ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јехова е наш Пастир
    Стражарска кула 2005 | 1 Ноември
    • „Нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене“

      13. Како зборовите на Давид од Псалм 23:4 укажуваат на поголема блискост со Јехова, и зошто тоа не нѐ изненадува?

      13 Давид дава уште една причина за својата доверба: Јехова ги штити своите овци. Читаме: „Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат“ (Псалм 23:4). Сега Давид му се обраќа на Јехова со „ти“, што укажува на поголема блискост. Ова не нѐ изненадува, бидејќи Давид зборува за тоа како Бог му помогнал да истрае во неволја. Давид поминал низ многу долини на смртта — моменти кога животот му бил во опасност. Но, не дозволил да му подлегне на стравот, бидејќи чувствувал дека со него е Бог — со подготвени „жезол“ и „палка“. Свесноста за ваквата заштита го утешила Давид и несомнено уште повеќе го зближила со Јехова.b

      14. Како нѐ уверува Библијата дека Јехова ќе нѐ штити, но што не значи тоа?

      14 Како ги штити Јехова своите овци денес? Библијата нѐ уверува дека ниеден противник — било да е тоа демон или човек — нема да успее да ги отстрани неговите овци од Земјата. Јехова никогаш не би го дозволил тоа (Исаија 54:17; 2. Петрово 2:9). Меѓутоа, ова не значи дека нашиот Пастир ќе нѐ заштити од секоја неволја. Ни се случуваат неволјите што ги снаоѓаат сите луѓе, и се соочуваме со противењето што го имаат сите вистински христијани (2. Тимотеј 3:12; Јаков 1:2). Ќе има моменти кога и ние, така да се каже, ќе одиме „низ долината на смртната сенка“. На пример, можеби ќе бидеме блиску до смртта поради прогонство или поради здравствени проблеми. Или, пак, некој што ни е драг можеби ќе биде блиску до смртта или дури и ќе ѝ подлегне. Дури и кога ни се чини дека сме се нашле во најтешките и најмрачни моменти, нашиот Пастир е со нас, и тој ќе нѐ чува. Како?

      15, 16. а) На кои начини Јехова ни помага да ги совладаме препреките што ќе ни застанат на патот? б) Раскажи некое искуство што покажува како ни помага Јехова кога ни е тешко.

      15 Јехова не ветува дека ќе нѐ заштити со некакво чудо.c Но, можеме да бидеме сигурни во ова: Јехова ќе ни помогне да совладаме секаква препрека што ќе ни застане на патот. Тој може да ни даде мудрост да се справиме со „разни искушенија“ (Јаков 1:2-5). Еден пастир го користи својот стап не само за да ги брка крволочните животни туку и за да ги поттурнува своите овци во исправна насока. Јехова може да нѐ „поттурнува“, можеби преку некој сообожавател, да ги примениме библиските совети што можат многу да ја променат нашата ситуација. Освен тоа, Јехова може да ни даде сила да истраеме (Филипјаните 4:13). Преку својот свет дух, тој може да ни ја даде „силата која ја надминува нормалната“ (2. Коринќаните 4:7). Божјиот дух може да ни помогне да го издржиме секое искушение што ќе ни го наметне Сатана (1. Коринќаните 10:13). Зар не е утешно да знаеме дека Јехова секогаш е спремен да ни помогне?

      16 Да, во каква и темна долина да се најдеме, не мора сами да одиме низ неа. Нашиот Пастир е со нас, и ни помага на начини што во почетокот можеби не ги сфаќаме потполно. Размисли за искуството на еден христијански старешина што имал малиген тумор на мозокот. „Морам да признаам дека во почетокот се прашував дали Јехова ми се лути, па дури и дали воопшто ме сака. Но, бев решен да не се оддалечам од Јехова. Наместо тоа, му ги кажав своите грижи. И Јехова ми помогна, честопати тешејќи ме преку моите браќа и сестри. Мнозина ми кажаа корисни мисли врз основа на нивните лични искуства со некоја тешка болест. Нивните урамнотежени зборови ме потсетија дека она што го доживувам не е ништо необично. Практичната помош, вклучувајќи и некои трогателни понуди за помош, ме уверија дека Јехова не ми се лути. Се разбира, и понатаму морам да се борам со мојата болест, и не знам како ќе заврши сѐ. Но, уверен сум дека Јехова е со мене и дека и понатаму ќе ми помага во овие тешки моменти“.

  • Јехова е наш Пастир
    Стражарска кула 2005 | 1 Ноември
    • b Давид составил многу псалми во кои го фалел Јехова затоа што го избавил од опасност. (Види ги, на пример, натписите на Псалмите 18, 34, 56, 57, 59 и 63.)

      c Види ја статијата „Божествена интервенција — што можеме да очекуваме?“ во Стражарска кула од 1 октомври 2003.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели