-
„Најди голема радост во Јехова“Стражарска кула 2003 | 1 Декември
-
-
‚Не завидувај‘
3, 4. Како што е запишано во Псалм 37:1, кој совет го дал Давид, и зошто денес е на место да го следиме?
3 Живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ и во кои изобилува злобата. Гледаме како се исполнуваат зборовите на апостол Павле: „Злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо, заведувајќи и бидувајќи заведени“ (2. Тимотеј 3:1, 13). Колку само е лесно да ни влијае привидниот успех и напредок на злобните луѓе! Сето тоа може да ни го одвлече вниманието и да предизвика да се измести фокусот на нашиот духовен вид. Забележи како воведните зборови од 37. Псалм нѐ опоменуваат на оваа потенцијална опасност: „Не се лути на злосторниците, ниту им завиди на оние што прават беззаконие“.
4 Светските медиуми секојдневно нѐ бомбардираат со извештаи за бројни неправди. Нечесните бизнисмени вршат проневери без да бидат казнети. Криминалците ги искористуваат незаштитените. Убијците остануваат неоткриени или се извлекуваат неказнети. Сите вакви примери на искривување на правдата можат да предизвикаат гнев и да ни го нарушат душевниот мир. Привидниот успех на злобните може да предизвика дури и чувство на завист. Но, дали ќе ја подобриме ситуацијата ако се вознемируваме? Дали тоа што завидуваме на привидните предности што ги имаат злобните го менува она што ќе се случи со нив? Воопшто не! Исто така, воопшто нема потреба ‚да се лутиме‘. Зошто?
-
-
„Најди голема радост во Јехова“Стражарска кула 2003 | 1 Декември
-
-
6. Каква поука можеме да извлечеме од Псалм 37:1, 2?
6 Според тоа, дали треба да дозволиме да нѐ вознемирува краткотрајниот напредок на злобните? Еве ја поуката од првите два стиха од 37. Псалм: Не дозволувај нивниот успех да те наведе да отстапиш од правецот што си го избрал, имено, да му служиш на Јехова. Наместо тоа, задржи ги во фокусот духовните благослови и цели (Пословици 23:17).
-