ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be стр. 9-стр. 12 пас. 4
  • Уживај во Божјата реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Уживај во Божјата реч
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Слушај додека Јехова зборува
  • Читај ја Библијата секојдневно
  • Читај ја целата Божја реч
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Посветувај се на читањето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Како да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be стр. 9-стр. 12 пас. 4

Уживај во Божјата реч

СРЕЌЕН е човекот што „ужива во Јеховиниот закон“. Таквиот човек ја чита Божјата реч ,со придушен глас ден и ноќ‘ (Псал. 1:1, 2, NW). Дали и ти уживаш? Како да ја зголемиш радоста што ти ја донесува Божјата реч?

Слушај додека Јехова зборува

Немој само да читаш зборови. Претставувај си ги визуелно ситуациите за кои читаш. Замислувај си ги гласовите на оние за кои станува збор. Додека ги читаш воведните поглавја од Библијата, чуј како самиот Јехова, чекор по чекор, открива што било направено за Земјата да стане погодна за човекот. Слушај како тој му кажува на својот Син, Вештиот Работник, дека дошло време да ги создаде првите луѓе. Претстави си ја сцената: Адам и Ева се побунуваат, Бог изрекува суд над нив и, како последица од тоа, ги истерува од Рајот (Битие, погл. 1—3). Почувствувај страхопочит додека читаш како еден глас од небото го идентификува Исус Христос како Син Божји, љубениот, оној што бил испратен од Бог да го положи животот за човештвото (Мат. 3:16, 17). Обиди се да си ја замислиш реакцијата на апостол Јован кога слуша како Јехова изјавува: „Гледај, јас правам сѐ ново“ (Откр. 21:5). Навистина, читањето на Божјата реч на ваков начин е уживање!

Продолжи да го читаш инспирираниот запис, и ќе го запознаеш Јехова како личност што е величествена и влева страхопочит. Ќе се почувствуваш силно привлечен кон него, кон Оној што нѐ љуби, постапува со нас на милостив начин, ни помага ако постојано понизно се обидуваме да ја вршиме неговата волја и ни покажува како да имаме успех во сѐ што правиме (Ис. Нав. 1:8; Псал. 8:1; Иса. 41:10).

Колку повеќе време ќе поминуваш во читањето на Библијата толку поголемо ќе биде твоето задоволство, додека расте твоето спознание за Божјата волја во врска со тебе. Но, уживањето ќе оди и уште подлабоко. Кога преку читањето ќе ја добиваш потребната помош за мудро да се справиш со проблемите, ќе се почувствуваш како псалмистот, кој рекол: „Прекрасни се Твоите сведоштва [потсетувања, NW], затоа мојата душа ги пази“ (Псал. 119:129). Ќе се радуваш и бидејќи во Писмото ќе ги согледуваш начелата што ќе ти помагаат да ги обликуваш своето размислување и своите желби на еден побожен начин (Иса. 55:8, 9).

Библијата дава морално водство, кое нѐ штити од болка и ни го покажува исправниот пат. Додека ја читаме, чувствуваме дека Јехова е Татко што знае до какви проблеми доаѓа кога им попуштаме на несовршените телесни желби. Тој не сака да страдаме од ужасните последици, кои неминовно ќе дојдат ако ги презираме неговите високи морални мерила. Се грижи за нас и сака да го уживаме најдобриот начин на живот. Читањето на неговата Реч ни помага уште повеќе да сфатиме колкав благослов е да го имаме него како свој Бог и небесен Татко.

Читај ја Библијата секојдневно

За човекот што ја чита Божјата реч секојдневно, псалмистот рекол: „Сѐ што прави, во сѐ успева“ (Псал. 1:3). Да, и покрај нашите несовршености, и покрај тоа што живееме во Сатановиот зол систем на работи, и покрај обидите на Ѓаволот да нѐ проголта, редовното читање и применување на напишаното во Божјата реч ќе ни овозможи да успееме во сето она што го вклучува нашиот однос со Јехова.

Со оглед на тоа што се наоѓаме под притисок од овој стар систем, задлабочувањето во мислите на Творецот, макар и по неколку скапоцени моменти секој ден, може да нѐ зајакне. Некои што биле в затвор поради својата вера имале пристап само до некои случајни стихови што ги нашле цитирани во статии од весници. Ги исекле, ги запомниле и медитирале за нив. Јехова ги благословил нивните напори, бидејќи го сториле она што околностите им го дозволувале за да го примаат спознанието од Божјата реч (Мат. 5:3). Сепак, повеќето од нас имаат далеку поголема слобода. Не треба да заклучиме дека читањето набрзина по еден библиски стих на ден, само по себе ќе има некаков чудотворен ефект. Меѓутоа, ќе добиеме благослови ако ги преиначиме своите приоритети за да можеме секој ден да читаме по еден дел од Библијата, да размислуваме за него и да го примениме во својот живот.

Реалистично е да се очекува дека нашите најдобри планови можат да бидат нарушени. Кога ќе се случи тоа, им даваме приоритет на работите што ни се навистина важни. На пример, не би поминале намерно ден или два без да се напиеме вода. Значи, сеедно на што наидуваме во секојдневниот живот, треба да одвоиме извесно време да се освежиме со водите на вистината (Дела 17:11).

Читај ја целата Божја реч

Дали лично си ја прочитал целата Библија? На некои им изгледало голем предизвик кога помислиле да читаат од Битие до Откровение. Затоа, многу луѓе што сакале да ја прочитаат целата Библија започнале најпрвин со читање на Христијанските грчки списи. Зошто? Можеби затоа што полесно можеле да видат на кој начин тие библиски книги се применуваат на нив како поединци што настојуваат да одат по стапките на Христос. Или можеби затоа што им изгледало дека во Христијанските грчки списи нема многу за читање — само малку повеќе од четвртина од Библијата. Но, откако завршиле со читање на тие 27 книги, го свртеле вниманието кон 39-те книги од Хебрејските списи и почнале да ги читаат и да уживаат во нив. До моментот кога завршиле со Хебрејските списи, воспоставиле образец на редовно читање на Библијата, така што продолжиле со читање на Христијанските грчки списи по вторпат, и никогаш веќе не престанале. На сличен начин и ти направи го секојдневното читање на Божјата реч своја доживотна навика.

Има ли во твоето семејство или во собранието некој што не знае да чита? Зошто не се понудиш редовно да му ја читаш Библијата? Ќе извлечеш корист ти, а ќе извлече корист и тој додека медитира за она што го слуша и потоа го применува во својот живот (Откр. 1:3).

Со текот на времето, можеби ќе сакаш да преземеш некои посебни проекти во врска со читањето на Библијата. Некои од нив можат да го зголемат кај тебе ценењето за врската меѓу различните делови на Библијата. Ако во твојата Библија има паралелни стихови, можеби тие ќе те насочат кон некои историски детали и кон паралелни извештаи. Можат да ти помогнат да ги сфатиш околностите што воделе до пишување на различните псалми, како и на писмата што ги напишале апостолите на Исус Христос. Insight on the Scriptures (Увид во Писмото) дава богатство поопширни информации за луѓето, местата и особините спомнати во Библијата. Табелите свртуваат внимание кон исполнувањето на библиските пророштва, покажуваат кои цареви и пророци биле современици и даваат приближни датуми за многу библиски настани.

Додека медитираш за она што го учиш, ќе ги разбереш причините зошто се развиле извесни ситуации меѓу Божјиот народ. Исто така, ќе увидиш зошто Јехова постапил со својот народ на одреден начин. Ќе видиш како Јехова ги проценува постапките на некои влади, народи и поединци. Тоа ќе ти даде уште поголем увид во неговото размислување.

Библиската историја ќе ти стане поинтересна кога визуелно ќе си го претставиш регионот во кој се случиле настаните. Картите на библиските земји го откриваат теренот и растојанието меѓу местата. На пример, каде отприлика го преминале Израелците Црвеното Море? Колкава била Ветената земја? До каде пропешачил Исус додека ја извршувал својата земна служба? Какви глетки видел Павле на своите мисионерски патувања? Картите и географските описи пренесуваат детали што ќе го оживеат твоето читање. Каде да најдеш карти од библиските земји? Некои можеш да најдеш во Преводот Нов свет на Светото писмо. Книгите Увид содржат 70 карти, а на крајот од првиот том има индекс на карти. Користи го Watch Tower Publications Index (Индекс на публикации на Watch Tower) за да пронајдеш и други карти. Доколку овие извори не ти се достапни, тогаш користи ги картите издадени во Стражарска кула, кои ќе ти бидат од помош при читањето на Библијата.

Во Хебрејските списи, цар Давид го величал Јехова велејќи: „Колку ми се драгоцени Твоите науми [мисли, NW], Боже, колку е непресметлив нивниот број!“ (Псал. 139:17). Во Христијанските грчки списи, апостол Павле го фалел Јехова бидејќи ,засветлил врз нашите срца за да ги осветли со славното спознание за Бог преку лицето на Христос‘ (2. Кор. 4:6). Меѓу Давид и Павле имало векови временско растојание; но сепак, обајцата уживале во Божјата реч. Можеш и ти да уживаш ако одвоиш време да читаш сѐ што ти дал Јехова на страниците од својата инспирирана Реч.

НАПРАВИ ГО УСПЕШНО СЕКОЈДНЕВНОТО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА

Голем дел од образованието што го нуди Теократската школа за служба се сосредоточува на програмата за читање на Библијата. Те поттикнуваме да учествуваш во неа.

Еден мал дел од Библијата е предвиден за лично читање и за дискусија во школата секоја седмица. Ова постепено ќе те води низ целата Библија.

За да го направиш секојдневното читање на Библијата дел од животот, редовно одвојувај си време за тоа — можеби рано наутро, напладне, кога е време за вечера или, пак, пред да си легнеш. Ако читаш само делчиња од неа во текот на денот кога ќе се згоди да имаш време, тоа нема да гарантира редовност.

Ако си семеен поглавар, покажи личен интерес на тој начин што ќе им помогнеш на членовите на семејството да развијат добра рутина. Читањето на Библијата како семејство може да ги охрабри членовите на семејството да настојуваат секојдневно лично да ја читаат Библијата.

Секојдневното читање на Библијата бара самодисциплина. Ти не си роден со желба за тоа. Треба да ,развиеш копнеж‘ по Божјата реч (1. Петр. 2:2). Додека ја негуваш таа навика, твојот духовен апетит ќе расте. Можеби тогаш ќе сакаш да се прошириш во тој поглед со тоа што ќе преземаш посебни проекти на читање и проучување на Библијата, кои ќе го продлабочат твоето разбирање и ценење на духовното богатство, кое Јехова ни го ставил на располагање.

Кога ја читаш Библијата, одвој си време длабоко да размислуваш за значењето на она што го читаш — што ти кажува тоа за Јехова, како може да има корисно влијание во твојот живот и како можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели