ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/8 стр. 5-7
  • Довербата може да се врати!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Довербата може да се врати!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каков бил резултатот? Напнати односи
  • Во кого можеме да имаме доверба?
  • Враќање на довербата
  • Зошто криза на довербата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Да ја зајакнуваме нашата доверба во Божјата праведност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Зошто старееме и умираме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Јехова треба да биде наша доверба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/8 стр. 5-7

Довербата може да се врати!

ИАКО моменталната криза на довербата е знак за „последните денови“, недостигот на доверба станал очигледен уште пред илјади години (2. Тимотеј 3:1). Првин се појавил на едно многу неверојатно место — во рај. За неговата локација, Библијата вели: „Насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде. И направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото“ (1. Мојсеева 2:8, 9).

Наредните стихови фрлаат светлина врз тоа каква врска има ова со современата криза на довербата. Читаме: „И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: ‚Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш‘“ (1. Мојсеева 2:16, 17). Дали Адам имал некаква причина да се сомнева во она што го рекол Јехова?

Понатаму читаме: „Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: ‚Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно [секое, NW] дрво во рајот?‘ А жената ѝ рече на змијата: ‚Ние јадеме род од секое дрво во рајот; — само од родот на она дрво среде рајот, — рече Бог, — не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!‘ Тогаш змијата ѝ рече на жената: ‚Не, вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.‘ И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси“ (1. Мојсеева 3:1—6).

Игнорирајќи го Божјето јасно предупредување, Адам и Ева покажале недостиг на доверба во Јехова. Тие го отсликувале Божјиот непријател Сатана кој разговарал со Ева преку дословната змија. На Сатана му недостигала доверба во Јеховиниот начин на владеење. Поради тоа и поради гордото и амбициозно срце, тој се побунил против Бог и ги завел луѓето да го сторат истото. Влијаел врз нив да размислуваат дека не треба да се има доверба во Бог.

Каков бил резултатот? Напнати односи

Можеби си забележал дека поединците кои немаат доверба во другите тешко задржуваат пријателства. Публилиј Сириец, латински писател од првиот век пр. н. е., напишал: „Довербата е единствената врска на пријателство“. Со својот чин на побуна, Адам и Ева покажале дека немаат доверба во Бог. Според тоа, Бог сигурно немал причина да има доверба во нив. Како резултат на тоа прекинување на довербата, т. е. доверливоста, првите луѓе го изгубиле Божјето пријателство. Не постои показател дека Јехова некогаш повторно разговарал со нив откако ги осудил заради нивната побуна.

Исто така, трпел односот меѓу Адам и Ева. Јехова ја предупредил Ева: „Со породилни болки ќе раѓаш деца, и ќе копнееш по својот сопруг, а тој ќе доминира над тебе“ (1. Мојсеева 3:16, NW). Библијата на македонски јазик вели: „Тој ќе ти биде господар!“ Наместо кон својата сопруга да спроведува поглаварство полно со љубов, како што сакал Бог, сега Адам ѝ станал газда кој господарел над неа.

Откако згрешиле, Адам се обидел да ја префрли вината врз својата сопруга. Според негово мислење, она што таа го сторила било причината зошто тие биле исфрлени од една совршена градина во недоработена Земја, осудени да робуваат под околности кои воопшто не биле идеални, пред да се вратат во прав (1. Мојсеева 3:17—19). Можеме да замислиме дека тоа било извор на напнатост меѓу нив двајцата. Можеби Адам реагирал претерано, произнесувајќи се дека никогаш повторно нема да ја послуша Ева. Можеби мислел дека, всушност, има оправдување да ѝ каже: ‚Од сега па натаму, јас сум газда!‘ Ева, пак, од своја страна, можеби увидела дека Адам потфрлил во улогата на глава на семејството, предизвикувајќи таа да изгуби доверба во него. Во секој случај, изразувајќи недостиг на доверба во Бог, луѓето го изгубиле пријателството со него и го нарушиле меѓусебниот однос.

Во кого можеме да имаме доверба?

Секој не ја заслужува нашата доверба, како што илустрира примерот на Адам и Ева. Како можеме да знаеме кој ја заслужува, а кој не ја заслужува нашата доверба?

Псалм 145:3 нѐ советува: „Не надевајте се на [Немајте доверба во, NW] кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение“. А во Јеремија 17:5—7 читаме: „Проклет да е оној човек, што се надева на [ја полага својата доверба во, NW] човек и кој телото свое го смета за сила, и чие срце се клони од Господа“. Од друга страна, пак, „благословен е оној човек, кој се надева на [ја полага својата доверба во, NW] Господа, и кому надежта му е Господ“.

Се разбира, не е секогаш погрешно да се полага доверба во луѓе. Тие стихови едноставно го наведуваат фактот дека довербата во Бог никогаш не е ставена на погрешно место, но дека полагањето доверба во несовршените луѓе понекогаш може да доведе до катастрофа. На пример, луѓето кои имаат доверба дека човекот ќе го постигне она што само Бог може да го стори — да обезбеди спасение и да донесе целосен мир и безбедност — се на пат да бидат разочарани (Псалм 45:9; 1. Солунјаните 5:3).

Всушност, луѓето и човечките институции заслужуваат доверба само до оној степен до кој постапуваат во склад со Божјите намери и ги покажуваат побожните начела. Затоа, ако сакаме да ги подбудиме другите да имаат доверба во нас, мораме да ја зборуваме вистината, да бидеме чесни и доверливи (Изреки 12:19; Ефесјаните 4:25; Евреите 13:18). Само ако се однесуваме во согласност со библиските начела, довербата која ја полагаат другите во нас ќе биде оправдана и ќе се докаже како извор на взаемна сила и охрабрување.

Враќање на довербата

Јеховините сведоци имаат цврста основа за да ја положат својата доверба во Бог и да ги храбрат другите да го прават истото. Јехова е верен и лојален, тој е оној на кого можеме секогаш да се потпреме дека ќе го стори она што го рекол, бидејќи „не е можно Бог да излаже“. Довербата положена во Богот на љубовта никогаш нема да доведе до разочарување (Евреите 6:18; Псалм 93:14; Исаија 46:9—11; 1. Јованово 4:8).

Луѓето кои се обединети заради тоа што имаат доверба во Јехова и кои живеат во склад со неговите начела, силно се мотивирани да покажуваат доверба еден во друг. Колкава само радост е да се најдат луѓе кои се достојни за доверба во еден свет кој доживува криза на довербата! Замисли си колку би бил поинаков светот кога би можеле да имаме потполна доверба во она што секој го вели или го прави! Тоа ќе биде случај во претстојниот нов свет кој го ветил Бог. Никогаш повторно нема да има каква и да било криза на довербата!

Дали би сакал да живееш тогаш? Ако да, Јеховините сведоци те покануваат да ја зајакнеш својата доверба во Бог и во неговите ветувања со тоа што ќе научиш повеќе за неговите барања за животот. Проучувањето на Библијата нуди доказ дека Бог постои, дека е заинтересиран за благосостојбата на човештвото и дека наскоро ќе дејствува за да ги реши светските проблеми преку своето Царство. Милиони научиле да полагаат доверба во Бог и во неговата Реч, Библијата. Јеховините сведоци радо ќе ти ја демонстрираат јавната служба — курс за проучување на Библијата што тие бесплатно го нудат. Или, за понатамошни информации, пиши до издавачите на ова списание.

[Истакната мисла на страница 5]

Недостигот на доверба во Бог води до нарушени човечки односи

[Истакната мисла на страница 6]

Луѓето се достојни за доверба само до оној степен до кој постапуваат во склад со побожните начела

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели