ќе ме спаси од телото кое е подложно на оваа смрт?“ Потоа, покажувајќи дека е можен спас, извикал: „Му благодарам на Бог преку Исус Христос, нашиот Господ“ (Римјаните 7:21-25). И ние можеме да му благодариме на Бог преку Христос заради тоа што го обезбедува средството да се справиме со човечките слабости и за тоа умот да ни биде и понатаму настроен кон духот со прекрасната надеж за вечен живот (Римјаните 6:23).

Се сеќаваш ли?

• Што значи умот да биде настроен кон духот?

• Како може да дозволиме Јеховиниот дух да дејствува врз нас?

• Објасни зошто во нашата битка против гревот е витално да ја проучуваме Библијата, да бидеме послушни на Јеховиниот закон, и да му се молиме.

• Како може поставувањето духовни цели да нѐ држи на патот на животот?

[Слика на страница 16]

Проучувањето на Библијата ни помага да одолееме на нападите врз нашата духовност

[Слика на страница 17]

Пригодно е да се молиме за Јеховина помош да ги совладаме грешните желби

[Слики на страница 18]

Духовните цели можат да ни помогнат умот и понатаму да ни биде настроен кон духот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели